Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита

Ако ние не зборуваме за децата, како ќе очекуваме децата да зборуваат за себе?“

Менталното здравје на децата е подеднакво важно на тоа со возрасните. На глобално ниво 10-20% од децата и адолесцентите имаат проблеми со менталното здравје. Половина од сите проблеми со менталното здравје започнуваат пред 14 години, а 3/4 до средината на 20тите години. Нетретирани, ваквите појави можи негативно да влијаат врз развојот на детето, неговата едукација, потенцијалот за живеење исполнителен и продуктивен живот. Децата со ментални растројства се соочени со големи предизвици, стигма, изолација и дискриминација од околината и врсниците. 

Ментална нелагодност

Менталното здравје се негува од најрана возраст и раното детство не е само за првите чекори и зборови, туку и за градење врски со луѓето околу себе, градење за очекувањата за себе и за светот околу себе.
  • 1-5 години - децата под 5 години го откриваат светото околу себе и учат нови вештини секој ден. Деца во оваа возрасна граница покажуваат предизвикувачки однесувањата, силни емоции и загрижувачки мисли. 
Возрасните луѓе околу детето се оние кои му помагаат децата да ги сфатат своите чувства и да ги надминат потешкотиите. Сепак, некои деца потешко се справуваат со стресни ситуации и тоа им влијае на социјалноста и тука е потребна поголема поддршка од професионално лице. Однесувањата се прв и најлесен начин да се препознаат промени кај детето. Тие се поделени во две широки категории: 
  1. Екстернализирање вклучува нервозни однесувања, импулсивност, хиперактивност и предизвикувачки однесувања.
  2. Интернализирање вклучува премногу контролирани однесувања како повлекување, грижа, страв, вознемирување.
Мали деца имаат проблеми со регулирање на своето однесување. Тоа значи дека им е тешко да менаџираат со своите чувства и реакции на одредени ситуации. Исто така тука можи да се забележат негативни мисли од страна на детето, за себе. Пример би била мислата дека никој не го сака. Потешко е ова да се забележи кај деца кои не зборуваат. Особено внимание треба да се посвети доколку детето има проблеми да комуницира со другите, но и доколку има потешкотии во учењето, како и проблеми со внимание и концентрација. 

Поддршка за менталното здравје е најдобро да се бара прво кај матичен доктор кој можи да ве насочи натамошно за соодветна поддршка. Психолози и советници во градинка, доколку детето посетува, се исто така одличен избор. 
  • 6-12 години - сите доживуваме потешкотии повремено, и тоа е исто и кај децата. Но, некои деца полошо ги доживуваат проблемите или пак се премногу загрижени.
Тука има низа знаци на кои мора да се посвети внимание и за кои треба да се зборува со матичен доктор или друго професионално лице.
  1. Необјасливи тантруми
  2. Необични стравови
  3. Проблеми со спиење
  4. Тага
  5. Безнадежност
  6. Избегнување пријатели и членови на семејство
  7. Одбивање да оди на училиште
  8. Не се согласува со другите деца
  9. Хиперактивност
  10. Честа агресивност
  11. Проблеми со внимание и концентрација
  12. Промени во расположение
  • 13+ години - стереотипот за променливо расположение на тинејџерот го има одамна, и не е нешто ново. Сепак, чувстување тага, иритабилност и анксиозност поќе од времето не е нешто што би се рекло дека е нормално и се случува често.
Доколку се двоумите за тинејџерот и дали чувствата и реакциите се „нормални“, обидете се да ја видите целата ситуација со која се соочувааат. На што е реакција ваквото однесување? Како поинаку би реагирал во оваа ситуација? Колку долго се чувстуваат вака? Сепак, без разлика дали се работи за очекувана реакција, или не, добро е тинејџерот да добие поддршка и полесно да се справи со ситуацијата. Депресијата не се состои само од чувство на тага. Анксиозноста не е само грижа. Значи кои можи да ги забележите вклучуваат:
  1. Проблеми со спиење
  2. Умор, лошо расположение, иритабилност
  3. Постојано на штрек
  4. Губење интерес за работи кои претходно ги сакале
  5. Забораваат
  6. Губат пријатели
  7. Или одбиваат да јадат или јадат прекумерно
  8. Имаат мускулна тензија
  9. Се жалат на физички болки
  10. Имаат необични и неочекувани болки
  11. Не сакаат да одат на училиште
Некои млади луѓе нема да сфатат зошто е важно да побараат професионална помош, додека другите се грижат за реакцијата од околината и се присутни чувства на срам и ова го доживуваат како знак на слабост. Ова е шанса да се зборува со нив за ова и дека нема ништо лошо да се грижиме за нашето ментално здравје како што се грижиме за физичкото здравје.

Ментално здравје во училиште и булинг

Децата и младите кои имаат проблеми со менталното здравје често имаат проблеми во училиштата затоа што 1 од 5 деца и млади луѓе имаат емоционален проблем или проблем со однесување и 1 од 10 луѓе имаат проблеми со ментално здравје толку тешко што влијае на тоа како функционираат дома, во училиште и на работа. Мора да сме способни да разбериме кога децата имаат проблем со менталното здравје затоа што: 
  • проблемите со менталното здравје се чести и најчесто се развиваат во детството и адолесцентниот период
  • проблемите со менталното здравје можат да се решат
  • рано откривање е доста корисно
Проблеми со менталното здравје влијаат на учењето и атмосферата на часот кои се критични за успехот на ученикот. Но, со соодветна поддршка на менталното здравје се зголемуваат шансите за успех, а намалуваат негативните ефекти. Менталното здравје кај децата може да влијае на луѓето на повеќе начини во училишната околина. Симптомите на едно дете може да се потешки за менаџирање на училиште додека истите симптоми кај друго дете се полесни за решавање во училишна средина. Исто како и кај нас, децата може да имаат добри и лоши денови исто така и денови кога се е во ред и полесно се менаџира состојбата, но и денови кога состојбата е потешка за менаџирање. Многу е важно да се избери точниот систем на поддршка за децата, а тоа се прави кога родителите се во консултација со наставниците, училишните психолози и матичниот доктор за да се увиди кој е следниот чекор.

Друг фактор кој влијае врз менталното здравје на децата е булингот. Булинг е системски проблем кој ги засега сите училишта. Во 2016, Националниот центар за едукација изјавил дека 1 од 5 ученици биле малтретирани во училиште. Булингот претставува деструктивно и постојано малтретирање и агресивно однесување пропратено со немање баланс при распределба на сила и имање намера да се наштети и предизвика штета. Учениците врз кои се врши булинг се чувствуваат загрозено и немоќно. Овој вид на насилство може да донеси до сериозни психички, емоционални и физички проблеми. Многу е важно наставниците и родителите да се способни да препознаат знаци на булинг. 

Типови на булинг и причини

  1. Директно - е комбинација од вербално и физичко насилство. Вербалното вклучува коментари или напишани информации кои емотивно ја повредуваат жртвата. Физичкото насилство се состои од физички напади врз жртвата и уништување на нејзините предмети.
  2. Индиректно - е најчесто вербално, во училиште. Пример би било ширење на неточни информации за да се повреди жртвата.
  3. Интернет - или познато како сајбербулинг. Во ваквиот вид на насилство се користат социјалните медиуми како главно средство за вршење директен или индиректен булинг и насилство. 
Причините за булинг се опсежни, секој ученик може да биди жртва без разлика на пол, раса, националност, религија или социоекономски статус. Зошто е важно наставниците да разберат зошто децата вршат булинг ќе овозможи да се спречи ваквиот тип на насилство. Некои ученици се агресори поради сопствена ниска самодоверба, но тоа не е случај секогаш. Дел од учениците кои вршат булинг имаат недостаток на емпатија, и реагираат агресивно кога се чувствуваат загрозено. Во одредени случаеви, учениците имаат потреба за внимание или чувство да се навидум храбри, па вршат булинг. Ученици кои имаат проблеми дома, како насилство, запоставеност или развод, често се агресори и вршат булинг поради чувства на завист, љубомора и нервоза.

Ефекти од булинг

Ефектите од ваквиот тип на насилство се трајни и сериозни.
  • лоши академски резултати ( 14% од жртвите)
  • ниска самодоверба
  • инсомнија
  • депресија
  • суицид и суицидални мисли
  • проблеми со желудник
  • главоболки
  • чувство на немоќ

Знаци кои укажуваат на булинг

Постојат многу предупредувачки знаци кои укажуваат дека врз некој е вршен булинг, или пак доколку некој е агресор. Препознавање на предупредувачките знаци е клучно за да можи да се спречи и да се побара поддршка од училишниот психолог. 

Знаци кои треба да се запазат кај дете жртва на булинг:
  • необјасливи повреди
  • загинати или оштетени предмети, книги, електроника
  • чести главоболки и стомачни болки
  • промени во навики за јадење
  • проблеми со спиењето, кошмари
  • лоши оценки, губење интерес за училиште
  • губење пријатели, одбивање социјални ситуации
  • чувство на безпомошност
  • бегање од дома
  • самоповредување
  • зборување за суицид 
Знаци кои треба да се запазат кај дете кое врши булинг:
  • често ученици на физички и вербални расправии
  • имаат пријатели кои се насилни кон деца
  • имаат зголемена агресивност
  • често се праќани кај директор, психолог и се казнувани
  • имаат пари кои не знаете од каде се, исто како и нови предмети
  • ги криват другите за своите проблеми
  • компетитивни
  • се грижат за својата репутација

Заклучок

Доста клучно е да дадеме на детето до знаење дека се грижиме за него со тоа што ќе бидиме поддршка за него кога му сме најпотребни. Некогаш е потребно и да се зборува со професионално лице за менталните нелагодности на детето без разлика дали тоа би било училишен психолог или матичен лекар кој може да направи соодветно пренасочување. Во поглед булинг доста е важно да сме способни да разбериме однесувањата на децата, и тие кои се жртви на булинг, но и тие кои вршат булинг за проблемот да можи да се „пријави“ во училиштето и да можи да се реши. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука

Референци ( и дознај повеќе):

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Здрава сексуалност