Зошто сакаме да се плашиме? Halloween, страшни приказни, хорор филмови и опседнати места.

 „Чудовиштата се вистински, и духовите се исто така вистински. Тие живеат во нас и некогаш, тие победуваат.“ - Stephen King, ''The Shining''

 Може јасно да се увиди дека голем дел од луѓето имаат афинитет кон содржина која се карактеризира како страшна, грозна и генерално содржина која те држи на врв од столицата. Но, голем број луѓе во сосем истите ситуации реагираат сосем спротивно. На што се должи ова? Зошто одредени луѓе сакаат да бидат уплашени и која е психологијата зад тоа?

Зошто луѓето сакаат да се плашат?

Иако овој текст ќе се концентрира повеќе тематски на самиот месец Октомври и денот на вештерката, не значи дека луѓето сакаат да бидат плашени само пред екран, или на оспеднати места. Тука спаѓаат и екстремни спортови, за кои ќе зборуваме некој нареден пат подетално, но и други побезбедни активности кои ни го креваат адреналинот како рингишпил, „луда железница“ или Ролеркостер и слично. 

Кога си во потенцијално опасна ситуација, но нема реална опасност и ти тоа го знаеш, но твоето тело не го знае има обид да се сврти вниманието од страв во забава. Она што се чувствува е: силно биење на срцето, тешко дишење, ладна пот, „пеперутки“ во стомак и слично. Ова не се пријатни искуства и сите сакаме да ги избегнеме и се искуства кои најчесто се асоцираат со чувство на страв. 

  • Fight, flight and freeze
Начинот на кој реагираме на некоја стресна ситуација можи да се подели на 3 основни реакции: борба ( fight), бегање ( flight) и смрзнување или недостаток на реакција ( freeze). Нашето тело реагира на одреден начин во такви ситуации. Мозокот знае брзо да увиди дали некоја ситуација е опасна, или не, но потребно е време додека таа информација ја обработиме и сфатиме за да почниме да реагираме соодветно. 

Ова е тесно поврзано со потребата да се чувствува поединецот безбедно. Иако ќе увидиме дека не сме во опасност, чувството на страв останува. Ова овозможува да сме посилни и побрзи, како што опишува социологот Мари Кер PhD. 
  • Еуфорија
Кога се плашиме, чувстуваме зголемен адреналин, и се ослободува допамин. Овој „микс“ доведува до чувство кое е многу пријатно, еуфорично. И штом ќе сфатиме дека не сме во опасност, се препуштаме на ваквото чувство да не води. 
  • Темперамент
Различни луѓе реагираат различно на иста ситуација. Луѓе кои сакаат предизвик и кои сметаат дека стравот е возудлив се склони повеќе да се носат себеси во такви ситуации и да „бркаат“ адреналин. Спротивно од ова, луѓе кои не сакаат да се конфронтираат и кои не сакаат предизвик и кои на стравот гледаат како на нешто лошо, имаат помали шанси да уживаат во хорор филмови и акивности како опседнати места. 

  • Задоволство
Постои големо задоволство доколку се „преживее“ низ хорор филм или пак опседната куќа и активност која е безбедна, но сепак првично сме ја перцепирале како страшна. Но, исто така, према д-р. Katerine Brownlowe, асистент професор на одделот за неурологија и психијатрија при Универзитетот Охајо за Медицина, луѓе со анксиозност имаат тенденција да гледаат повеќе хорор филмови затоа што самото искуство дур гледаме хорор филм е мозокот да се смири сам и да ја перцепира ситуацијата пореално и да сфати дека не е опасност. Но, исто така е добро чувство кога некоја ситуација која сме ја перцепирале како лоша и опасна, да испадни да е океј. 
  • Љубопитност
Луѓето по природа сме љубопитни. И многу често сме љубопитни за „темната страна“. Најголем страв кај просечен човек е стравот од непознатото, дали било тоа „што би било, ако би било“ ситуација, или исход од некоја активност, но и страв од смрт и опасност. 

Друг начин да се гледа оваа точка е низ призмата на танатос према Фројд, односно двигател кон смртта како можно објаснување зошто толку голем број на луѓе се ставаат во потенцијално опасни ситуации и не само тоа, но и уживаат во тоа. Према Фројд, луѓето имаат тенденција да земат учество во потенцијално опасни ситуации, или пак ситуации кои се деструктивни за индивидуата поради инстиктот за смрт. Се разбира, нема многу информации и докази за ова. 

Но, тоа не е се, во поглед зошто луѓето се заинтересирани за страшни приказни, хорор филмови и опседнати места и општо интерес за нешто мистично, непознато и страшно. Голем дел се заинтересирани од чист културолошки аспект. 

  • Постојат животни лекции и народни поговорки во страшни приказни, особено приказни кои се дел од фолклорот
Према Ток Томсон, професор по антропологија и комуникација при USC Dornsife, кој е исто така експерт на фолклор, зборува дека приказни кои имаат за цел да го заплашат човекот, во раните општества биле начин да се учат децата за природните предатори како мечки и волци. Но, како што луѓето почнаа да расгрануваат значење меѓу живот и смрт, нивните приказни почнаа да рефлектираат критика кон себе и борбата со внатрешните демони. 

Томсон вели дека чудовиштата се дел од нас, и тоа доста опасен дел од нас. Исто така вели дека е добро да се препознаат и да се плашиме од тие лоши делови од нас како начин за да научиме нешто и да извлечиме поука. 
  • Страшните приказни рефлектираат скриени демони на една култура
Слично на претходната точка, секоја култура има свои добри и лоши страни и какви приказни нуди некое општество и култура зборува доста за неговата историја и развој. Работи кои некое општество ги правело во минатото, во метафора останува до денес како потсетник на тоа што се случувало. 

Дали хорор филмовите може да имаат бенифит кон менталното здравје? 

Нешто што можи да се увиди од точките зошто луѓето уживаат во хорор филмови, можи во исто време и да се издвојат неколку работи кои би биле корисни по менталното здравје. Се разбира, ова варира од индивидуа до индивидуа.
  • Влијаат на самодовербата
Ситуација која претходно сме ја перцепирале како опасна, иако не била, се здобиваме со чувство на постигнување и успех. Сите сакаме да сме успешни и да имаме различни постигнувања зад нас. Постигнувањата наши влијаат на нивото на самодоверба. 
  • Добро расположение
Во првата точка видовме дека при опасна ситуација телото веднаш реагира и носи до чувство на еуфорија. Штом се установи дека не постои опасност, чувството на страв останува, пропратно и возбудата и еуфоријата. 
  • Помагаат при анксиозност
Гледаме потенцијално опасна ситуација, и мозокот сам се смирува и сфаќа дека ситуацијата не е опасна и почнува да ја перцепира како позитивна. Исто така, помага дека тоа што се случува на филмот, не ни се случува нас лично и со самото чувство на возбуда и еуфорија, кое е зборано претходно, се постигнува чувство на релаксација кое можеби анксиозна индивидуа да го нема почувствувано одамна.

Заклучок

Типот на филмови кои избираме да ги гледаме зависат од човек до човек. Но, хорор филмовите се поврзани подлабоко со нашата личност, од тоа да е само избор. Хорор филмовите се тесно поврзани со бркање на адреналин и изложување себеси на потенцијално опасни ситуации или пак ситуации кои знаеме дека не се опасност, но телото можи да ги перцепира како такви. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука

Референци:

  1. https://www.psychologytoday.com/us/blog/thoughts-thinking/201810/5-reasons-we-enjoy-being-scared
  2. https://www.insider.com/why-people-love-to-be-scared-2018-4#your-brain-knows-youre-safe-1
  3. https://www.bustle.com/p/why-horror-movies-can-feel-comforting-according-to-experts-18814314
  4. https://news.usc.edu/151096/why-do-we-like-to-be-scared-usc-experts-explain-the-science-of-fright/
  5. https://www.wellandgood.com/why-do-people-like-horror-movies-mental-health/
  • https://www.youtube.com/watch?v=sWUlp0j-kGk
  • https://www.youtube.com/watch?v=oetVvR5RQUs

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита