Врсничко насилство: како доаѓа до него? Поглед во семејство каде детето е вршител на булинг.

Најзастапен проблем кај младата популација е постоењето на булинг. Булинг во суштина значи извршување на насилство, вербално или физичко, од една индивидуа или група на луѓе кон друга, најчесто послаба индивидуа. Училишниот булинг може да биди застапен за време на часовите, одморите, но и надвор од училиште како и онлајн, познато како сајбербулинг. Неодамна прочитав нешто кое ме инспирира да го пишам ова, а тоа беше жалба од сега пораснато дете, врз кое беше вршен булинг и рече „како што ме има дете повредено, никој толку“. И колку и да сакам да се согласам, почетната идеја на ова е дека децата сепак не се лоши и дека само примаат од околината, а пред се од родителите. Но, и покрај тоа се многу искрени и од таму суровоста на повредите и последиците. Но, прашањата кои ме интересираат се: дали вршењето насилство во форма на булинг е уствари плач за помош? Каде се родителите на детето кое врши булинг? Дали го одобруваат ова или не се свесни? Каков е односот на детето со родителите?

Како доаѓа до насилство? Како се дефинира булинг?

Булингот можи да биди застапен во било која сфера од животот, но тука акцентот е на училишен булинг. Булинг претставува користење на сила, закана или насилство, обид за агресија и доминација. За да можи да се речи дека нешто е булинг, ваквото однесување треба да биди повторливо. Булингот преставува субкатегорија на агресивно однесување карактеризирано од три критериуми:

  1.      Причината поради која доаѓа до булинг е непријателска поставеност;
  2.       Не постоење на баланс на моќ; и
  3.      Повторување во подолг период.
Булингот е активноста која е повторлива, карактеризирана со агресивност и непријателска поставеност со намера да се повреди друга индивидуа физички, ментално или емоционално.

Можи да се речи дека постои „булинг триаголник“ кој се состои од детето кое врши булинг, детето кое е жртва на булинг и тој кој набљудува.

Детето кое врши булинг е ученикот кој социјално и физички е помоќен и постојано прави детето кое е социјално и физички послабо да се чувстува загрозено.

Жртва во ситуацијата е детето врз кое тој булинг е таргетиран.

Набљудувач е ученикот кој го набљудува булингот. Тој можи да го игнорира, да го охрабри, но и да застани на страна на ученикот. Од аспект на охрабрување, има два вида на ученици, односно ученик кој асистира: не го започнува булингот, но се приклучува на групата која врши билинг затоа што „сите тоа го прават“; и ученик кој предизвикува, има мала улога во булингот, како смеење на навредите кои ги прави ученикот кој врши булинг.

Но, кога настанува булинг? Има многу фактори кои се важни за да дојди булинг како резултат. Ако има ученици кои имаат тенденција кон булинг, и ако климата на училиштето дозволува, булингот има висока веројатност да се случи. Билингот можи да биди како резултат на ситуација дома, ниска самодоверба на ученикот кој врши булинг или пак немање можност да се разбери социјалната ситуација и имање на ниски социјални вештини. Иако повторно ќе ги споменеме овие аспекти, најмногу ќе се задржиме на булинг како резултат поради ситуацијата дома во семејството.

Многу често се мислело дека децата кои вршат булинг мора да имаат некаков подлабок проблем, како тој за кој ќе зборуваме покасно, воедно и ниска самодоверба и дека вршат булинг за да се чувствуваат подобро за себе. Но, нови истражувања ( прв линк во референци или [1] во футноти) укажуваат дека тоа не е секогаш случај и дека многу често учениците се склони кон булинг ако се наоѓаат повисоко на социјалната скала и се обидуваат да ги турнат другите долу за да останат горе на хиерархијата.

Нешто што исто така е забележано е дека булинг постои секаде, но начинот на кој се одвива статистички можи да се увиди према пол и возраст и да се групира. Кај девојчињата, булингот најчесто е во индиректна форма кога вршат булинг на други девојчиња. Од друга страна пак, кај момчињата, булингот обично е доста директен и момчињата вршат булинг кон други момчиња, но и девојчиња. Момчињата имаат тенденција да вршат булинг повеќе за разлика од девојчињата. Но, во училиштата, булингот има тенденција да опаѓа после 14-15тата година, иако не целосно.

Како да препознаеш дали твоето дете врши булинг?

Еден од начините да се препознае дали вашето дете врши булинг, е према набљудување на неговото однесување, но и на промени во неговото однесување. Еден од начините кои можи да донесат до сомнеж дека детето можеби, но не дефинитивно, врши булинг, е тоа да оправдуваат лошо однесување. Ова можи да се забележи особено затоа што децата/ ученици кои вршат насилство најчесто ја тргаат вина од себе и ја префрлаат на жртвата. Следен индикатор е пријателите кои ги има детето, односно детето има пријатели кои се однесуваат агресивно. Многу често, и да не врши булинг детето, ако е во друштво кое е агресивно можи да е во најмала рака соучесник во булинг. Доколку пријателите учествуваат во насилни активности и булинг, шансите се дека и вашето дете прави исто како и своите пријатели. Можи тука да се забележат и проблеми со однесувањето, како лесна фрустрација, импулстивност, наклонетост кон тепање и недостаток на емпатија. Не значи дека деца со овие карактеристики вршат булинг, туку само дека имаат склоност. Насилен дом е можеби едно од причините кои зборуваат за позадината и семејството на детето кое врши насислтво. Ако детето гледа место каде што има насислтво, или пак ако се жртви на насилно однесување, тие имаат поголеми тенденции да се однесуваат насилно во стресни ситуации. Деца кои се изложени на насилство акомулираат фрустрација и стрес. Но, нешто на кое треба да се внимава е дете кое има искусено булинг.  Доста често, деца кои биле таргет на булинг некогаш стануваат и самите насилници само за да добијат некаква контрола врз нивниот живот. Тука се потврдува тоа што сакав да го спомнам претходно, а тоа е дека децата се доста често невини и само попримаат од тоа што го гледаат и учат од околината. Иако булингот е доста сериозен и често има сериозни последици, доколку тој кој врши булинг е дете, пристапот мора да биди многу поразличен него пристап кој би се имал кон возрасен. Често постои и нетолеранција кон деца кои се различни. Тоа најчесто е во форма на исмевање, смешкање, зборување зад грб и ширење дезинформации за различноста на детето кое е поразлично. Тука има недостаток на способност или пак желба да се прифатат децата со сите свои разлики. И нешто што често се занемарува ради својата зачестеност е агресија кон браќа/ сестри. Најчесто е индикатор дека таквото однесување можи да не е застапено само дома туку вежбано и применето надвор од домот.

Поглед во семејство на дете кое врши булинг

            Во истражување ( седми линк во референци, или [2] во футноти) прво се зборува за застапеноста на булинг внатре во семејството и како се одразува тоа надвор од семејството. Истражувањето било спроведено врз 14, 000 семејства, вклучувајќи 22, 265 возразни индивидуи и 2, 163 прашалници пополнети од самите млади, на возраст од 10- 15 години. Биле испитани децата на неколку полиња и тоа: сиблинг булинг кај деца кои имаат брат/ сестра и треба да одговрат на прашања кои иницираат булинг од страна на своите браќа или сестри во последните 6 месеци; булинг во училиште. Исто како и кај сиблинг булингот, децата покрај прашањата дали се жртви на булинг, има прашања кои инциираат дали и тие самите вршат булинг; проблеми со однесувањето и нивоа на ( не) среќа гледаат какво однесување имаат децата, но и нивоата на среќа кои ги имаат; односите во семејството и односите со пријалите и семејството како фактор, кое се добива од возразните фамилијарни членови каде што детето растело.

            Резултатите укажуваат дека половина од сите деца кои имаат браќа или сестри ( 54%) биле инволвирани во некаков вид на булинг дома. Најчесто било да бидат и насилник во булинг тријадата и жртва ( насилник/ жртва: 34%) со деца како чисти жртви ( 16%) и чисти насилници ( 4%). На училиште, 12% од децата кои укажале дека се жртви на булинг.

            Кај сиблинг булинг, машките имаат поголеми шанси да бидат насилници или пак жртви, додека девојчињата почесто се жрви на булинг.  


Однесувањето на родителите вклучуваат колку често врват слободно време со своите деца, и колку често мајката на децата ги удира или им вика. Ова е најчесто асоцирано со сиблинг булинг. Поголемо поминато време со децата се асоцира со намалување на инволвираност во булинг дома. Зголемено карање и тепање и удирање насочено кон децата е асоцирано со зголемено насилно однесување.

            Останатите информации се наоѓаат во седмиот линк во користена литература/ референци.

Заклучок

            Врсничкото насилство е застапено и е проблем кој сериозно ги засега училиштата во нашата земја, но и надвор од неа. Причините за настанување на булинг, од аспект на дете/ ученик кое врши насилство се доста бројни и најчесто има знаци кои можат да се запазат дали детето има тенденција кон булинг или не. Булингот е доста опширна тема и во наредни текстови ќе зборуваме за како да се спречи булинг доколку вашето дете е насилникот, но и како да се препознаат знаци на булинг кај дете и како да се спречи.


Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука



[1] Линк до истражувањето: https://www.ditchthelabel.org/annual-bullying-survey-2016/?_ga=2.6435770.941070434.1574870541-1354035896.1574870541

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита