Како влијаат презаштитнички настроените родители врз развојот на детето?

 „Многу родители би направиле се за нивните деца освен да ги остават да бидат себеси“ - Бански

Не постои книга за тоа како да се биде родител и многу родители поведени од различни причини се поставуваат на начин кој може да биде многу поразителен за детето. Тука спаѓа презаштитиничкото родителство или кажано народски „дете држено во стаклено ѕвоно“ на кое не му се дозволува да го искуси светот со цело добро и лошо, но и после одредена возраст се смета дека можи да се снајди само иако до тој момент беше штитено. Во овој текст ќе зборуваме точно за ова и за тоа како неискусувањето на светот и неприфаќање критика носи до последици на менталното здравје кај децата.

Како изгледа презаштитничко родителство?

Важно е да се запрашаме, која е границата кај родител кој има оправдана грижа за своето дете и родител кој ја надминува таа граница?

Претерување - родител кој е презаштитнички настроен е премногу присутен во животот на детето и многу често претерува со своите реакции. Ситуациите ги вади од размер или пак ситници прави да изгледаат поголеми од што се. Дете растено во ваква околина е себично и смета дека се „заслужува“ да има се што ќе посака.

Упаднување (најчесто во приватност) - презаштитнички настроен родител сака да има контрола врз животот на детето и од таму многу често се наоѓа во ситуации да нарушува приватноста на своето дете: бара низ личните работи, го бара постојано, влегува без тропање и слично. Детето растено во ваква околина акомулира стрес и омраза и доста често носи до конфликт.

Забрани - за да се спречат ситуации во кои детето може да е оштетено, презаштитнички родител става забрани. Детето станува плашливо и често се повлекува во себе.

Контролирачки тенденции - слично и тесно поврзано со оваа точка е контролирањето. Родителот го контролира детето, со кој е, како е, и активно го оттргнува од потенцијално опасни ситуации.Детето често има бурни и долги бунтовни фази и како расти успева да најди начин да ја заобиколи контролата на родителите.

Манипулирање - секој пораз го учи детето нови вештини и искуства, но презаштитнички родители ја манипулираат околината и го штитат детето од пораз. 

Ниски очекувања - родителот не го форсира детето во активности, дали ако мисли дека не треба или пак дека не мора. Ваквите деца се исти и како возрасни, очекувајќи некој да му го поддржува животниот стил дали тоа било родителот или пак иден романтичен партнер.

„Спреми го детето за патот, а не патот за детето“

Ефекти од презаштитничко родителство врз детето

Презаштитничките родители се што прават, прават од место на љубов и бидејќи мислат дека е тоа најдобро за нивното дете. Но, не значи дека тоа е навистина најдобро за нивното дете. Тешко е да се тргни линија од каде почнуваат презаштитнички родители, затоа што секој добар родител сака да го заштити своето дете. Ефектите од ваквиот тип родителство доста често носи ефекти и кај возрасни индивидуи.

Повисок ризик за анксиозни пореметувања - Психологот Ирвин Веинен зборува дека тинејџери и возрасни со анксиозни пореметувања најчесто доаѓаат од добронамерни презаштитнички родители кои го штитат своето дете од стресни ситуации и охрабруваат тек на мир со тоа што превентираат детето да се соочи со стравот, а доколку се соочи со стравот ќе можи да го надмини. Исто така ова е моделирање на однесување. Одредени истражувања ( четврт линк во референци) укажуваат на тоа дека анксиозен родител има и анксиозно дете затоа што демонстрира дека соодветен начин на реагирање е преку страв, грижа и повлекување. Тие и прават светот да изгледа како пострашно место од што навистина е. Ова се проширува и на социјални ситуации, односно родителите може да направат детето да се плаши и константно да бара одобрување од другите. 

Зависност од родителите - неможност дете да носи само одлуки без своите родители и да мора да ги консултира за се е возрасна индивидуа растена од презаштитнички родители. Од мали се условени да мислат дека родителите се тие кои се единствени за нив и кои се грижат и ги штитат од светот. Да бараш мислење е една работа, но да си емоционално зависен од ставот на родителот оди многу подлабоко.

Тенденција кон однесување склоно кон земање на ризики или пак избегнување на ризици целосно - како што растиме, земаме повеќе ризик во секојдневни активности најчесто каде нема загарантиран ризик туку мал процент на неопходни секојдневни активности или одлуки во врска со училиште или работа. Но, презаштитнички родител може да го наруши балансот на прифатлив ризик. Тука се оди во две крајности: 

  1. Детето ја прифаќа нивната идеологија, па ваквото дете е пасивно и избегнува секаква ситуација која може да е опасна.
  2. Детето не ја прифаќа нивната идеологија и се бунтова земајќи поголеми ризици дури и такви каде има гарантиран ризик.
Поголеми шанси за булинг - булингот никогаш не е вина на жртвата, но во овој случај, презаштитнички насторен родител дава помалку способности кои се потребни на детето за да се спротистави и заштити. Проблемот е дека ваквите родители растат деца кои не знаат сами да се штитат затоа што секогаш тоа било задача на родителот, па остваат некој друг да им заврши работа, да ги заштити и се генерално пасивни. Ова е карактиристика која е често таргетирана од булис. 

Намалена самодоверба - оваа карактеристика многу ја гледаат, но уште поголем број се збунети како настанува и зошто е тешко да се разбери како дете кое добива толку многу внимание - да има ниска самодоверба. Причината за ова е поврзана за тоа како самодовербата се формира: најголем дел е поврзана со тоа како луѓето не вреднуваат. Родители кои постојано штитат, стојат на патот и го чуваат детето под стаклено ѕвоно пуштаат порака дека детето е неспособно, ранливо, дека не можи ништо само и дека нема да преживее без помош. Добиваат внимание, но не типот на внимание кое носи до љубов кон себе и прифаќање. 

Перфекционизам - презаштитнички родители често имаат нарцистички тенденции кон своите деца, и форсираат дека мора да се биде перфектен цело време. Доколку не е детето перфектно, следува казна или повлекување на љубов. Ваквото одобрување и љубов е условено и зависно од активностите на детето, кое учи дека мора да е перфектно, да поминува одлично во училиште за да е прифатено и сакано од родителите. Перфекционизмот е доста нефункционален и можи да направи проблеми во интерперсоналните врски особено затоа што можи да се перцепира како тоа никој не е доволно добар за сега возрасното дете. 

Презаштитнички родители зголемуваат ризик детето да им е под ризик за булинг затоа што им ја нарушуваат независноста и самодовербата, а во исто време ја нагласуваат пасивноста и зависноста“ - Лиса Џ. Кохен, психолог

Заклучок


Нема книга на родителство и не постои соврешен родител, но тоа е во ред. Најдобро што можиме да направиме за нашите деца и идни генерации е да продолжиме да учиме. Презаштитничкото родителство иди од место на љубов, но сепак е грешно и опасно по менталното здравје на децата. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  

Референци ( и прочитај повеќе):

https://www.bustle.com/p/the-long-term-effects-overprotective-parents-have-on-us-62249
https://books.google.co.uk/books?id=bUUXBAAAQBAJ&pg=PA379&dq=overprotective+parents+psychology&hl=en&sa=X&redir_esc=y#v=onepage&q=overprotective%20parents%20psychology&f=false
https://www.pear-tree.ca/the-effect-of-over-protective-parenting-on-child-potential/
https://www.youniversetherapy.com/post/8-negative-effects-of-overprotective-parenting
https://www.inc.com/amy-morin/long-term-studies-say-kids-of-helicopter-parents-struggle-with-these-5-issues-in-adulthood.html

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита