Парасоцијални врски: колку се слични со реалните интерперсонални врски?

 „Јас сум во врска со фиктивен лик“ 

Дали некогаш си се двоумел што би правел лик од филм, славна личност или телевизиска личност во одредена ситуација, дури и кога не ги гледаш на телевизија? Дали си се почувствувал близок со лик или славна личност иако никогаш не си ги запознал во живо? Доколку си почувствувал нешто од ова, си имал парасоцијална интеракција, и најверојатно врска со таа личност.

Парасоцијалните врски се модерен проблем кој се значително се зголемува со развиток на технологијата. За да можи да се зборува нахнадно на оваа тема, мора прво да се разбери, што е парасоцијална врска? Парасоцијална врска (PSR) е едно- насочна врска која ја доживува еден човек, кој доаѓа како резултат со „интеракција“ со некоја личност на интернет или телевизор. Најчесто оваа врска е меѓу познати личности кои ги обожуваат, но многу се зголемува со подемот на Јутубери кои на еден начин се обраќаат кон својата публиката и имаат одредена врска со нив и комуникација, но не доволна за да би се нарекла пријателство, иако тој е на примачкиот крај од оваа врска доживува како да е во пријателска ( и доста често) романтична врска. Меѓудругото, просечен јутубер е во исто време и просечен човек кој можеш да го сретнеш на улица, многу пореална личност од луѓе кои се прославени со филмови, серии и слично. 

Од кога доаѓа овој термин?

Во парасоцијалната врска имаш индивидуа А која зборува на поширока публика без да гледа поединци во таа публика, и дел од таа публика која доживува пријател во првата личност, односно личност Б. Првата личност (А) не е ни свесна за постоењето на втората личност (Б), но втората личност чувствува како да е близок со првата личност, притоа знајеќи многу детали од неговиот приватен живот што носи до чувство на интимност. 

Иако денес овој вид врски се асоцира со подем на технологија, а уште повеќе со самото постоење на јавни фаци како инфлуенсери и јутубери, овој термин се среќава многу порано. Впрочем, не значи дека неговото постоење мора да биди на овој принцип. Прв пат е споменат од страна на Доналт Хортон и Р. Ричард Вохл во 1956 година, фокусирајќи се на психолошкото поврзување со телевизиските личности. За да можи да дојди до парасоцијална врска, мора прво да постои парасоцијална интеракција, па по низа парасоцијални интеракции, поединецот се чувстува близок, интимен со личноста која ја гледа за да би се рекло дека се ова преминува во парасоцијална врска. 

Фасцинација со познати личности

Парасоцијалните врски се најчести со познати личности, организации ( пример, спортски клубови и играчи) и телевизиски ѕвезди. Парасоцијалните врски се еднонасочни, каде еден човек вложува емоционална енергија, интерес и време, а другата страна, личноста, е целосно во темница и не знае за постоењето на другата личност. За некои овој вид на еднонасочна врска е олеснување од реалните врски. Парасоцијалните врски се така направени да изгледаат како лице- во- лице врски. 

Но, во минатото ваквите врски беа пред се со телевизиски личности, затоа што повторно и повторно се навраќа индивидуата кон таа личност и развива врска и интимност. Денес, тие врски може да бидат многу попристапни, на блог, на социјални мрежи, во игри. Исто така природата и интимноста на парасоцијалните врски е доста созреана. Ријалити телевизијата дозволува луѓето да ги доживеат најинтимните и лични животи на телевизиските ѕвезди и познати личности кои отворено зборуваат за своите ставови и активности преку социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук. 

Интернетот ни дозволува 24 часовен пристап до корисниците на социјални мрежи, и зголемена зависност кон социјални мрежи и интернет можи да доведи до зголемување на парасоцијални интеракции. Иако парасоцијалните врски се сеуште само во една насока, тие се трансформираат во повеќе интерактивни средини, кои дозволуваат индивидуите да комуницираат со личностите со кои имаат парасоцијална интеракција, со тоа се зголемува и интимноста и силата на парасоцијалната врска. 

Во истражување ( 5ти линк во референци) се увиделе резултати за фиктивни и реални ликови кои се гледаат на телевизија. Резултатите укажуваат дека луѓето биле повеќе посетени на нивните парасоцијални врски кога: 
  1. Тие почувствувале задоволство гледајќи ја фигурата;
  2. Почувствувале посветеност при гледање на фигурата; и
  3. Немале подобра алтернатива. 
Истражувачите користеле скала оргинално направена за мерење на интерперсонални врски за да мерат посветеност на парасоцијални врски, демонстрирајќи дека скалите за мерење на интерперсонални врски можи успешно да се користат при парасцоијалните врски. 

Дали социјалните мрежи зависат од постоењето на парасоцијални врски? 

Идеата за парасоцијални врски можи да е необична, но е важно да се знае дека е доста застапена кај луѓе кои се активни на социјални мрежи или се конзумери, и дека е сосема нормално, па дури и психолошки здраво. Луѓето се „направени“ да создаваат социјални врски. Медиумите не постоеле при најголемиот дел од човековото постоење, па кога конзумерите се презентирани со личност преку видео или аудио, нивните мозоци реагираат како да комуницираат во вистинска, реална, ситуација. Ова не значи дека се верува дека интеракцијата е вистинска, туку е илузија. 

Парасоцијална врска имаме видено и на филмското платно, во филмот Џокер, каде главниот лик Артур Флек, фантазира како телевизиска личност е негов татко.

Нов увид во ситуацијата е дека парасоцијалните врски се водилки во светот на подкасти и други видови на социјални содржини. Ова е доста важно бидејќи не треба да постои славна личност од Холивуд за да постои интимна фан врска, туку се зема реална личност со која е многу полесно да се површи и ни е сервирана во секојдневието. Од тука, парасоцијалните врски се важни за идниот развој на социјалните мрежи. 

Дали парасоцијалните врски влијаат на тоа како оформуваме врски во реалниот живот и дали имаат огромно влијание на идниот социјален живот? 

Иако природата на парасоцијалните врски е само во една насока, има многу сличности меѓу парасоцијалните врски и вистинските, традиционални социјални врски. Парасоцијалните врски се волонтерски, придонесуваат до имање чувство на интимност со одредена личност и се предводени од социјална привлечност. Понатаму, гледачите чувстуваат конекција со останатите корисници и имаат чувства на атракција, среќа, припаѓање, поткрепување и лојалност кон тие слични на него. 

Исто како и во реалните врски, така и во парасоцијалните мора да се одржува таа врска. Ако реалните врски се собираме за кафе, пиво, можеби и за гледање филм и слично, барем на неделно ниво, во парасоцијалните врски ова се одвива со проверување на личноста со која сме во парасоцијална врска: нов твит, нова песна или нова епизода од ријалити телевизија каде што таа личност е учесник. Социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук, Јутуб и Блогер многу олеснуваат во развојот на ваквите врски, и ваквите врски се доста познати во овие кругови. Како причина зошто ваквите врски се многу познати можи исто да се стави, покрај тоа дека ја „познаваме“ личноста, е и перцепцијата дека при парасоцијална интеракција има многу висока награда, но во исто време нема шанса за одбивање. 

Во минатото се сметало дека парасоцијалните врски настануваат кај личности кои се осамени, изолирани и кои имаат социјални анксиозности и се сметало за патологија. Денес, се смета дека нема корелација со осаменоста. Понатаму одредени клиничари сметаат дека ваквите врски дури и можат да прошират социјален круг на одредена личност, а не да ограничат. Тоа е така поради самото припаѓање на некоја група „фанови“ насочени кон иста персона. 

Преќин на парасоцијалната врска

Истражување ( 6ти линк во референци) направено во 2006 укажува дека учесниците во парасоцијални врски можи да доживеат преќин на парасоцијалната врска. Ова се случува ради низа причини, но најчесто преќинот на парасоцијална врска е кога доаѓа до преќин на конзумерството на содржина каде таа личност е инволвирана. Дали тоа било кога лик заминува од серија, или пак одредена серија/ филм е преќината, или пак кога учесникот во парасоцијалната врска решава веќе да не чита за таа одредена личност. Во истражувањето се увидело дека колку посилна и поинтензивна е врската на гледачите со ликовите, поголемо е разочарувањето и тагата при преќин. Конкретно истражувањето се одвива кога заврши серијата Friends ( Пријатели), каде фановите имаа покажано шеми на однесување слични и скоро исти како кај луѓе кои имаат загубено реална врска, иако емоциите не биле толку интензивни. 

Заклучок

Индивидуи во парасоцијални врски често укажуваат на благодарност кон нивната омилена личноста за тоа што им помогнала да се справат во тешко време. Додатно на ова, одредени индивидуи ги гледаат ваквите личности како помош, но и како личности кои им помогнале да си го оформат својот идентитет. 


Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука


Користена литература

  1. https://www.findapsychologist.org/parasocial-relationships-the-nature-of-celebrity-fascinations/
  2. https://www.researchgate.net/publication/267374790_Forming_Parasocial_Relationships_in_Online_Communities
  3. https://www.researchgate.net/publication/263088893_Parasocial_relationships
  4. https://doi.org/10.1080/08838158709386664
  5. http://dx.doi.org/10.1037/a0030938
  6. https://doi.org/10.1207/s15506878jobem5003_9
  7. https://www.thoughtco.com/parasocial-relationships-4174479
  8. https://businessesgrow.com/2019/12/12/parasocial-relationships/
  • https://www.youtube.com/watch?v=22yoaiLYb7M
  • https://www.youtube.com/watch?v=NC_oiNjpzYE

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита