Што да очекувам на терпија? - Прва средба

Се одличи за терапија? О д л и ч е н избор! Но, самото одење на терапија носи одредени очекувања и од таму одредени разочарувања доколку тие очекувања не се исполнети. Па од таму ајде да разговараме - со какви очекувања одиме на терапија, и од таму, како да намалиме разочарување?

Прво мора да се знае дека да, на терапија треба да сме отворени, да зоруваме за нашите искуства и чувства, но терапијата е повеќе од тоа. Терапијата е и за учење нови обрасци на однесување и техники за справување со одреден тип на промени, за кога и биле надвор од терапија, да можеме сами да се справиме со тие проблеми. И второ, подеднакво важно, кое треба да се знае е, дека терапијата е индивидуален процес и за секој е различен. И следно, секоја сесија може да биде многу различна од секоја следна. И тоа е во ред, така и треба да биди. 



Прва средба

Кога одиш на терапија прв пат, очекувај дека ќе зборуваш многу, и терапијата ќе наликува како средба со доктор. Терапевтот сака да те запознае, ќе поставува прашања и ќе те насочува така што ќе се обиде да те запознае. Ти ќе зборуваш најмногу. За разлика од првата средба на која со терапевтот се запознавате и правите план на идни активости кои ќе бидат преземени, идните сесии се потерапевтски на лик, и тоа што се планира од првата средба полека се спроведува во преостанатите. Во наредните средби е поверојатно да се откриe одредена траума, да се работи околу одреден симптом или пак да се разгледа некој аспект или потешкотија подетално. 

Тука е многу важно да се запомни дека психотерапијата не открива ништо премногу од една средба туку е процес кој трае одреден период и се отпакува секоја сесија по малку. Не очекувајте никакви решенија, или пак инстант подобрување после една сесија. 

На прва сесија терапевтот ќе те прашува прашања за да те насочи и да те запознае, како што веќе споменавме, дел од тие прашања може да изгледаат вака:

  • Што те донесе тука?
  • Кои се твоите симптоми?
  • Колку долго ги имаш овие симптоми?
  • Што мислиш дека е проблемот во твојот живот?
  • Со која потешкотија се соочуваш?
Покрај ова, може да добиете прашања во врска со:
  • Вашата семејна историја,
  • претходни врски ( пријателски и романтични),
  • кариерни избори и сл.
Заедно со терапевтот треба да се договорите како од прилика ќе изгледаат идните сесии и на што ќе се задржите и на што ќе работите на нив.


Што ќе чувствувате после терапија?

После терапија е природно да чувстувате низа мешани емоции и да не можете сите да ги разграничите веднаш. Тие емоции може да варираат од: олеснување, енергизирање, расположување па се до фрустрација, умор, престимулираност. И се тоа е во ред и на еден начин очекувано.

„Некои денови се чувстувам како терапијата да ме исцедила и да ми ја зема цела енергија, додека други денови се чувстувам како да ми ги раширила крилјата и ме спреми за се што следува“

Важното тука е како ќе се справиме со овие емоции. Треба да си земиме време да ги размислиме. Да ги разграничиме и потоа на следна сесија да ги разговараме со нашиот терапевт. Да му кажиме што чувствувавме од после и какви импресии и заклучоци донесовме во периодот меѓу сесии. 

Се надевам дека ова ве запозна со првата средба и во наредниот текст ќе зборуваме за како би извадиле максимум од терапијата и очекувања кои треба да ги имаме додека одиме таму.

Користена литература:

https://www.mind.org.uk/information-support/drugs-and-treatments/talking-therapy-and-counselling/what-happens-in-therapy/

https://www.verywellmind.com/psychotherapy-101-p2-1067403

https://www.sanvello.com/blog/what-to-expect-from-therapy/

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита