Kултура на исклучување, слобода на изразување и идеали со потенцијал да прераснат во опасност
„ Како да ги држиме луѓето одговорни за своите грешки, и во исто време да останиме во допир со нивната човечност доволно за да веруваме во нивниот капацитет да бидат трансформирани “ - Бел Хукс Во последно сме сведоци на многу јавни исклучувања, на многу јавно уништени кариери каде никој не сака да се асоцира со „исклучениот“ терајќи го во изолација. Текстов одамна сакав да го пишам, а изминатиот месец беше добар потсетник да го почнам со нова исклучена личност секој втор ден. Теми кои ќе се обработуваат се правото на слобода на изразување и суштината на политичката коректност, но и тоа како влијае културата на исклучување и нејзиниот ефект врз природниот раст на личноста, исто така ќе зборуваме за опасни идеологии. Текстовите овој месец, барем дел од нив, имаа за цел да се поклопат со овој текст за да не е непотребно опсежен. За да можиме да продолжиме понатаму, ќе мора да се разбери поврзаноста и важноста на критичкото мислење обработено во текстовите „ Теории на заговор: граница меѓ...