Posts

Зошто терапевти не смеат да сугерираат и зошто менување терапевт можи да е тешко?

 Одамна не сум споделила Твитер нишка, па вчерашната сега е тука. Зошто психотерапевтите не смеат да сугерираат? Пред се оти носиш одговорност за се шо ќе кажиш. Второ, клиент треба сам да стигни до решение/ увид и не треба да го сервираме на тацна. Ама често ние јасно гледаме нешто што клиентот уште не можи да го види. Затоа терапевт го води разговорот. И со самото водење на разговор ние го насочваме клиентот на шо да мисли и така за иста работа да стигни до свој заклучок. Трето, се користат задачи. Задачите 'функционираат' безразлика дали и како ќе ги извршиш и се стига до заклучок и кај терапевт и кај клиент каков и да е исходот. Тука сакам да се надоврзам на "мит" да го наречам, а то е дека психотерапија се поврзва со советување од страна на терапевт. И многу тоа го очекуваат и си идат разочарани. Жал ми е. Ама терапевт треба да те насочи да стигниш до свој заклучок, а не да ти кажи шо да прајш. Зошто менување на терапевт може да е многу тешко? „Ако не ти одговара

Како да учиш јазик ефективно?

Image
 Идејата за овој текст ја имав уште кога удрив 365 дена на Дуолинго, и заклучно со денот кога го пишам текстов сум на 515 денови на Дуолинго. И идејата воопшто не ми беше да истражувам и научно да поткрепвам како да се учи зошто такви текстови имаме ( линкови на крајот од овој текст), туку идејата ми беше да иди од место на лично искуство и надеж дека тој личен осврт ете можи ќе му служи во најмала рака како мотивација на некој, а во претходниот текст, а и многу други гледавме како мотивацијата е многу важна алатка генерално.  Така да ќе почнам со ред, еден ден многу сакав да учам Исландски, ама не можев да најдам многу ресурси ( ако би почнала од постоечките ресурси, без дополнителен курс никогаш не би можела да научам доволно) па се решив да учам the-next-best-thing, а то беше Норвешкиот, како држави и јазици шо ми се мене на топ 2 листа. И така пред 515 ( а кога ќе го објавам текстов барем уште +10 дена додадете), отворив прво Дуолинго, со очекување да ми здосади како кога учев Фран

Како да се мотивираш и да останиш мотивиран?

Image
Ова не е прв пат да зборуваме за мотивација тука, впрочем имаме зборувано во повеќе наврати, но обично тоа било во контекст на друг текст. Иако мотивацијата била основа на тие текстови, не беше „ѕвездата“. И сега сакам да направам да биди ѕвездата. Во текстот за важноста на мотивацијата за ефективно учење, чинам најдолго зборувавме за зошто е важна мотивацијата и од таму, да сфатиме како функционира мотивацијата за да можиме да ја искористиме максимално во наша полза.  Краток осврт на тој текст, што предизвикува мотивација? Социјални конструкти и надворешни настани имаат улога на претходници на мотивација кои ја предизвикуваат истата. Други мотиви можи да се изразат преку однесување, психофизиологија и слично. Во прилог, ќе преведам моделот на мотивација према Keeve, 2015, кој илустрира како мотивациските психолози ги изучуваат елементите кои предизвикуваат мотивација.  Ретко нашата мотивација иди од едно место, туку е микс од повеќе фактори. Нашите психолошки и физиолошки потреби не в

Физички проблеми како резултат на психолошка тензија: психосоматика

Денес ќе се запознаеме со нешто што сите го имаме почувствувано. Пеперутки во стомак, влажни раце, забрзано биење на срцето, болки во градите, губење на воздух. Светот на психосоматиката може вака да се јави „невино“ или пак да остави и посериозни последици ради психолошка тензија. Психосоматско нарушување е состојба во која психолошките стресови негативно влијаат на физиолошкото (соматско) функционирање. Зборот се состои од умот ( психо) и телото ( сома). Се смета дека некои физички болести се особено склони кон влошување на менталните фактори како што се стресот и анксиозноста. Со ова можеме да разбереме дека одредени ментални болести, како и психолош ка тензија може да влошат моментални физички симптоми и проблеми или да направат нови.  До одреден степен скоро сите болести се и физички и психички и поврзани меѓусебе. Има ментален аспект на секоја болест - како се справуваме со болеста, како се крепиме физички, колку можеме да се бориме. Има и физички аспект на секоја болест - може д

Како да си ги исполниме целите поставени за Нова Година? Работа кон цели.

Image
Иако текстов го пишувам како да е само за исполнување на цели поставени за Нова Година, сепак мислам на генерално исполнување на цели. Околу Нова Година сите поставуваме цели, ја перцепираме како нова цел, нова шанса, празен лист кој треба да го пишуваме наново. И како и секоја година, барем поголемиот процент од нас, не се држиме до тие цели. И не сме сами во неисполнувањето на нив. Одма после Нова Година сите почнуваат со вежбање. Одма после Нова Година се претплатуваат на диететски и детокс програми. Одма после Нова година се менуваме на неколку дена кон поскуваната цел пред да се откажеме и да продолжеме со животот како претходно што носи до разочарувања, ниска самодоверба, чувство дека не можеме ништо да завршиме, или просто кажано - дека не не бива. Но, дали е тоа вистина? Јас не би се согласила. Не е вистина. Единствена вистина е дека само пристапот кој го имаме не е ефективен и функционален, и треба да најдеме нешто што функционира за нас. И денес ќе зборуваме за начин/и како д
Image
Среќна Нова 2022 Година, сите желби реалност, колку и да неќам клишеа од типот "нЕкА е ПоУбА и ИзВаЈ мАкСиМуМ" а јас вервам дека е само обичен ден, еве ќе повервам дека ни треба малку та мотивација и ајде нека е подобро магично. Грижете се годинава повеќе за вашето ментално здравје, зошто не е само уште едно табу, туку реален дел од секојдневниот живот. ✨🍾🥂 

Депресија или барање внимание?

Го видовте насловот и се возбудивте? Не, не. Тука не рангираме болка , впрочем, многу сме против тоа. Како велам „ние“, како да не сум сама. Ама често се прави споредбава, депресија или барање внимание, како барање внимание да не означува своја симтоматологија подеднакво важна со било која друга психолошка состојба. Суштината на психолошките проблеми е некои имаат фатални исходи, некои не толку „драстични“ и тука се повлекува линијата кај одредени луѓе дека можи споредба. Дека има полошо. Дека не ти е најлошо. Дека „само“ бараш внимание. А, на што не се посветува внимание е дека сите одредени, помалку „тешки“ психолошки состојби, знат да бидат доста тешки и значајни за индивидуата. Можеби не е голема болка сега. Туку е малку помала болка с е к о ј еден ден. И то е товар шо не се носи од денес за утре, туку товар шо непреќинато го носиме секој ден. Товар шо денес можиме да го носиме, ама утре е потежок иако е навидум ист. То е исто кога вежбаме. Креваме тег од 3 кила. Не е многу. Можиме