Настава за време на корона: традиционална настава vs онлајн настава ( предности и недостатоци)

 „Едукацијата е пасош за иднината, затоа што утре припаѓа на тие кои се подготвуваат денес“ - Малком Екс

Со почетокот на новата учебна година, Септември на овој блог ќе биде посветен на образование, едукација, дисциплина и генерално теми кои го опфаќаат психофизичкото здравје на децата. За почеток на месецов ќе биде тема која беше беше актуелна во текот на целиот летен период, а тоа е дали децата да се вратат во училишните клупи во форма на традиционална настава во училница или да се продолжи настава онлајн? Мислењата на темава се многу поделени и баш затоа во овој текст пред се ќе зборуваме за важноста на квалитетното образование, а потоа за предностите и недостатоците на двата начини за обавување на настава.

Важност на образование и едукација во едно општество

Со леснотија може да се заклучи дека ние, како луѓе, не би биле каде што сме без образование и учење. Едукацијата е многу повеќе од читање и пишување и полека не спрема за остатокот од животот. Што е едукација?


„Едукацијата не е ништо повеќе од учење различни предмети за да се здобиеме со знаење и разбирање кое ни овозможува наученото да се обидеме да го промениме во секојдневниот живот.“


Едукацијата за децата е важна затоа што тие се иднината на овој свет. И ние сме учеле за да можиме да придонесиме во ова општество, како и генерациите пред нас. Но, покрај ова, на овој начин им се овозможува на децата да се развиваат ментално, физички, но и да развиваат социјални вештини.

Успешните индивидуи, групи и општества, па дури и цели цивилизации зависат од квалитетот на својата едукација и едукационен систем. Сепак, додека децата се во образование, често не можат да сфатат зошто образованието и едукацијата се толку важни. Неопходно е родителите да прикажат ентузијазам кон учење, за истото да е попривлечно за децата.

Квалитети на едукативниот систем:

Индивидуализам - едукацијата не е само учење зборови, факти и општо знаење кое навидум нема каде да се примени. Добрата едукација ги формира идните членови на општеството. Од тука возрасните индивидуи треба да се опремат со сите вештини и знаења за да можат да водат живот независен од некој друг.

Исполнети соништа и амбиции - себе актуелизација се наоѓа на врвот на Масловата хиерархија на потреби како највисоко ниво на психолошки напредок.Често, ова можи да се поврзи со исполнување на одредени соништа и амбиции кои ќе направат да се чувствуваме како најдобрата и најисполнетата верзија на „јас“. За да можеме да почувствуваме гордост од нашата работа, мора прво да научиме да ја обавиме, а тоа се постигнува со едукација.

Самодоверба - големото знаење скоро секогаш иди заедно со зголемена самодоверба само ради фактот дека сме успеале да научиме нешто. 

Фер свет - со добра едукација излегуваат квалитетни возрасни кои заедно ќе се трудат да создадат фер свет со фер можности.

Прогрес - се околу нас, секоја нова технологија, сознание, компјутерот или телефонот на кој го читаш овој текст, се резултат на труд, знаење и едукација на претходните генерации. Тука сме благодарение на таа едукација. 

Позитивни и негативни страни на онлајн настава

Пред да можиме да зборуваме за предности и недостатоци на онлајн настава, прво мора да се увиди дека има две категории на онлајн настава, и тоа:

  1. Сихрона онлајн настава - овој вид на настава се одвива во исто време, односно предавателот предава, а учениците ја следат настава во живо.
  2. Асихрона онлајн настава - овој вид на настава е спротивен од претходно споменатиот. Материјалите за учење и видео предавањата се направени пред време и учениците ги слушаат во свое време. 

Позитивни аспекти на онлајн настава:

  • Распоредите може да се флексибилни, што е почесто забележано кај втората категорија онлај ннастава, каде учениците ги исполнуваат лекциите кога имаат време и се спремни.
  • Попристапно е за ученици кои физички не можат да присуствуваат на предавања, а тука исто спаѓа и следната точка: 
  • Нема потреба од патување затоа што се што ви треба е интернет конекција.
  • Нов начин на прашување, кога лекцијата е претходно снимена, се исклучува можноста за прашување на нејаснотии, но секогаш постои можноста да се гледа наново нејасниот дел од наставното видео. 
Негативни аспекти на онлајн наставата:
  • Постои намалена можност за интеракција меѓу учениците, а речиси е непостоечка во асихрона онлајн настава додека интеракција е поголема при сихрона онлајн настава. Како и да е, не е на ниво на социјализација при традиционална настава.
  • Технологијата можи да биди непредвидлива и да се пропушти настава поради дефекти со уред или интернет конекција, но има и можност да има деца кои немаат пристап до уред воопшто или пак уред со интернет конекција.

Позитивни и негативни страни на традиционална настава ( за време на корона)

Онлајн наставата е иста и непроменета од моменталната ситуација, но традиционалната настава носи одредени ризици во поглед актуелната пандемија. Во оваа точка ќе се земат во предвид тие ризици и можни проблеми.

Позитивни аспекти на традиционална настава:
  • Социјализација на децата како најважен фактор за развој на личност од средински аспект е најдобро нагласена преку традиционалната настава.
  • Поставување на прашања и разјаснување на потешкотии се возможни и при онлајн настава, но при настава во училница ова е понагласено и поефективно. 
Негативни аспекти на традиционална настава:
  • Особено кај мали деца, има тешкотии за контрола на поголема маса на деца што можи да доведи до не пратење на препораки и полесно ширење на вирусот.
  • Мора да се патува на часовите кои се во одредено време и нема можност за надополнување на пропуштеното. 

Заклучок


Како и да гледаме на ситуацијата, секој вид на настава има свои предности и недостатоци и да се кажи точно кој модел е најдобар би било грешка затоа што има премногу варијабли и како најважна би била возраста. Најмалите немаат толкаво ниво на одговорност за да би прателе препораки како повозрасните деца и адолесценти. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  

Референци ( и прочитај повеќе):

https://content.wisestep.com/education-important-top-reasons/
https://www.nordangliaeducation.com/article/2020/3/6/why-is-education-important
https://starfishoysterbed.com/online-education-knowing-the-positive-and-negative-aspects/
https://www.thefiscaltimes.com/Columns/2015/06/16/12-Good-and-Bad-Parts-Online-Education
https://potomac.edu/top-advantages-of-traditional-education/


Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита