Kако социјалните медиуми влијаат на љубовниот живот?

 „Целта на онлајн дејтин е побрзо да се оди офлајн“ 

Социјалните медиуми ни помагаат да останиме во контакт со најблиските на полесен начин, но следователно, имаат голем ефект врз дејтинг и љубовен живот. Сите гледаме какви проблеми имаат луѓето околу нас - кој на кој лајкнал, дали ја виде пораката, за колку време врати на пораката и слично. Некогаш дури и ќе видиме нешто прерано, за што не сме спремни, поради социјалните мрежи. Дали социјалните мрежи ни олеснуваат љубовниот живот, или пак нахнадно го отежнуваат? Краткиот одговор е - и двете. Тие ни овозможуваат да имаме потрајна комуникација и попостојана што е позитивно и е особено важна за врски на далечина или каде нема можност за чести физички средби. Од друга страна, одредени парови чувстуваат нахнаден притисок во врската обидувајќи се да најдат смисла на секој клик. Во овој текст ќе увидиме како се може да влијаат и веќе влијаат социјалните мрежи на љубовниот живот, вклучително и рпедности, но и негативни страни. Но, и покрај се, не можеме да занемариме дека ова е дел од нашата сегашност и иднина. 

Како социјалните мрежи влијаат на врските?

Социјалните мрежи се застапени секаде. Доколку некоја фирма сака да го промовира својот бизнис - најдобро и најефективно е со користење на социјалниот дел од интернетот. Исто така влијаат на луѓето во поглед мислење, исто и влијае врз работите кои ги сакаат. Од тука доаѓа и притисокот за перфектна слика и репрезентација на себе. Шау и Гили ( 2003) тврдат дека луѓето се стремат кон прикажување на личност која е дигитално обожувана, па дури и се креираат себеси онлајн поразлично од тоа што би се нарекло физичко јас.

Глобализацијата и дигитализацијата заедно креираат нов и брз променлив интернет простор и модерен живот ( Баумен, 2003). Во овој нов свет луѓето поразлично гледаат на врските, дејтингот и љубовта. Меѓудругото, овој интернет свет спои луѓе кои инаку не би имале можност да се запознаат физички.

Поради ваквиот начин на живот, почна да постои нов вид на презентација на себе: интернет профили. Од тука е важно да научиме на кои профили може да му се верва, а на кои не. Доста клучно е да знаеме дека секој можи да лажи и шансите се дека се презентира себеси во подобро светло отколку што реално е. Социјалните мрежи најчесто презентираат една страна, онаа добрата, а поретко и за секојдневните предизвици кои ги имаме, а речиси воопшто за посериозните проблеми кои не мачат. Нормално, од секое правило има исклучок, па така и тука.

Позитивни и негативни страни на социјалните мрежи врз љубовниот живот

Социјалните мрежи директно влијаат на нашите врски и нивната одржливост. Од една страна, ни дозволуваат да влегуваме во нови врски, да запознаваме други луѓе, но и да ги одржиме воспоставените врски. Од друга страна, често ќе слушниме дека социјалните медиуми „го уништија дејтинг животот“ затоа што често се одвива целосно онлајн, и многу често без желба за подлабоки врски. Можни причини за нерешителност за официјална врска би било имањето избор, но и пребрзото темпо каде откриваме работи и маани за партнерот за кои сеуште не сме спремни. Често преминуваме преку одредени ситници за да тестираме дали врската би функционирала, но со можност да најдиме „совршен“ партнер ова се исклучува.

Социјалните мрежи може да се дом на искрени врски - социјалните мрежи ни дозволуваат да се поврзиме со други луѓе побрзо и на начин кои претходно не би можеле да го замислиме и доста често ни овозможуваат проширување на нашите социјални кругови. Запознавање онлајн ни овозможува да видиме кој какви интереси има и да запознаваме луѓе кои ни одговараат. Кетерин Мур, психолог, изнесе податоци дека 64% од тинејџерите укажуваат дека имаат направено пријател онлајн и дури 83% од тинејџерите се изјаснале дека социјалните мрежи прават да се чувствуваат подобро поврзани со своите пријатели. 

„Многу е убаво за тие кои имаат социјална анксиозност, географска изолираност, стравови, проблеми со самодоверба, физички повреди, и останати реални предизвици, сега можат да најдат вистинско поврзување и врски. Социјалните мрежи можат да ги турнат бариерите и да дозволат на луѓето да се поврзат“ - Дон Грант, Ph.D.

Ова можи да е особено важно за изолирани и маргинализирани групи кои бараат некој сличен на себе и со тоа да се намали ризикот на разочарување. 

Социјалните мрежи сепак може да влијаат негативно врз врските- како што споменавме претходно, во интернет светот ние претставуваме совршено јас и совршена слика за себе и од тука можат да произлезат одредени проблеми со самодовербата. Често се случува да дојди до повлекување од врска затоа што индивидуата се чувствува како да не е доволно добра. Затоа и ваквата изолација е дел од причината за зголемување на депресивни симптоми. 

Сајбербулинг - 23% од тинејџерите искусуваат сајбербулинг, кое можи негативно да влијае на врските и е тесно поврзано со претходната точка затоа што намалува самодоверба и носи до изолација.

Дистанцирањето е тешко - доколку порано беше лесно да ги избришиме потсетниците од претходните партнери, со постоење на социјални мрежи тоа е далеку потешко и доста често повредени партнери не можат да ја добијат посакуваната дистанца.

Можност за повеќе паралелни врски - зголемува ризик за изневерување затоа што разговорите се приватни и необичните однесувања можи да поминат незабележано. 

Имање избор - некои луѓе го бираат „совршениот“ и социјалните медиуми ни овозможуваат запознавање на голем број луѓе и ни овозможува да имаме избор и да селектираме кој ни одговара. 

Користење на социјални мрежи за продлабочување на врски - за да се добие искрено поврзување со некој, не треба да се труди само едната страна, туку двете, без разлика дали се работи за потенцијално пријателство или потенцијална романтична врска. 

Недостатоците не прават интересни - иако на интернет просторите ние прикажуваме совршена слика за себе, често забораваме дека недостатоците се дел од нас, и не само тоа, ни овозможуваат да се истакниме од другите кои сеуште ги прикриваат своите. Не дека ги немаат, туку прикриваат.

Социјални мрежи и почеток на врска - овде можеби постои и најголемиот ризик по некоја врска. Често одредени информации ќе ги добиеме „пред време“ кога сеуште не сме спремни и се губи природниот континуитет на врската. Кога не се познаваш доволно, постои ризик за грешно разбрани пораки во форма на текст. 

Непишани правила на онлајн дејтинг

Не е до нив, до тебе е - начинот на кој го градиш твојот профил одбира одредена публика. Публиката која ја привлекуваш зависи целосно од тебе. Ова исто важи за опис на профил, треба да оди директно на поентата и да те опишува тебе во вистинско светло. 

Лоша граматика никој не сака - лоша граматика за многу е знак за недостиг на грижа, но други едноставно не сакаат да препрашуваат доколку не сфатат или пак не сака да размислува што сакал да кажи авторото. 

Гради го твојот профил - како луѓе сме визуелни суштества и првичниот начин на кој носиме суд е према изгледот. Профили без слика и блага активност често се маркираат како сомнителни и недоверливи.

Никогаш не пиј и пиши - најголемите грешки се прават со пристап на онлајн дејтинг под дејство на алкохол.

Одреден вид на скромност можи да оттргни некој од тебе - не баш скромноста, туку гледање на себе од аспект на недостатоци. Доколку се ставиш себеси долу, можиш да звучиш како да бараш многу.

Опширни описи е пожелно да се избегнуваат - генерички описи на профил како „сакам да слушам музика“ не објаснува многу за твојата личност. Сите сакаме музика. Види што те издвојува од другите, но и кој навистина си ти.

Остави ја „листата“ дома - никој не можи да ни ги исполните сите барање од потенцијален партнер. Долгите листи на тоа што барате ќе тргнат многу квалитетни личности од вас.

Не мора на се да враќаш - кога би увидел дека после разговор некој не ти одговара е само фер тоа да се вокализира, но кога добивате порака од некој кој не е во ваш интерес и не мора да вратите и нема зошто некој да прави да се чувствувате лошо за тоа и да ве форсира да му дадете шанса.

Подем на дејтинг апликации и сајтови како дел од модерната култура

Апликациите за запознавање имаат една цел - да се запознаеш со некој. Но, „да запознаеш“ има различно значење кај различни демографии. Повеќе од половина од младите ( 18-24 години) гледаат на апликациите за дејтинг да запознаат некој со кој би имале кратка авантура или врска без обврска. Постарите индивидуи почесто бараат пократки или подолги, посериозни или постабилни врски.

Иако дејтинг сајтовите се толку популарни, пошироката јавност нема добро мислење за нив. Околу 56% од возрасните гледаат на дејтинг апликациите како нешто многу негативно, но овој негативен став е раширен меѓу сите старосни групи. Не е лесно да се увиди зошто е тоа така.

  1. Ризик - Тешко е да процениме нечиј карактер од неколку реда текст. Не се гледа говор на тело, тон на звук и други квалитети кои ни овозможуваат да дадеме инстиктивен суд за некој.
  2. Злоупотреба на информации - ова не важи само за дејтинг сајтови туку и други социјални мрежи генерално.
Но, ова е точно за повеќето луѓе кои немаат користено апликации за запознавање. Тие кои претходно имаат користено апликации за запознавање имаат тенденција да имаат добро мислење за нив. Исто така колку некоја социјална апликација е пораспространета и има варијабилитет толку повеќе луѓе ја користат и се задоволни од неа.

Џин и Мартин ( 2016) споредуваат онлајн дејтинг со шопинг. Прво можи да видите меѓу што имат избор. Следно се забележува за што имате интерес и најчесто се реагира на него. Интернет дејтинг започна со луѓе кои беа осамени и срамежливи, и со помош на интернетот прв пат имаат можност да се претстават како сакаат. Ова оди под рака со онашто го споменавме претходно, онлајн личноста може да е различна од реалната личност, но е личност која прави да се чувствуваме комотно (Шау и Гили, 2003).

Мотивации за онлајн дејтинг


Мотивациите за онлајн дејтинг варираат од човек до човек, но према Шумтер, Ванденбош и Лигтенберт (2016) има неколку најчесто, повторувачки мотиватори:
  • љубов
  • секс
  • олеснета комуникација
  • возбуда
  • да се биде дел од тренд
Да запознаеш некој, кој претходно само си го знаел виртуелно, дава поени на „возбуда“ и тесно се поврзува со нервоза. За некои може да е игра и да гледаат да „победат“ ( но, што уствари е победа во дејтинг?), а други сакаат повеќе внимание. Додатно, онлајн дејтинг можи да се помеша во романтична фантазија. Кога некој го знаеме само виртуелно ги пренагалсуваме тие карактеристики кои ги гледаме и му препишуваме други кои можи да не се воопшто точни. Во тој случај привлечноста е кон замислената личност, а не реалната.

Како се градат значајни онлајн врски?


За да можи една врска да расти која е почната на интернет, платонска или романтична, мора да ја покажете најискрената нијанса од себе и јасно да се стават граници од интернет личноста. 

За да се продлабочи врската која е почната на интернет, Мур, која ја споменавме претходно, предлага пишаните форми на комуникација да се заменат со разговор на телефон и почесто среќавање во живо. Ова овозможува непречен тек и флуидност на разговорт и интеракцијата во исто исто време. Луѓе кои ги запознаваме на интернет можат да останат важен дел од нашиот живот. 

Заклучок


Времињата се менуваат и за ние да владееме со нив, а не тие со нас - треба да се прилагодиме. Процесот на бирање партнер во минатото се менувал за подобро или полошо, и тоа не е променато сега. Онлајн дејтинг, можеби не како начин на запознавање ( дури и физичко запознавање носи до онлајн врски), има огромно влијание врз сегашните и идните врски. Барем толку влијание колку што дозволуваме да има.

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  

Референци ( и дознај повеќе):


Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита