Теории на заговор: граница меѓу класично мислење и опсесивно пополнување дупки

„Теории на заговор: ништо повеќе од навредлив наслов кој се користи за да се отфли критички размислувач“ 

Вечната борба, особено од постоењето на интернетот, е меѓу верувачи во теории на заговор и луѓе кои не веруваат во теории на заговор. Првите сметаат дека се во право поради користење критичко мислење и сметаат дека за се мора да се запрашуваме, додека другите сметаат дека првите опсесивно пополнуваат дупки. Добро е да се прашуваме за точноста на работите и да користиме критичко мислење, и тоа е тоа што треба да го поседува секој човек. Но, кога критичкото мислење преминува во опсесивно пополнување дупки? Која е границата меѓу „здраво“ размислување и „претерано“ размислување?

Процес на размислување

За да можи подобро да се разбери границата меѓу критичкото мислење и опсесивно пополнување на дупки, мора да се знае како настанува процесот на размислување. Размислување е ментален процес каде што живите суштества формираат психолошки асоцијации и модели на светот. Мислењето е манипулирање на информации, како што формираме концепти, се обидуваме да решаваме проблеми и да носиме одлуки. Но, самото размислување носи повеќе мисли.

Мислењето е психички процес при кој човекот го комбинира старото искуство на нов начин, односно увидување на нови односи меѓу појавите. 

Мислењето не е сеќавањето, претпоставувањето, фантазирањето; ако еден проблем решен по пат на мислење, повторно решавање на тој проблем веќе не е мислење, тоа е сега базирано на помнењето, а не претставува мисловна активност.

Фази на мисловен процес се:
  • поставување на проблемот
  • локализација и/ли дефинирање на потешкотии
  • јавување на хипотези
  • проверување на хипотези

Видови на мислење

  • Конкретно мислење ги опфаќа мисловните процеси во кои оној кој го решава проблемот се слуши со конкретни елементи.
  • Апстрактно мислење има кога елементи со кои се решава проблемот не се дадени во нашето перцептивно поле ниту во формата на конкретни претпоставки, туку како основно средство за решавање на проблемот се користат симболи. 
  • Продуктивно мислење е она мислење со кое се доаѓа до откривање на нов резултат било да е тој од потесно лично или пошироко општествено значење. За непродуктивното мислење се зборува кога резултатите од мислењето немаат практично значење ниту за поединецот, ниту за пошироката заедница. 
  • Имагинативно мислење не се одвива по вообичаените правила и подразбира создавање нови, но невообичаени комбинации.
  • Творечко мислење во својата основа е сложената интелектуална активност која се карактеризира со организираност.

Што е критичко мислење?

Критичкото мислење е способноста да се мисли чисто и рационално, разбирајќи ги логичките поврзувања меѓу идеите. Критичкото мислење исто така може да се опиши и како можноста да се обавува рефлективно и независно мислење. Овој тип на мислење бара да разбираме, бара да бидеме активни во учењето, а не пасивни примачи на информации. Критичкото размислување овозможува запрашување за информации и нивната точност, а не слепо прифаќање на информации. Исто така овозможува, особено со пораст на користење онлајн вести, да се увидат „лажните“ вести од „вистинските“ вести. Луѓето кои размислуваат критички секогаш сакаат да увидат дали идеите и претпоставките се точни и дали може да се искористат како репрезентација на целата слика. Исто така се отворени да признаат дека не се во право.

Некој кој размислува критички има способност да:
  • сфати поврзаност меѓу идеите 
  • сфати важност на аргументите и идеите
  • препознава, гради и користи аргументи
  • идентификува неконзистентност
  • пристапува на проблемите на системски начин
Што е потребно за да размислување критички:
  • размислување објективно
  • идентификување на различни аргументи кои се во релација со одреден проблем
  • да препознаваме слаби точки и негативни поенти кои ги има во доказите или аргументите
  • соодветна поддршка на аргументот кој сакаме да го правиме

Како и зошто постои пополнување на дупки во размислувањето?

Мисловни дупки, или когнитивни нарушувања, се искривени перцепции на реалноста. Тие претставуваат негативни интерпретации на ситуација базирана на лични претпоставки. Човековиот страв од непознатото не сака да остави дупка во информацијата па ја пополнува со фантазија. 

Одредени истражувања (четврт линк во референци) укажуваат дека ваквите дупки се пополнуваат со најчесто грешни идеи кои предизвикуваат самоуништувачки емоции. Ова најчесто е проблем за тинејџери на кои им е потребно критичко социјално и емоционално учење. Доколку ваквите чувства се остават сами, може да се предизвикаат проблеми со самодовербата и ваквата практика да стани дел од секојдневието. Учењето за справување со ваквото пополнување на дупки се состои од тоа да се стави акцент на тоа дека ние не ја гледаме реалноста, туку создаваме своја, често пати грешна, реалност. 

Има осум најчести пополнувања на дупки во размислувањето обработени од психологот Арон Бек, и неговиот поранешен студент Дејвид Бурнс. 
  1. Скокање до заклучоци - судење на ситуација базирано на претпоставка, а не на факти само за побрзо да се стигни до заклучок.
  2. Ментално филтрирање - давање внимание на негативните страни, занемарувајќи ги позитивните.
  3. Зголемување - ставање акцент на негативни аспекти на ситуација.
  4. Минимизирање - намалување на позитивни аспекти во ситуација.
  5. Персонализирање - се прави претпоставка за поседување на вина.
  6. Широка генерализација - заклучок дека еден лош инцидент ќе носи до повторувачки шеми на однесување.
  7. Емоционално разбирање - претпоставка дека твоите негативни емоции се пресликуваат во реалноста или мешање на чувства со факти. 

Психологија зад теориите на заговор 

Поставување на прашања и запрашување за вистинитоста на работите кои се случуваат е карактеристика на критичко мислење. Пополнување на дупки во мислење со „логички“ информации кои се заменски е базата на размислување кое води до теории на заговор. Но, кои се мотивите на овие луѓе? Дали ваквите верувања се задоволство или товар? Колку просечниот човек е склон кон вакво размислување?

Повеќе од третина од Американците веруваат дека глобалното затоплување е лага према Свифт во 2013. Други веруваат дека имало втор човек кој пука во масакарот во Лас Вегас иако нема докази за тоа, ни пак потреба и причина. Скоро половина Американци веруваат дека Ли Харви Освалд не го извршил сам атентатот на Кенеди. Ова се неколку примери за теории на заговори и најчесто вклучуваат тајни планови и здруженија кои сакаат да наштетат на просечниот човек, према Гертзел во 1994.

Лантиан (2017) смета дека карактеристики на човек кој верува во теории на заговор вклучува:
  • отвореност кон искуства
  • недоверба
  • често несогласување
Во поглед когнитивен процес, Лантиан продолжува, луѓето наклонети кон вакви верувања најчесто ја преценуваат ситуацијата и шансите за нешто да се случи и зборуваат за намерноста на случката која нема веројатност да се случи, исто така тој смета дека имаат и ниско ниво на аналитичко мислење. Ништо од ова не треба да е изненадувачко, затоа што штом се почни да се анализира ситуацијата со демонстративни факти, често се разединуваат во теорија на заговор во основни компоненти кои сами по себе не прават смисла.

Мантиан понатаму зборува дека теориите на заговор прават човекот да се чувстува посебно. Најчесто, теориите на заговор се потпираат на наратив за тајно знаење ( Мејсон, 2002), што не е пристапно за другите и од таму и чувство за посебност. 

Од друга страна према Моулдинг во 2016, карактеристиките на луѓето кои веруваат во теории на заговор вклучуваат најчесто социјално изолирани индивидуи. Интернетот е причина зошто луѓе со исти или слични ставови се наоѓаат и привлекуваат други луѓе кои имаат слични светогледи. 

Мотиви на луѓето кои веруваат во теории на заговор

Епистемија - наоѓање на релакисрачки одговор за настани е основен дел од градењето стабилни, точни и конзистентни разбирања на светот. Но, доколку некои информации не се достапни, почнува да работи љубопитноста.
Егзистенција - се верува дека многу луѓе се освртнуваат кон теории на заговор кога им е загрозена егистенцијата и благосостојбата. 
Социјални - се верува дека луѓето имаат потреба да припаѓаат на одредени групи и да се социјализираат со тие групи. Од самата социјализација доаѓаат и заедничките гледишта. 

Заклучок

Границата меѓу критичкото мислење и опсесивното пополнување дупки не е тесна затоа што пристапот кон проблемот е дијаметрално различен. Психологијата зад теориите на заговор тврди дека луѓето склони кон теории на заговор поседуваат одредени карактеристики како: отвореност кон искуство, недоверба, несогласување, чувство на посебност, социјална изолација и друго. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука


Референци ( и дознај повеќе):

Comments

Popular posts from this blog

Конфликти: настанување и разрешување

Креативно мислење кај децата и надареност

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита