Posts

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита

„ Ако ние не зборуваме за децата, како ќе очекуваме децата да зборуваат за себе ?“ Менталното здравје на децата е подеднакво важно на тоа со возрасните. На глобално ниво 10-20% од децата и адолесцентите имаат проблеми со менталното здравје. Половина од сите проблеми со менталното здравје започнуваат пред 14 години, а 3/4 до средината на 20тите години. Нетретирани, ваквите појави можи негативно да влијаат врз развојот на детето, неговата едукација, потенцијалот за живеење исполнителен и продуктивен живот. Децата со ментални растројства се соочени со големи предизвици, стигма, изолација и дискриминација од околината и врсниците.  Ментална нелагодност Менталното здравје се негува од најрана возраст и раното детство не е само за првите чекори и зборови, туку и за градење врски со луѓето околу себе, градење за очекувањата за себе и за светот околу себе. 1-5 години - децата под 5 години го откриваат светото околу себе и учат нови вештини секој ден. Деца во оваа возрасна граница покажува...

Теории на заговор: граница меѓу класично мислење и опсесивно пополнување дупки

„Теории на заговор: ништо повеќе од навредлив наслов кој се користи за да се отфли критички размислувач“  Вечната борба, особено од постоењето на интернетот, е меѓу верувачи во теории на заговор и луѓе кои не веруваат во теории на заговор. Првите сметаат дека се во право поради користење критичко мислење и сметаат дека за се мора да се запрашуваме, додека другите сметаат дека првите опсесивно пополнуваат дупки. Добро е да се прашуваме за точноста на работите и да користиме критичко мислење, и тоа е тоа што треба да го поседува секој човек. Но, кога критичкото мислење преминува во опсесивно пополнување дупки? Која е границата меѓу „здраво“ размислување и „претерано“ размислување? Процес на размислување За да можи подобро да се разбери границата меѓу критичкото мислење и опсесивно пополнување на дупки, мора да се знае како настанува процесот на размислување. Размислување е ментален процес каде што живите суштества формираат психолошки асоцијации и модели на светот. Мислењето е манипу...

(Не) прифатеност на хомосексуалност, ефекти врз ментално здравје

„Хомосексуалноста се наоѓа во повеќе од 450 видови. Хомофобијата се наоѓа само во еден“ Јуни е месец на LGBT гордост и само е соодветно месецов да се затвори на тема хомосексуалност, прифатеност и репрезентација во нашата држава и ефекти врз менталното здравје поради добиен третман од околината. Ова е тема на која се зборува многу, особено надвор од нашата држава, но во изминатите години се зборува многу повеќе. Прашања кои ќе се обработат во овој текст се: дали припадниците на LGBT се генерално прифатени во нашата држава, ментален терет од прикривање своја сексуалност од најблиските и околината, дали хомосексуалноста е болест, дали припадниците на LGBT се повеќе склони кон ментални болести поради средински фактор за да се добие слика за животот кој го води еден LGBT човек и какво влијание има (не) прифатеноста врз менталното здравје. Како што кажав и претходно, Јуни е месец на LGBT, но овој текст, овој Јуни, ќе биди посветен на сексуалноста и сексуалната ориентација, а во наредна прил...

Токсични врски: како да излезиш од токсична врска?

„Тргни се себеси од луѓе кои те третираат како твоето време да не е важно, како твоите чувства да се безвредни, или како твојата душа да е заменлива“ - С. Мачнут Уште во претходни текстови  установивме дека луѓето се социјални животни, и со мали исклучоци тие се способни емоционално и физички да се блиски едни до други. Како и во останатите аспекти од животот, така и во врските кои ги градиме со другите луѓе, тие мора да се здрави. Како и да е, врските, како и други аспекти од животот, бараат да вложуваме во нив. Ние како поединци, луѓе, не сме совршени. Не сме ние, но не се ни луѓето околу нас совршени: родители, роднини, пријатели, партнер. Ние заемно учиме кои сме и како да комуницираме на начин на кој сите ќе бидеме среќни. Колку си близок со некој шансите се дека знаете како фунцкионира и токму тоа знаење мора да го користиме за градење здрави врски, а не токсични со луѓето кои ни се драги. Важно е да се запомни дека ние не сме клонови, туку засебни индивидуи и одредени врски ...

Растење на посвоено дете: најчести грешки кои ги прават родителите

„ Нема несакани деца, само непронајдени фамилии “ - Национален центар за посвојување Растење дете е огромен предизвик. Растење посвоено дете е уште поголем предизвик. Посвојување е процес каде човек зема старателство врз друг човек, најчесто дете, од биолошки и/ли легални родители. За разлика од вдомувањето, и други системи дизајнирани да се грижат за децата, посвојувањето е трајна промена на статусот. Првото прашање кое си го поставуваат родителите на посвоено дете е дали да му кажиме дека е посвоено? И најчестата грешка е одбирање да му се кажи прекасно, или да не му се кажи воопшто. Но повеќе за тоа покасно.  Зошто луѓето посвојуваат? „За родителството потребна е љубов, не ДНК“ Одлуката за посвојување е многу лична и варира од човек до човек и од семејство до семејство, но има одредени заеднички причини кои може да се одделат.  „ Има места во срцето кои не знаеш дека постојат се додека не сакаш дете “ -  Ан Ламот Поради нефертилност некои парови не можат да имаат биол...