Важноста на медикаментозната терапија при проблеми со менталното здравје

„Секогаш е полесно да се прават позитивни животни промени со поддршка од другите“

Менталното здравје е многу опсежна област и е дел од нашето целокупно здравје за кое сме одговорни и треба да се грижиме. Но, многу често, менталното здравје се става на скалило подолу од физичкото што е голем проблем во нашето општество. Постои голема стигма кога некој посетува психотерапија, но уште поголема доколку некој треба да прима и медикаментозна терапија. Клучно е да се сфати дека пиеме лекови за нега на физичкото здравје и сосем исто е и со медикаментозната терапија за менталното здравје. Само затоа што е „во главата“ не значи дека имаме целосна контрола врз нашето ментално здравје. Овој текст нема за цел ни да демонизира, ни да форсира медикаментозна терапија, туку да се укажи на нејзината важност кога е потребна. Не секогаш е потребна, но доколку се изостави кога е потребна, може да биде фатално.

Зошто се одбива медиакментозна терапија?

Медикаментозна терапија за подобрување на ментално здравје не е секогаш потребна, но во одредени случаеви е неопходна. Но, кога се изоставува и покрај нејзината неопходност најчесто се забележува кај состојби кои од пошироката јавност се перцепираат како „полесни“. Одбивањето на неопходна медикаментозна терапија или советувањето друг да ги направи тоа е најчесто забележани кај состојби како депресија и анксиозност. Најчести изговори се дека „се е во главата“, „не е нешто против кое треба да се бориме туку со кое треба да живееме“, „и јас имав депресија ама се излечив сам“, „не примај хемија, не е природно“ и слично. Понудените решенија варираат од „мисли позитивно“ до „имај повеќе физичка активност“. Иако дел од советите може да се применат, па дури е и препорачливо, не смее да се изостави и психотерапијата, и медикаментозната терапија доколку е потребна. Доколку постои проблем и се игнорира со моментални извори на среќа и дистракции, тој само ќе се продлабочи. Медитацијата, физичката активност, опкруженоста со луѓе нема да го решат задскриениот проблем, но тоа не значи дека не треба да се практикуваат, напротив, пожелно е да се практикуваат паралелно со психотерапија, со или без медикаментозна терапија.

Кога имаме проблем со физичкото здравје примаме терапија. Зошто тоа треба да е поразлично кога се работи за менталното здравје? Колку и да звучи примамливо идејата дека можеме да имаме и имаме целосна контрола врз нашето ментално здравје, тоа не е вистина. Не е лошо да се побара помош. Не е лошо да разговараме за нашите чувства. Не е лошо да се прима медикаментозна терапија за нашето ментално здравје кога е потребно. Оттргнување некој од неопходната медикаментозна терапија може да биде фатално. Дали можиме да се носиме со таа одговорност? 

Кога и зошто е потребна медикаментозна терапија?

Поради тоа што фокусот на овој текст е за медикаметозна терапија каде се смета дека не е потребна и каде што се смета дека има можност да се избегни, најмногу ќе се задржам на антидепресиви.

Антидепресивот е тип на лек кој се користи за третирање на клиничка депресија. Кога е присутна депресија, се користат антидерпесиви, покрај психотерапија, како форма на третман. Многу често е комбинирана со когнитивно бихевиорална терапија која овозможува пристап кон проблемот да е таков што бара решение и од таму подобрува размислување, расположение и однесување. За полесни форми на депресија не се препорачува антидепресив, освен во многу ретки случаеви, пократок период за да се види како индивидуата ќе реагира. Доколку нема подобрување, се повлекува. Самите антидепресиви не се користат само за третирање депресија и депресивни епизоди туку и при анксиозност, опсесивно компулсивно растројство ( OCD), панично пореметување, одредени фобии и слично. 

Анти анксиолитици се лекови кои се користат за третирање на генерализирано анксиозно растојство ( GAD). Медикаментозната терапија најчесто е комбинирана со когнитивно бихевиорална терапија, исто како при депресијата. Самиот антианксиолитик не е прва опција за третирање на GAD, освен ако е неопходно. Терапевтот може да понуди начела за справување со анксиозноста или групна терапија. Но, некогаш е потребна интензивна психотерапија, а многу пати комбинирана со медикаментозна терапија. 

Важноста на психотерапијата и комбинираната терапија

Иако медикаментознаа терапија е доста потребна во одредени случаеви, сама по себе нема да смени ништо. Не решениот проблем сеуште останува нерешен и само чека момент да избие пак. Затоа во многу случаеви на медикаментозна терапија и на психотерапија се гледа како на двете страни од паричката кои функционираат заедно и се надополнуваат. Додека едното стабилизира расположение, другото ја користи таа стабилност за да работи на решавање на подлабокиот проблем. Терапии кои тука се предлагаат се: когнитивно бихевиорална терапија и групна терапија.

Когнитивно бихевиорална терапија ( CBT) е чест вид на терапија со разговор ( психотерапија). Овој вид на терапија ни овозможува да станиме свесни за грешните и негативни мисли, отворајќи нов светоглед на решенија за проблем или ситуација која се смета за проблематична и овозможува нов пристап за решавање на проблемот и можност ситуацијата да се увиди во нејзина целост. CBT е доста корисна за третирање проблеми со ментално здравје како депресија, PTSD и нарушувања во исхраната. Не секој кој посетува CBT има проблем со менталното здравје, едноставно е алатка која возможува ефективно справување со стресни ситуации. Овој вид на терапија можи да помогни при:
  • менаџирање на симптоми од одредени проблеми со ментално здравје
  • превентира повратување на симптоми
  • учење на техники за справување со стресни ситуации
  • идентификување на начини за менаџирање емоции
  • учење на нови начини на комуникација и сл.
Овој вид на психотерапија се смета за „краток“ имајќи меѓу 5- 20 сесии.

Групна терапија, од друга страна, нема комуникација еден на еден туку се состои од група на луѓе со ист или сличен проблем. Милер и Хес, клинички психолози кои работат со групи, сметаат дека групната терапија има 5 придобивки:
  1. Групната терапија дава до знаење дека не сме сами.
  2. Групната терапија давањето и примањето поддршка го прави полесно.
  3. Групнита терапија помагаат да го најдиме „гласот“.
  4. Групната терапија овзоможува да се поврзиме со некој на здрав начин.
  5. Групната терапија овозможува безбедност.

Совети за комуникација со лице кое пие медикаментозна терапија

Лица кои примаат медикаментозна терапија се лица кои се наоѓаат во деликатен период, но најважно е дека добиваат помош. Тука исто така е клучна поддршката од најблиските и охрабрувањето да се продолжи со терапија. Пред се слушајте што ви зборува, следно поддржете ги во продолжеток на терапија. Почеток со медикаментозна терапија знае да биде многу тежок и доколку блиска личност врви низ ова ние мора да се погрижиме да не дојди до прекин на терапијата. Тука важи правилото „станува полошо, пред да стани подобро“ и многу луѓе се откажуваат од старт од терапијата која им е многу потребна. Исто така некогаш нема да им биде денот и нема да сакаат да се сретнат со докторот, и тука сме ние како пријатели да ги охрабриме. И подеднакво важно со се кажано претходно, е да се едуцираме за состојбата на пријателот. Замислете колку е мачно да мора наново и наново да се објаснува како некој се чувствува?

Покрај ова, има работи и ситуации кои е подобро да се избегнуваат. Не се обидувајте да ги „поправите“ затоа што менталното здравје на луѓето е многу комплексно и можи да се направи повеќе штета. Тука исто спаѓа да се избегнува давање совети. Да, постои желба да се помогни е сосем добро и оправдано и е знак за добар пријател, но можи да има непосакуван контраефект. Можеби и најопасно е минимизирање на неговото искуство или споредување со туѓо искуство. И најважно, доколку треба вашиот близок да прима медикаментозна терапија - не го оттргнувајте! Не примање на медикаментозна терапија кога е неопходна можи да биди фатално.

Заклучок

Медикаментозна терапија се користи кога е неопходна, во комбинација со психотерапија. Оттргнување на медикаментозна терапија може да биде фатално. Примаме медикаментозна терапија за проблеми со физичко здравје, а менталното здравје не е поразлично. Доколку имате блисок кој врви низ тежок период бидете му максимална поддршка. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  


Референци ( и дознај повеќе):


Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита