Како да се мотивираш и да останиш мотивиран?

Ова не е прв пат да зборуваме за мотивација тука, впрочем имаме зборувано во повеќе наврати, но обично тоа било во контекст на друг текст. Иако мотивацијата била основа на тие текстови, не беше „ѕвездата“. И сега сакам да направам да биди ѕвездата. Во текстот за важноста на мотивацијата за ефективно учење, чинам најдолго зборувавме за зошто е важна мотивацијата и од таму, да сфатиме како функционира мотивацијата за да можиме да ја искористиме максимално во наша полза. 

Краток осврт на тој текст, што предизвикува мотивација? Социјални конструкти и надворешни настани имаат улога на претходници на мотивација кои ја предизвикуваат истата. Други мотиви можи да се изразат преку однесување, психофизиологија и слично. Во прилог, ќе преведам моделот на мотивација према Keeve, 2015, кој илустрира како мотивациските психолози ги изучуваат елементите кои предизвикуваат мотивација. 




Ретко нашата мотивација иди од едно место, туку е микс од повеќе фактори. Нашите психолошки и физиолошки потреби не водат, нашата когниција не насочува и емоциите ни даваат интензиет и енергија за да ги исполниме целите. Кога постои комбинација на внатрешни и надворешни фактори, имаме плода мотивациска почва која може да се обработи.

И штом го извадивме ова од патот, можеме да преминеме на повеќе „свеж“ материјал. Па сега ќе одиме со ред, за почеток ќе го продлаболиме прашањето „што прави мотивацијата да функционира“ и можеби поважно, „како воопшто доаѓа до мотивација“, зошто мора да ја имаме ако сакаме да ја задржиме. Па, и ако знаеме како функционира, би можеле да ја стимулираме. Додека бараме најназад што можи, од каде почнува мотивацијата, ќе го погледнеме мозокот каде невротрансмитерите „светнуваат“ при хемиски пораки кои не одржуваат свежи, врз работата. Невротрансмитерите носат хемиски пораки кои играат улога во мозокот и кои имаат влијание врз целото тело. Еден невротрансмитер има огромна улога во однос на мотивацијата, а тоа е допаминот. Допаминот е хемиски сигнал кој се испраќа од еден неврон во друг, а меѓу тие два неврони, допаминот стапува во интеракција со различни рецептори внатре во синапсата. Ова станува уште покомплицирано кога се случува на ниво на целиот мозок. 



Но, кога зборуваме за мотивацијата специфично, има голема врска кој пат допаминот го „фаќа“. Мезолимбичниот пат, кој доаѓа од средината на мозокот и се разгранува до различни места како церебралниот кортекс, е најважниот пат за награда во мозокот. Едно од застанувањата на мезолимбикот е јадрото акумбенс. Кога има зголемено количество допамин во акумбенс јадрото, тоа предизвикува повратни информации за предвидување награди. Во суштина, вашиот мозок препознава дека нешто важно ќе се случи, па допаминот влегува во него. 

Иако разбираме како се мотивираме, нас ни треба нешто поконкретно. Па ќе седниме и ќе напишиме на гугл „како да се мотивирам“ па ќе ни излезат милиони текстови со „10 чекори за мотивирање“ или „13 работи кои СИГУРНО ќе те мотивираат“, но ни еден ваков текст не зема во предвид разликите кои ги имаме како индивидуи. Затоа ние денес се обидуваме да сфатиме некоја елементарна вистина за мотивацијата, за да можеме да ја прилагодиме на нашите индивидуални потреби. Затоа сега ќе разгледаме четирите видови на мотивација подетално, према Assor, A. and Maarten Vansteenkiste (2009). 

Мотивацијата можи да биде внатрешна или надворешна, како и предводена од акција или не предводена од акција. 
  • Надворешна мотивација - претставува надворешното влијание кое ги насочува луѓето да се однесуваат на специфичен начин за да исполнат одредена цел или задача. Надворешни влијанија вклучуваат - награди, промоција, парични награди и слично. Како негативна страна на овој вид мотивација е дека не можи да се одржува постојано. Доколку константно се аплицира, се гледа како дел од напорот, а не како награда за напорот. Постоење на награда е дел од критериумот за исполнување на задачи, а не независен од него. 
  • Внатрешна мотивација - се однесува на мотивацијата која доаѓа од внатре, која најчесто е субјективно верување. Овој вид на мотивација дава награда која не вреднува на друго ниво како на пример „добра работа“, „работник на месецот“ и слично. 
  • Интроектирана мотивација - е интернализирана мотивација, но е форма на мотивација каде чувстуваме притисок да исполниме нешто за да добиеме вреднување од индивидуи кои ни се важни или се во авторитетна позиција. Оваа мотивација можи да има две форми: интроектиран пристап и интроектирано избегнување. И двете делби немаат доволно контрола. Првата форма се однесува на мотивацијата која е тесно поврзана со мислењето и значењето на себе и нашиот перформанс. Втората форма се однесува на мотивација која се обидува да заштити значењето на индивидуата и да ја заштити од негативни чувства и неуспеси. 
  • Идентификувана мотивација - се однесува на форма на мотивација која се пројавува како разбирање или чувство кое мора да се заврши. Ова е доста моќна форма на мотивација на која човекот реагира. Многу луѓе веруваат дека бихевиоралните влијанија како награда и казна се доволни за мотивација, но многу често мотивацијата е градечки процес. 
И откако се ова го „извадивме од патот“, можеме да преминеме на нашето следно прашање: еднаш од кога ќе се мотивираме „што не одржува мотивирани“?

Има три стимулирачки фактори кои треба да се земат во предвид кога зборуваме за одржување на мотивацијата: асоцијации, систем на верување и баланс на живот. Тие силни стимулирачки фактори се со нас дури и во лоши денови и ни влијаат, како и ни даваат потребното туркање во добри денови. А сега ќе ги разгледаме малку подетално. 

  • Фактор 1 - асоцијации. Тука разгледуваме што правиме во еден ден, со кој се дружиме, правиме како листа кога сме најпродуктивни и после ги спојуваме останатите точки. Со кој најчесто го врвиме времето е доста важен аспект кој многу влијае на квалитетот на нашиот живот. Дали луѓето кои те опкружуваат ти влијаат позитивно, дали те охрабруваат или ги прифаќаат немотивирачките „шеми“ на однесување и се поддржувате во тоа? 
  • Фактор 2 - систем на верување. Системот на верување е еден од најсилните мотивациски фактори. Кога во нешто многу веруваш - не можиш да се откажиш од него затоа што те мотивира и те држи заинтересиран. Ова е точно за било кој аспект, па дури и верувањето влијае на волјата и мотивацијата па дури и на физичкото здравје под директна поврзаност ( многу полезен ефект има при лечење на пациент ако тој верува во ефикасноста на третманот, наспроти ако не верува во ефикасноста на третманот). 
  • Фактор 3 - баланс на живот. Многу често ни е тешко да се мотивираме па правиме се сем тоа што треба и не балансираме доволно. Или пак целосно се опседнуваме со нашиот интерес или обврска, и повторно, запоставуваме друг аспект од животот, на кој покасно ќе мораме да надохнадеме ( и тука повторно одиме во круг, кога активно надохднадуваме еден аспект, игнорираме друг, се вртиме во круг каде во едно време можеме да имаме само еден интерес иако го немаме тој „луксуз“).

Покрај ова, ќе се навратеме на тоа како настанува мотивацијата и воведот со допаминот и неговиот пат и врзување. Значи, мотивацијата настанува кога допаминот се крева затоа што очекува дека нешто важно ќе се случи. Мозокот е учен да се храни со ваквите изливи на допамин и да ги пецепира како наградни искуства. Како се постигнува „течење“ на допаминот непречено, што е во корист на мозокот и креирање на мотивацијата? 

  • Запишувајте мали успеси на мала ту ду листа која е реална, која лесно се исполнува, но во исто време е продуктивна и кога би ја исполниле би ни дала буст на допамин кој само повеќе ќе ни ја зголеми мотивацијата и продуктивноста. 
  • Сподели ги своите резултати со тимот. Комуникација за своите резултати, безразлика дали се позитивни или негативни, значи дека и други ќе ја видат и уважат твојата работа, добивајќи позитивен фидбек.
  • Имај „рокови“. И претходно сме зборувале ( линкови во „текстови кои се значајни и поврзани“) за прокастинација и користењето на рокови за зголемување на продуктивност. Често, кога времето не притиска, сме најпродуктивни за да го „фатиме“ тој рок. Помести го рокот порано. Подели ја задачата на повеќе делови, со повеќе помали рокови. 
  • Фокусирај се на тоа колку е убаво чувството кога проектот е комплетен. 
  • Како екстра „додаток“ можи и да се користи и т.н. ''power nap'' каде спиеме 10-30 минути ( идеално 10 активно спиење) како оптимална должина, после што се будиме продуктивни и енергични, што нахнадно можи да ја зголеми мотивацијата. 
Разгледавме како доаѓа до мотивација, како се одржува, како се „турка“ на ново ниво, но е доста важно да можеме да ги препознаеме знаците на демотивација и како да се справиме со неа па сега во уште еден дел ќе одговориме на прашањата: „како да препознаеме знаци на демотивација“ и „како да се справиме доколку сме демотивирани“. 

Можеме да се демотивираме ради низа причини како што се: досада, недостаток на самодоверба и доверба во другите, нестабилно работно место и генерална околина, чувство дека не си доволно почитуван и слично. И кога ова трае подолго време доаѓа до низа однесувања кои можеме да ги препознаеме и окарактеризираме како знаци на демотивација. Тоа се: 

  • Промена на расположение, одбивање да се обавува обврската ( ако е демотивација на работно место, се касни, доколку е демотивација на училиште, се одлага материјал за учење, се избегнуваат домашни, можеби дури и бегање од часови), губење фокус, негативни и несоодветни кометнари, недоволна вкученост во активности, правење само „минимум“ и ништо повеќе и слично. 

Кои работи можеме да се обидеме да ги направиме како начин за справување со демотивација? 

  • Постави цел, менувај го фокусот на што мислиш, прави поразлични избори кога е можно, не се плаши од грешките, научи нешто ново секој ден и прифати кога нешто не знај, никој не знај се. Покрај тоа инвестирање во различни хобиња се наоѓа како дста полезно, како техника на себе откривање. Повремени награди исто така доста често помагаат како и, помагање на други луѓе со слични и исти проблеми. 

И за крај сакам да ви предложам материјал за гледање, едно јутуб видео и еден подкаст.






Текстови кои се значајни и поврзани:
  • https://socialetiquettemk.blogspot.com/2022/01/ispolnuvanje-celi.html
  • https://socialetiquettemk.blogspot.com/2021/07/ucenje-vaznost-na-motivacija.html

Прочитај повеќе:
  • https://vincenttriola.com/blogs/ten-years-of-academic-writing/the-four-forms-of-motivation-are-extrinsic-identified-intrinsic-introjected
  • https://thriveglobal.com/stories/what-keeps-us-motivated-in-hard-times/
  • https://www.linkedin.com/pulse/how-motivate-yourself-more-productive-when-youre-alone-dan-lok?trk=portfolio_article-card_title
  • https://www.office-angels.com/employers/advice-for-employers/employee-motivation-tips

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита