Како да си ги исполниме целите поставени за Нова Година? Работа кон цели.
Иако текстов го пишувам како да е само за исполнување на цели поставени за Нова Година, сепак мислам на генерално исполнување на цели. Околу Нова Година сите поставуваме цели, ја перцепираме како нова цел, нова шанса, празен лист кој треба да го пишуваме наново. И како и секоја година, барем поголемиот процент од нас, не се држиме до тие цели. И не сме сами во неисполнувањето на нив. Одма после Нова Година сите почнуваат со вежбање. Одма после Нова Година се претплатуваат на диететски и детокс програми. Одма после Нова година се менуваме на неколку дена кон поскуваната цел пред да се откажеме и да продолжеме со животот како претходно што носи до разочарувања, ниска самодоверба, чувство дека не можеме ништо да завршиме, или просто кажано - дека не не бива. Но, дали е тоа вистина? Јас не би се согласила. Не е вистина. Единствена вистина е дека само пристапот кој го имаме не е ефективен и функционален, и треба да најдеме нешто што функционира за нас. И денес ќе зборуваме за начин/и како да пристапиме кон Ново Годишните цели.
Ќе почнам прво со краток личен осврт. Јас уште во Декември решив да си почнам со некакви месечни цели. Тоа го напрајв од повеќе причини: ако чекаме точен ден за да почниме нешто - секогаш имаме шанса да одложиме за следен „важен“ ден и сакав да тестирам месец унапред како ќе оди за да можам да презентирам како влијаеше на мене. Поставувам месечни цели така што одбирам само 1 работа на фокус, иако прам многу други. Менувањето не можи да се направи наеднаш туку е процес. И баш зошто е процес мора да го разбереме тоа и да не го брзаме. Исто така, тоа ни дава до знаење дека дури и да е една промена, ако не ја разработиме добро - нема да залепи. Така да не е важно само да напишеме на ливче или во планер која ни е целта, туку да напишиме и како ќе ја исполниме целта и „алтернативен“ план на однесување доколку некој ден поради било кои причини не успеваме да ја исполниме целта. Тоа ни дава можност ако напрајме „грешка“, да не се откажеме одма пошто сепак и праењето „грешка“ е дел од планот и имаме решение кое не е „готово се откажвам, никогаш нема да успеам“. За мене ова функционира, зошто пред се ме турка делот „згрешив значи се откажвам“ и имање уште еден слој „заштита“ функционираше полезно за мене па еве сега новата внесена рутина и цел ми продолжва и во наредниот месец, спремна да додадам нова.
Така да од лично искуство, чекори за исполнување на цели би биле:
- Постави една цел во одредена временска рамка. За мене тоа беше рамка од 30/1 ден пред да додам нова навика или цел која сакам да ја исполнам.
- Разработи КАКО планираш да ја исполниш целта. Многу е важно детално да размислиш како планираш да ја исполниш целта, дел по дел. Тоа овозможува да видиш дали одговара временската рамка за исполнување на целта, што треба да се смени, дали планираш само да се припремиш за целта, па да додаваш чекори покасно и слично.
- Разработи план доколку не успееш да си исполниш целта во одредени денови. Имање алтернативен план овозможува да не се откажеме доколку не одиме по план, затоа што не одењето по план е уствари дел од планот? Прај смисла?
- Запишувај. Запишувањето, црткање, правење визуелен план во планер, на табла, на фрижидер или било каде што одма ќе видиме планот е дневен потсетник пред се, да знаеме што сакаме да направиме, но меѓудругото самото пишење ни овозможува потрезвено да ги разгледаме деталите и чекорите кои сакаме да ги преземеме и да увидиме колку се тие реални.
Specific |
Твојата цел треба да биде чиста и специфична, инаку нема да можеш да се
фокусираш на напорите или да се чувстуваш вистински мотивирано да си ги
исполниш целите. Кога правиш план за твојата цел, секогаш одговарај на ваков
тип на прашања: -
Што сакам да исполнам? -
Зошто е оваа цел важна за мене? -
Кој е инволвиран? -
Каде е лоцирана? -
Кои ресурси и лимити се инволиврани? |
Measurable |
Многу е
важно да се мерат целите, така што ќе може да се забележи напредок и така да
се одржува мотивацијата. Ова ни помага да останеме фокусирани, да се
одржуваме кон лимитите. И тука има одреден тип на прашања кои треба да ги
поставиме кога го правиме планирањето и текот на нашите цели: -
Колку
многу? -
Кога
ќе знам дека е исполнето? |
Achievable |
Твојата цел исто така
треба да е реалистична и исполнлива. Треба да се турниш за да исполниш нешто,
ама сепак целта да е реална, а не недостижна. При недостижна цел – се губи
мотивација, а мотивација е клучна за исполнување на цел. Кога ќе поставиш
исполнлива цел, ќе можеш да увидиш претходно игнорирани можности и ресурси
кои ќе те донесат поблиску до целта. Релевантни прашања тука се: -
Како
можам да ја исполнам оваа цел? -
Колку
е реална мојата цел? |
Relevant |
Овај
чекор е за да се преиспиташ и да увидиш дали ти е грижа за оваа цел. Дали
сметаш дека е релевантна цел кон која вистина сакаш да работиш. На сите ни
треба помош при исполнување на цели, но е важно да имаме контрола врз нив.
Релевантна цел е таа на која можеш да одговориш со „да“ на овие прашања: -
Дали
целта е вредна? -
Дали
е ова точното време? -
Дали
ова се поклопува со нашите други потреби и цели? -
Дали
јас сум точниот човек за оваа цел? |
Time Bound |
Секоја цел има потреба од
рок, и така можеме да се фокусираме на целта, а не да ја одглабаме постојано.
Овај дел од SMART критериумот
превентира други секојдневни обврски да се приоритет, туку ни дава можност да
е приоритет тоа што ние сакаме да го нагласеме. Прашања тука кои треба да ги
одговореме се: -
Кога? -
Што
можам да направам 6 месеци од сега? -
Што
можам да направам 6 недели од сега? -
Што
можам да направам денес? |
- Зголемуваат мотивација и
- Зголемуваат самодоверба.
- Не поставувај премногу цели. Обично кога размислуваме што сакаме да исполниме, полни сме со идеи. Но, задавање премногу задачи наеднаш, може да не престимулира, да почниме да откажуваме работи и нели зборувавме за ова, еднаш ако „згрешиш“ е многу полесно да се демотивираш и веднаш да оставиш се и да се откажиш. Почни со тоа што ти е важно од таа листа на цели. Одбери 1-2 цели, и фокусирај се на нив, кога ќе станат рутина или од кога ќе се исполни целта - тогаш додај уште 1-2 нови цели. Пример ако целта ти е бикини тело до на лето, значи дека треба месеци унапред да почниш со вежбање + промени во исхрана. Тоа се две цели: вежбање одреден број денови неделно и учење на здрави начини на исхрана без лажни диети и запаѓање во опсесивен круг. Или, сакаш да заштедиш одредена сума на пари. Тоа е целта, но како се стига до неа? Таа се состои од повеќе помали цели, и една од нив е: учење како да се штеди, и се одвива во повеќе месеци: првите месец- два се учат одредени навики и тука имаме најголема шанса да направиме „утка“. Наредните месеци почнуваме со помали заштеди и учење како да трошиме помалку за да не останиме без пари. Потоа веќе можеме да штедиме и по повеќе и да ни е навика и инстикт да тргниме одредена сума на пари настрана.
- Најди поврзаност. Кога ќе избериш неколку годишни цели ( пример 5 цели годината предлага овој план за исполнување на цели) најди заедничка врска, поврзаност меѓу нив која ги спојува за да ги гледаш како „едно“ и да видиш колку заеднички работи има за двете кои се поклопуваат.
- Поставувај неделни цели. Најтешкиот начин да исполниш цел е да си фокусиран на неа. Но, поставување неделни цели, макар биле исти, ни овозможува да ни се „освежи“ меморијата и да се стремиме кон исполнување на тие цели наново почнувајќи секоја седмица. Овој план предлага секоја недела да се постават барем 2 неделни цели кои ќе те доближат поблиску до исполнување на крајната цел доколку ги исполниш.
- Запишувај ги своите цели. Ова е важно ради две причини: имаме тенденција да забораваме и многу подобро можеме да го „видиме“ планот доколку го запишиме, нацртаме или направиме на одреден начин визуелизација која ќе ни го втемели планот трајно. Запишувањето само по себе прави многу, но идеално е запишаното да е закачено на место каде што постојано ќе го гледаме и ќе се потсетуваме на него.
- Разгледувај ги своите цели неделно, а не дневно. Доколку постојано ги гледаш и преиспитуваш и разгледуваш своите цели, ќе ти здосадат и ќе станиш индиферентен кон нив. Определи си ден, еднаш во седмицата за оваа цел. Овој дел на пример може да е Недела после ручек каде што можеме да разгледаме како поминавме изминатата седмица и да се спремиме за наредната ( точка 3).
- Имај силно „зошто“. Цел без јака причина е „слаба“ цел, и од таму поголем ризик да опадни мотивацијата и да не се држеме до целта. Твоето „зошто“ е многу лично, па дури и може да биде „срамно“ да го кажиш на друг човек. „Зошто“ треба да има емоционална поврзаност со тоа што го сакаме и така сме самомотивирани да го исполниме. Доколку некој ни речи дека треба да го направиме или сме сами свесни дека треба, ама не го сакаме вистински - тоа не е доволно силно „зошто“ и тогаш има голем ризик да се откажеме од целта.
Comments
Post a Comment