Како да се мотивираш и да останиш мотивиран?
Ова не е прв пат да зборуваме за мотивација тука, впрочем имаме зборувано во повеќе наврати, но обично тоа било во контекст на друг текст. Иако мотивацијата била основа на тие текстови, не беше „ѕвездата“. И сега сакам да направам да биди ѕвездата. Во текстот за важноста на мотивацијата за ефективно учење, чинам најдолго зборувавме за зошто е важна мотивацијата и од таму, да сфатиме како функционира мотивацијата за да можиме да ја искористиме максимално во наша полза. Краток осврт на тој текст, што предизвикува мотивација? Социјални конструкти и надворешни настани имаат улога на претходници на мотивација кои ја предизвикуваат истата. Други мотиви можи да се изразат преку однесување, психофизиологија и слично. Во прилог, ќе преведам моделот на мотивација према Keeve, 2015, кој илустрира како мотивациските психолози ги изучуваат елементите кои предизвикуваат мотивација. Ретко нашата мотивација иди од едно место, туку е микс од повеќе фактори. Нашите психолошки и физиолошки пот...