Posts

Image
Среќна Нова 2022 Година, сите желби реалност, колку и да неќам клишеа од типот "нЕкА е ПоУбА и ИзВаЈ мАкСиМуМ" а јас вервам дека е само обичен ден, еве ќе повервам дека ни треба малку та мотивација и ајде нека е подобро магично. Грижете се годинава повеќе за вашето ментално здравје, зошто не е само уште едно табу, туку реален дел од секојдневниот живот. ✨🍾🥂 

Депресија или барање внимание?

Го видовте насловот и се возбудивте? Не, не. Тука не рангираме болка , впрочем, многу сме против тоа. Како велам „ние“, како да не сум сама. Ама често се прави споредбава, депресија или барање внимание, како барање внимание да не означува своја симтоматологија подеднакво важна со било која друга психолошка состојба. Суштината на психолошките проблеми е некои имаат фатални исходи, некои не толку „драстични“ и тука се повлекува линијата кај одредени луѓе дека можи споредба. Дека има полошо. Дека не ти е најлошо. Дека „само“ бараш внимание. А, на што не се посветува внимание е дека сите одредени, помалку „тешки“ психолошки состојби, знат да бидат доста тешки и значајни за индивидуата. Можеби не е голема болка сега. Туку е малку помала болка с е к о ј еден ден. И то е товар шо не се носи од денес за утре, туку товар шо непреќинато го носиме секој ден. Товар шо денес можиме да го носиме, ама утре е потежок иако е навидум ист. То е исто кога вежбаме. Креваме тег од 3 кила. Не е многу. Можиме...

#DownSyndromeAwarenessMonth - коморбидитети

Image
 Исто како што разговаравме за коморбидитети кај ADHD, исто и кај Даунов Синдром, со себе доаѓа со пакет на „изненадувања“, односно состојби кои настануваат со поголема веројатност доколку индивидуата има трисомија 21. Коморбидитети кај деца со даунов  синдром во болница во Бангладеш,  истрашување: Дел од резултатите од истражувањето: Задоцнување во развојот , било моторно или говорно или и двете беше водечка (50%) причина за упатување, а потоа карактеристични црти на лицето во согласност со Даун синдром (23%) за дијагноза Дебелите деца имале и дислипидемија. Мајчинска возраст за време на зачнувањето се движи од 20 до 40 години со средна вредност - возраст 31,2 години. Дисфункција на тироидната жлезда (29, 69%) беше најчеста ендокриниот проблем и вродени срцеви заболувања беше вториот најчест поврзан морбидитет (15/26, 57%). Други медицински состојби беа дијабетес мелитус тип 1. Стекнатиот хипотироидизам беше почест (16/29,55%) ( 10 имале субклинички хипотироидизам и дв...

#DownSyndromeAwarenessMonth - што е Даунов Синдром?

Image
Оваа седмица продолжуваме со текстови за даунов синром, знајќи дека месецов е и за кревање на свесност за оваа состојба. Ќе зборуваме што е даунов синдром, како настанува, каков е животот со него, одредени предизвици и коморбидитети. За да можеме да разбереме што е даунов синром, прво мора да знаеме како настанува. Дауов синдром настанува кога има екстра хромозом на 21 пар. Но, што се хромозоми? Хромозомот е термин што се користи во биологијата и цитогенетиката за да се однесува на секоја од високоорганизираните структури формирани од ДНК и протеини. Овие структури ги содржат повеќето генетски информации за поединецот. Хромозомите се наоѓаат во јадрото на клетките и се појавуваат во константен број кај секој вид. Во случај на луѓе, скоро сите клетки содржат 46 хромозоми Хромозомите се структури слични на конец во кои ДНК е цврсто спакувана во јадрото. ДНК е обвиткана околу протеините наречени хистони, кои обезбедуваат структурна поддршка. Хромозомите помагаат да се обезбеди ДНК да се ...

#ADHDAwarenessMonth - Коморбидитети

Image
ADHD доста често иди „во пакет“ со други заболувања, каде симптомите се толку испреплетени. Лаички кажано, пред да влезиме во истражувања, коморбидитети на ADHD се: проблеми со учење, анксиозност, депресија, потешкотии со сензорно процесирање и сл.  Према истражување од 2447 деца и адолесценти ( 5-17 години) беа добиени следните резултати:  Репликација на американското Национално истражување за коморбидитет откриле дека ADHD има висока коморбидитетност со други потешкотии од DSM-IV ( кога се спровело истражувањето). Истражувањето е спроведено на лица од 18-44 години, n= 3199 во Америка. Дали има варијации во распространетоста на психијатриски коморбидитети во однос на различни подтипови на ADHD? Неколку студии ја испитуваа варијацијата во преваленцата на психијатриски коморбидитети во однос на различни подтипови на ADHD. Една студија користејќи го шведскиот регистар на близнаци објави помали ризици од генерализирано анксиозно растројство и голема депресија за хиперактивно-импу...

#ADHDAwarenessMonth - како изгледа ADHD кај жени и зошто е поразлично?

Image
Разлики во манифестацијата на ADHD кај момчиња и девојчиња е различен. Во суштина, момчиња се со поголема веројатност ( скоро дупло повеќе) да ја добијат дијагозата за разлика од девојчиња. Се смета дека момчињата се „пре“дијагностицираат, додека девојчињата не се дијагностицираат доволно. Тоа е така затоа што момчињата имаат поочигледни, постереотипни однесувања за разлика од девојчињата, а за стереотипи ќе зборуваме некој од наредните денови посветени на ова.  Како што споменавме во пртходниот текст ,  ADHD го добива своето име од:  A ttention  D eficit  H yperactivity  D isorder.  Симптомите на ADHD се: невнимание, хиперактивност и импулсивност. Кога велиме ADHD најчесто мислиме на хиперактивно и „бељаџиско“ школско машко дете, иако опсегот и интензитетот на симптомите кај двата пола е ист, иако тоа што го гледаме е навистина различно и потешко за дијагностицирање кај женски. Како резултат на тоа, многу жени растат несфатени, па нивните потешкотии с...

#ADHDAwarenessMonth - Што е ADHD?

Image
Месецов е за свесност на две важни работи - ADHD и даунов синдром. И во текот на оваа седмица, во неколку наврати ќе зборуваме за ADHD во низа кратки текстови, а следната седмица ќе зборуваме за даунов синдром во неколку кратки текстови. Целта ми е да опфатам повеќе аспекти во кратки и лесно дигестивни текстови. Откако тргнав се ова од патот, да почниме: што е ADHD? Кога се јавува? Дали е дијагноза само за деца или останува да трае и кај возрасни?  ADHD го добива своето име од: A ttention D eficit H yperactivity D isorder. Со тоа се имплицира дека има недостаток на внимание и фокус, и видна хиперактивност. Но, ова не е прво име за ADHD пред да го добие 1980тите, и ова сега, но и како претходно се нарекувало е точна причина зошто треба да сме свесни за разликите меѓу нас и да работиме на инклузија на сите деца и возрасни. Како се нарекувало ADHD претходно? ADHD за прв пат бил опишан од Џорџ Стил во 1902 година. Низ годините се нарекувал: „недостаток на морална контрола“, „минимално...