Книги за самопомош и зошто НЕ помагаат
„ Постирање на мотивациски извадоци од книги за самопомош на Фејсбук - е одличен начин да ги убедиш луѓето колку далеку си од емоционален распад без разлика за тоа колку уствари си блиску “ - Анонимус Книгите за самопомош се многу популарни каде на годишно ниво се објавуваат меѓу 600,000 - 1,000,000 книги само во САД. Овие книги имаат за цел да напишат инструкции кои ќе им помогнат на читателите да си ги решат проблемите. Очигледно е дека има побарувачка, а и поради тоа огромни бројки на ново издадени книги за самопомош. Гледајќи колку се популарни може да се направи претпоставка дека ваквите книги вредат затоа што постојано се бараат. Но, ако нешто постојано се бара, дали уствари значи дека претходното било успешно или пак се работи за ефективен маркетинг трик? Почетоци на книги за самопомош Терминот „само- помош“ доаѓа од истоимената книга на Самуел Смајлс во 1859г. Оваа книга се смета за една од најраните книги од овој тип, но и најуспешните. Големото достигнување...