Сезонски промени во расположение

„Дали сум метеопат?“ е можеби често прашање кои го слушаме на околу или пак си го поставуваме себеси кога почнуваме да забележуваме одредени промени во расположение кај нас и сфатиме дека тие промени доаѓаат со промените на времето. Метеопатија, кога би се дефинирала, е кога човек болно ги чувствува временските промени, дали тоа било физички или ментално. Ние денес се разбира, ќе се задржиме на менталниот аспект. А тој ментален аспект на кој ќе се задржиме денес си има и име: Seasonal Affective Disorder или накратко, како и што ќе го нарекуваме во текот на овој текст: SAD. Накратко, денес ќе зборуваме за корелацијата меѓу депресија и промени во времето.

SAD е вид на депресија која се јавува со временските промени. Почнува во исто време секоја година и преќинува во исто време секоја година. Најчесто започнува со есента и трае за време на зимските месеци, но има и исклучителни случаеви каде почнува на пролет и трае во летните месеци. Овие чувства, не ги препишувајте само како промени кои ви се случуваат редовно и кои МОРА да ги помините сами. Не мора. Побарајте помош и олеснете си дел од годината кој прави да се чувстувате лошо. Луѓе кои имаат SAD искусуваат симптоми слични на депресија. SAD е поврзан со биохемиски дисбаланс предизвикан од пократките зимски денови и недоволнат светлина во текот на денот. 

Како што сезоните се менуваат, така и луѓето треба да го прилагодат внатрешниот часовник на таа нова промена. SAD е многу чест кај луѓе кои живеат најдалеку од екваторот, каде што деновите се најкратки во зимските периоди. 

Генерални симптоми:
  • Чувство на тага, скоро секој ден,
  • немање интерес за ништо, па дури и работи кои сме сакале да ги правеме,
  • ниска енергија,
  • пороблеми со спиење,
  • промени во апетит,
  • раздразливост,
  • потешкотии со концентрирање,
  • чувство на вина,
  • чувство на неприпадност,
  • безнадежност,
  • чести мисли за смрт и суицид.
Како што споменавме, има летна и зимска SAD. И тука може да се јават некои плус симптоми и разлики меѓу двете. 

Есенско- зимски симптоми:
  • Премногу спиење,
  • промени во апетит, најчесто зголемени,
  • зголемување на телесна тежина,
  • умор, 
  • ниска енергија
Пролетно- летни симтпоми:
  • Инсомнија,
  • намален апетит,
  • намалување на телесна тежина,
  • иритантност,
  • анксиозност.
Причини поради кои се појавува SAD:
Тоа што специфично се случува за да се појави SAD е сеуште непознато. Но, има одредени фактори кои може да играат улога за појавување:
  • Веќе го споменавме ова, но, една од причините поради кои се појавува SAD е неурамнотеженост на внатрешен часовник. Намалени денови и сончева изложеност може да стави симптоми кои одсликуваат зимскиот SAD, додека од друга страна зголемените сончеви зраци и зголемени денови даваат чувство на престимулација и носат до депресија, односно го отсликуваат летниот SAD.
  • Друга можна причина се нивоата на серотонин. Намалување на серотонин носи до депресија. Серотонинот се намалува од недоволна сончева светлина и намалени денови, што е карактеристично во зимските месеци. 
  • Следна причина, која може да влијае на појавата на SAD, е нивоата на мелатонин. Спиењето влијае на расположението, но исто така и нивото на мелатонин кое го имаме. Некогаш, и регулација на мелатонин може да е проблем кој може да донеси до депресија и лошо расположение. 
Ризик фактори:
SAD е многу почесто дијагностицирана кај жени, наспроти кај мажи. Исто така многу почесто се јавува кај помлади лица, наспроти кај постари. Но, други ризик фактори кои може да се забележат се: семејна историја, клиничка депресија или биполарно растројство и живеење далеку од екваторот. За дел од овие веќе зборувавме, но накратко, семејната историја е значајна затоа што луѓе со SAD имаат поголеми шанси да имаат некој во семејството со SAD или друга форма на депресија. Симптомите на депресија, доколку имате депресија или биполарно растројство, може да се зголемат доколку постои и SAD. Исто така, веќе го споменавме живеењето далеку од екваторот како фактор - колку подалеку од екваторот, во зимските денови, толку има помалку дневна светлина, која ја споменавме како една од причините поради која настанува SAD.

Користена литература:
https://www.psychiatry.org/patients-families/depression/seasonal-affective-disorder
https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/seasonal-affective-disorder/symptoms-causes/syc-20364651
https://uthealtheasttexas.com/news/depression-and-its-link-seasonal-changes
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/8540777/
https://chopra.com/articles/4-ways-seasonal-changes-can-affect-your-mood

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита