Книги за самопомош и зошто НЕ помагаат

Постирање на мотивациски извадоци од книги за самопомош на Фејсбук - е одличен начин да ги убедиш луѓето колку далеку си од емоционален распад без разлика за тоа колку уствари си блиску“ - Анонимус 
Книгите за самопомош се многу популарни каде на годишно ниво се објавуваат меѓу 600,000 - 1,000,000 книги само во САД. Овие книги имаат за цел да напишат инструкции кои ќе им помогнат на читателите да си ги решат проблемите. Очигледно е дека има побарувачка, а и поради тоа огромни бројки на ново издадени книги за самопомош. Гледајќи колку се популарни може да се направи претпоставка дека ваквите книги вредат затоа што постојано се бараат. Но, ако нешто постојано се бара, дали уствари значи дека претходното било успешно или пак се работи за ефективен маркетинг трик? 

Почетоци на книги за самопомош 

Терминот „само- помош“ доаѓа од истоимената книга на Самуел Смајлс во 1859г. Оваа книга се смета за една од најраните книги од овој тип, но и најуспешните. Големото достигнување на овие книги се гледа по тоа дека цел жарн го носи името од оваа книга која имала огромен успех во нејзиното време и останала како основа на целиот овој жарн. До 2000тите, книгите за само- помош прераснаа во целосна индустрија. Но, ова би бил официјален почеток на овој жарн, но потребата за ваква литература постои од порано, има примери во антички Египет во жарн наречен „Себајт“ што значи „учење“. Тука се зборувало за морални вредности и само контрола и добро однесување. Античките Грци од друга страна нуделе текстови за медитација и начини за подобрување на животот. Покасно во 1600- 1700тите години постоеле книги кои ги учеле мажите како да се однесуваат во културното општество и биле доста популарни во Италија, Франција и Англија, познати како ''savoir vivre'' книги. Во 1800тите книгите од овој тип беа концентрирани на совети за губење на килограми, родителство, брак, менаџирање со време, самоконтрола и слично. Тука е и периодот кога ја добиваме веќе споменатата книга од Смајлс „Само помош“. Покасно, во 1913 година се добиваат и првите критики за ваквиот тип на книги, а како критичар се истакнал Честерстон кои се огласи против популарните книги кои му кажуваат на луѓето како да успеат во се, велејќи:
Ова се книги кои покажуваат како да успееме во се, а се напишани од луѓе кои не можат да успеат да напишат книга“ 
Но, и покрај поделеноста во светот за дали ваквите книги помагаат или не, тие сеуште се многу успешени, и многу поуспешени со секоја измината година. 

Дали книгите за самопомош помагаат? 

Не е спорно дека книга за самопомош ќе ни даде моментална мотивација и дека ќе не усреќи краток момент. Но, многу често ваквите книги се користат како замена за психотерапија, па дури и медикаментозна терапија. Тие се само моментални решенија, на долгорочен проблем. И тоа е така затоа што ги читаме работите кои ќе направат да се чувстуваме добро, но не го решаваат подлабокиот проблем. Ако не се реши проблемот туку се маскира со лажна позитива и илузија на среќа, тој ќе избие пак во иднина. И затоа што не смирила книга за самопомош повторно бараме утеха таму. И така во круг се скока од книга на книга, од автор на автор земајќи нова „доза“ на среќа и мотивација додека подлабокиот проблем се игнорира и понатаму. Ова конкретно е точно за книги со психолошка позадина, додека земање на совет не е лошо, дури и имплементирање на позитивни промени кои ќе го подобрат нашиот живот, но клучно е да не ги маскираме проблемите затоа што за да се реши нешто мора да се прифати прво дека постои, а потоа да се зборува за тој проблем, многу. Во овој поглед ваквиот тип на книги наликуваат на дрога. Прави привремено да се чувстуваш подобро и од кога ќе помини ефектот, мора да се повторат претходните чекори. И покрај ова, ваквите книги се многу популарни. Работење на себе, менување навики - не е лесно. Не треба некој да ни кажи да бидиме позитивни, ни пак дека прејадување е лошо. Прво, треба да сакаме да слушниме и имплементираме, но многу често имаме подлабок проблем за кој треба професионален пристап за да можи да се реши. Сепак, полесно е да читаме и да учиме место да правиме промена. Поентата е, ако сакате да промените некој аспект од себе, шансите се дека најважните работи веќе ги знаете. 

Книгите за самопомош може да се поделат во три категории:
  • Лош ефект: би било она што уствари го зборувавме до сега. Некои совети може да бидат опасни по живот и некој да ги примени пред да се докажат како такви. Многу често, поради повремено чувство на среќа, ги спречуваат луѓето да побараат професионална помош. Ова се случува со книги за самопомош со психолошка и медицинска позадина каде се даваат брзи решенија за комплексни ментални состојби и рецепти за „ефективни“ природни лекови за тешки болести оттргнувајќи ги луѓето да побараат професионална помош. Ова исто може да делува негативно за сите препораки за диети кои немаат долгорочен ефект, за кои се зборуваше во претходниот текст. Не е воопшто лошо да се прочита ваква литература или да се проба таков лек доколку не е прв и единствен начин за решавање на проблемот.
  • Плацебо: доколку ваквите книги немаат долгорочен ефект, но имаат моментален, најчесто е ради фактот дека моментално се мотивираме или забележуваме работи кои претходно не сме ги забележале. 
  • Без ефект: во голем дел од книгите советите се нешто кое го знаеме од претходно, но не го правиме и понатаму, па ги читаме книгите со цел дека ќе најдеме друга информација.

Заклучок

Книги за самопомош не се нужно зло, и овој текст нема за цел да ги демонизира, напротив. Некогаш ни треба мотивација. Некогаш ни треба некој да ни го покаже очигледното. Добро е да сме отворени за нови работи. Но, важно е да не занемаруваме реален проблем и да го маскираме под лажна позитивна илузија која ја поттикнуваат книгите, а притоа истиснувајќи многу реални и сериозни проблеми. Се додека се стремиме да направиме промена, и доколку имаме потреба од професионална помош - ја примаме, книгата за самопомош е само книга која ќе не мотивира нахнадно кон таа промена. Од таму, нема ништо лошо во читање книги за самопомош, затоа што имање прилив на мотивација не е воопшто нешто кое би се окарактеризирало како негативно. Неопходно е да прифатиме дека ако не направиме промена, наредната книга за самопомош нема да ја направи промената за нас

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука


Референци

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита

Здрава сексуалност