Парасоцијални врски: колку се слични со реалните интерперсонални врски?
„Ј ас сум во врска со фиктивен лик “ Дали некогаш си се двоумел што би правел лик од филм, славна личност или телевизиска личност во одредена ситуација, дури и кога не ги гледаш на телевизија? Дали си се почувствувал близок со лик или славна личност иако никогаш не си ги запознал во живо? Доколку си почувствувал нешто од ова, си имал парасоцијална интеракција, и најверојатно врска со таа личност. Парасоцијалните врски се модерен проблем кој се значително се зголемува со развиток на технологијата. За да можи да се зборува нахнадно на оваа тема, мора прво да се разбери, што е парасоцијална врска? Парасоцијална врска (PSR) е едно- насочна врска која ја доживува еден човек, кој доаѓа како резултат со „ интеракција “ со некоја личност на интернет или телевизор. Најчесто оваа врска е меѓу познати личности кои ги обожуваат, но многу се зголемува со подемот на Јутубери кои на еден начин се обраќаат кон својата публиката и имаат одредена врска со нив и комуникација, но не доволна за ...