Зошто луѓето се екстремизираат: политички екстремизам и влијание на социјалните мрежи врз градењето ставови на популацијата ( слобода на говор)

 Ако не веруваме во слобода на говор за тие кои не ни се допаѓаат, тогаш не веруваме во тоа воопшто“ - Noam Chomsky

Овој текст ќе биди голем микс за слобода на говор и колку „далеку“ е доволно „далеку“ во полед социјална експресија. Без разлика дали се работи за политичка експресија или не, можи да се увиди екстермизам во ставови кај голем број на луѓе, или барем во најгласните луѓе во онлајн светот. Не е спорно дека секогаш имало екстермизам по ставови, но која е причината за негово постоење денес? Во претходни текстови ( Kултура на исклучување, слобода на изразување и идеали со потенцијал да прераснат во опасност) увидовме дека луѓето имаат тенденција да се групираат со луѓе со кои имаат исти или слични ставови, и со избегнување на разговор и дискусија со неистомисленици се продлабочуваат повеќе во своите ставови. Тоа можи да се увиди и во минатото кога се немало голем избор на не- исто мисленици и укажување на непопуларен став можи да значи да бидат социјално изолирани. Исто така ова е десно поврзано со културата на исклучување, која се однесува на популарна практика да се повлечи поддршка на јавна личност и/ли компании откако ќе речат или направат нешто кое се смета за несфатливо и навредливо. Најчесто се одвива на социјалните медиуми. Следно, дали слободата на говор вклучува навредливо однесување и како да се постигни општество кое ќе се почитува и толерира, без да се наруши слободата на говор на индивидуите? 

Што значи слобода на говор и зошто е важна? 

Слобода на говор значи моќта една индивидуа да се изрази себеси и своите мислења без цензура, задршка или легална казна. Тој е принципот кој поддржува слобода индивидуата да можи да артикулира идеи и мислења без страв. Слободата на говор вклучува можноста да се одбие да се зборува, да се користат навредливи зборови и фрази за да се искажи политичка порака, да се вклучени во симболични зборови и слично, додека истата слобода на говор не вклучува активности кои би повредиле некој друг. Но, од тука, мора да се знае, зошто слободата на говор е важна? Исто така, дали можи да биди лимитирана? Која е цената на заштита на непопуларни мислења? 

Иако имаме слободна експресија на говор, тука можи да постојат и одредени рестрикции врз ова право. Тука имаме и одговорност да се однесуваме совесно и да ги почитуваме правата на другите луѓе. Одреден авторитет, на пример полиција, имаат право да ви ја ограничат слободната експресија на говор, на пример доколку искажите мислење кои ќе охрабри расна, национална или религиозна омраза или пак повикува на насилство. Ова е особено важно за новинари затоа што е важно критиката кон власта да биди објективна, но сепак мора да има одредени рестрикции, како правото да се почитува приватниот живот на луѓето за кои пишуваат. 

Но, зошто слободата на говор е толку важна?

Слободата на експресија е основа за многу други права - многу од правата кои ги имаме се засноваат на слободата на експресија и почитување на другиот без да му се одземаат права. Сепак, слободата на експресија не поддржува и заштитува говор на омраза и повикување на насилство. Слободата на експресија вклучува се од сатира до политички разговори во нашите домови. Слободата не експресија е човеково право. 

Слободни медиуми - телевизијата, весниците и другите медиуми имаат големо влијание врз општото мислење. Од тука е доста важно медиумите да бидат слободни и објективни за информациите кои стигаат до населението да се точни и да оставаат можност на луѓето сами да носат одлуки за себе. Целта е да ги информираат луѓето, а не да ги насочуваа субјективно кон одредено мислење. Кога се почитува слободна експресија на говор, медиумите ќе можат слободно да пишуваат за политика, економија и социјални настани како што се случуваат.

Наоѓање на вистината - не можи секој да мисли исто, но вистината често пати е една и иста и новинарите имаат за задача да ги бараат одговорите на тешките прашања, да зборуваат за неконзистентности и да презентираат точни информации. На тој начин презентирани информации имаат голем ефект врз јавното мислење. 

Слободата на изразување и експресија дава платформа за други човекови права - многу често се одвива насилство врз одредени луѓе, но ако никој тоа не го слушни за да стигни до повисоки уши - нема да се направи промена. Дали било тоа насилство врз одредена етничка заедница или пак припадници на LGBTQ+ заедница, независно, со слобода на експресија, и преку медиумите можи да се крева свесност за одредени важни прашања и за подобро општество. Ова и доведува до тоа маргинализираните групи да бидат слушнати.

Слободата на изразување ги заштитува и уметниците, вклучително комедија, филм - многу често креативноста не носи во различни правци. За да развиеме идеи кои ни помагаат подобро да го разбериме нашето минато, сегашност и иднина, доста е важно како индивидуи, групи и институции да имаме напредни мислења, концепти и теории без страв од казна. 

Дали слободната експресија на говор можи да донеси до омраза и екстермизам? Како влијаат социјалните мрежи врз тоа? 

Интернационалната конференција на UNESCO под наслов „Youth and the Internet: Fighting Radicalization and Extremism'' одржана на 16 и 17 Јуни зборува за злоупотреба на слобода на говор, односно говор на омраза. Работите кои биле споменати биле политичката радикализација, ИСИС и влијанието на интернетот врз таа радикализација. Но, зошто луѓето одат во екстреми? Не само во поглед политика, туку и во секојдневниот живот, зошто е тешко да се балансира? 

Постојат норми по кои се движиме и кои полека се поставуваат и заменуваат со нови во општеството. Но, доколку сакаме некоја норма да се замени побрзо од процесот кој е потребен да се замени природно ( дискутирано во текстот за психологија на толпа), тогаш мора да се направи пресврт во сосем другиот екстрем за да можи да се најди компромис и баланс. Во тој текст е дискутирано дека сликите имаат поголем ефект врз човековата психа и функционирањето на толпата. Како такви, се поставуваат социјални норми и правила кои се општо прифатени. Тие се општо прифатени затоа што од идеа, преминале во емоција и како таква ефектот врз емоционалниот живот на луѓето е многу поголем. Некогаш е тешко да се сфати зошто нешто застапуваме, но знаеме дека со цело срце седиме зад некоја идеологија. За идеата да прерасни во емоција, е долг процес. Но, и за таа емоција да се предизвика и промени, е подеднакво долг процес. Доколку процесот на промена е краток, тогаш повторно мнозинството ќе се врати идеолошки кон претходниот став. 

Од тука можи да се размисли вака: за да идеата на новата идеологија или социјална норма прерасни во чувство мора да се мотивираат луѓето со пренагласени карактеристики на таа идеологија и да одат во одреден екстрем затоа што се игра на карта на чувства, за покасно, одредена секција од тие луѓе да останат во тој екстрем, додека повеќето успеваат да излезат од тој екстрем со тоа што наоѓаат некој баланс меѓу двете идеологии кој е опстојлив. 

Заклучок

Од тука можи да се заклучи дека слободата на изразување и говор е клучна за слободно, демократско општество и многу закони и привилегии кои ги имаме доаѓаат баш од таму. Тие даваат и глас на без гласните. Екстремизмот во ставови најчесто е предводено од силни чувства на толпа, во кои се претопува една идеја за да би се засилила и добила на следбеници. Доколку нешто нема пренагласени карактеристики, многу е потешко идеата да премини во емоција. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука

Користена литература:

  1. https://www.uscourts.gov/about-federal-courts/educational-resources/about-educational-outreach/activity-resources/what-does
  2. https://www.equalityhumanrights.com/en/human-rights-act/article-10-freedom-expression
  3. https://10years.mediadefence.org/10-reasons-freedom-of-expression/
  4. https://www.un.org/en/universal-declaration-human-rights/
  5. https://www.pravdiko.mk/sloboda-na-izrazuvane-i-govor-na-omraza/
  6. https://en.unesco.org/news/free-expression-can-counter-hatred-and-extremism
  7. https://www.scientificamerican.com/article/carried-to-extremes/
  • https://www.youtube.com/watch?v=79MTkVumCcQ
  • https://www.youtube.com/watch?v=uX-AOi8kp2U

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита