Ќотекот како воспитна мерка: зошто не е опција и негативни ефекти врз менталното здравје на детето

Дисциплината е помагање на детето да реши проблем. Казната го прави детето да страда затоа што има проблем. За да растиме деца кои решаваат проблеми, фокусирајте се на решенијата, а не на казните“ - Л. Р. Кност

Оваа е широка и многу контроверзна тема, особено во нашето поднебје. Од една страна имаме луѓе растени со т.е. „телесни казни“ кои варираат од плескање по газ па се до други делови на телото. Од друга страна имаме луѓе кои се оттргнуваат од традицијата и се оттргнуваат од ваквите казни. Поради ова се покренува прашањето дали ќотекот е лош и какви поткрепи има за точноста? Зошто е толку тешко да се прифатат резултатите од толку различни истражувања? Вo овој текст ќе се зборува во детали за ефектите од тепањето, но и користење казни без физичко насилство и важноста на пријателскиот пристап кон детето. 

Зошто некои родители користат ќотек како воспитна мерка? 

Родители кои практикуваат казна на дете преку удар, најчесто во форма на удар по газе, го практикуваат ова затоа што сметаат дека е исправно. Се смета дека е ефективен начин да се научи детето да се однесува, иако во многу наврати е докажано дека тоа е лошо. Но, и покрај истражувањата кои тврдат дека тепањето не е ефективно, но повеќе од тоа - влијае и негативно, не само кај нас, некои родителите сеуште го практикуваат како опција за воспитување и дисциплина. Зошто е тоа така?

„И мене ме удирале, па еве океј сум“ е еден од најчестите аргументи кои ги среќаваме кај родителите кои плескањето го одбираат како метод на воспитување. Сепак, удирањето не ги учи зошто тоа што го нарпавиле е грешно, ни пак што треба да направат следен пат.

Удирањето по газ не ги учи децата да се однесуваат како што сакаат родителите и може да има спротивен ефект“ - Лиз Гершов, Ph.D., развоен психолог и професор во делот за човечки развој и фамилијарна наука на Универзитетот во Тексас. 

Удирање и каква било друга форма на насилство е ризик, а не гаранција дека одредени проблеми ќе се развијат. Иако порано ова било нормализирано, не значи дека е правилно. Многу работи биле порано оправдани кои сега не се, пример насилство од страна на наставник во училиште или не носење на детско седиште во кола и слично. Некогаш и ова било нормализирано, но не повеќе затоа што сме свесни за последиците. Дебора Сендек, директор на центарот на ефективна дисциплина, предлага родителите подлабоко да видат во своите искуства.

Прашајте се искрено дали почувствувате поврзување со родителот откако ве удрил, дали ударот ве научи лекцијата или дискусијата за кое однесување било лошо, помогна?“ - Дебора Сендек, директор на центарот за ефективна дисциплина.

Биле научени дека без ќотек детето се разгалува, или познатото „Ќотекот од рајот е излезен“ - Многу родители сметаат дека ако детето не е удирано, ќе порасни да биди разгалено. Разгаленост не се постигнува само со не тепање. Исто така разгаленоста не се решава, ни спречува со тепање. Подобар пристап би била некаква средина, и комуникација, но повеќе за начини на дисциплина и воспитување во нареден текст и накратко кон крајот на овој текст.

„Ништо друго не помага“ е само уште една фраза која често се слуша. Но, и удирањето не помага. Доколку удирањето би помогало, не би требало да има следен пат и повторување. Но, има. Дебора Сендек зборува дека проблеми со однесувањето не можат да се решат со удар, пошто на тој начин се „храни“ лошото однесување.

Некои деца се удираат затоа што се агресивни, или имаат проблем да ги контролираат емоциите. Поважно е за овие деца да научат да владеат над себе, а не да удираат кога имаат проблем“ - Дебора Сендек, директор на центарот за ефективна дисциплина.

Колку е ефективно удирање?

За подобро да се увидат ефектите од удирањето, ќе започниме од статијата на Американската Психолошка Асоцијација или АПА; објавена во Април 2012. 

Луѓето се фрустрираат и ги удираат своите деца. Можеби не гледаат дека има друга опција“ - Сандра Грам- Берман, PhD., професор по психологија.

Многу истражувања покажуваат дека физички, или „телесни“ казни - вклучително и удар по газ, или други видови на насилство водат до:
  • зголемена агресија кај децата
  • антисоцијално однесување
  • физички повреди
  • проблеми со менталното здравје
Према Грам- Берман, физичките казни само моментално го решаваат проблемот и проблематичните однесувањата затоа што децата се плашат да бидат удрени, но не функционира долго и ги прави децата поагресивни. Децата кои биле физички казнувани сметале дека удирање значи решавање на проблемот и почесто така ги решавале проблемите со браќата и сестрите. Родители кои често биле тепани во детството, почесто сметаат дека овој начин на воспитување е прифатлив и го применуваат. Објаснато е дека негативните ефекти не мора да се јават веднаш, но покасно во животот. 

Сепак, има и истражувачи, како Ларзелер, кои сметаат дека истражувањата не ја прикажуваат целата слика и дека не се прави разлика меѓу поблаги казни и построги. Во неговото истражување зборува за условено удирање ( по газ) како техника за дисциплина на деца од 2 до 6 години, која се практикува со слаб удар на задник откако нема да послуша правило како „тајм аут“.

Можам на една рака да избројам истражувања кои тврдат позитивен исход од физички казни и стотици кои укажуваат на негативен исход“ - Гершов

Последните години, многу психијатри, психолози, социолози и родители предлагаат да се банира физичка казна за децата.

Сите луѓе имаат право на заштита на негов физички интегритет, и децата се луѓе“ - Доктор Петар Невел 

( Негативни) ефекти од удирањето

  1. Удирањето ги учи децата и самите да удираат - детето е како сунѓер и впива се, па така ги прима и негативните страни кои ги гледа. Постои директна врска меѓу казни со удирање во детството и агресивно однесување покасно во животот. Децата учат така што набљудуваат. Доколку околината му е насилна и тоа ќе биде насилно.
  2. „Лошото однесување“ кај малото дете е одговор на неговите потреби кои не знае како поинаку да ги искажи - потребите на детето се од најосновни, како за храна и спиење, до покомплицирани, односно потреба за внимание. Живееме со брз ритам и е многу лесно детето да се чувствува запоставено, но и тој брз начин на живот да ги прави родителите понервозни и помалку трпеливи.
  3. Казната го трга детето од тоа учење како да го реши конфликтот без агресија - казнето дете е преокупирано со чувства на страв и фантазии за одмазда. 
  4. Казната влијае на односот на детето со родителите - казната носи добро однесување поради страв, а не поради љубов. Доколку удирањето е честа практика, детето се обидува да се заштити што влијае на врските со родителите, но и идни врски кои ќе ги има. За да не биди казнето детето можи да почни да лажи. 
  5. Многу родители и самите биле воспитувани со удирање и не можат да препознаат поинаков начин за добивање дисциплина - доколку казната не ја достигни целта, а родителот не знае да се справи поинаку, почесто и посилно тепа. 
  6. Нервоза и фрустрација која не можи да се искажи се истиснува - истиснати емоции се плодна почва за проблеми со менталното здравје. 
  7. Удирање по газ или ерогени зони можи да влијае на иден сексуален живот - каде мозокот на индивидуата ќе прави асоцијација на болка со сексуално задоволство. 
  8. Удирање, дури и по газ можи да има физички последици во иднина - се шпекулира дека удирањето по газ е една од причините за чести болки во грбот покасно кај човекот. 
  9. Дава грешна порака - удирањето не решава проблеми ама детето можи да сфати поинаку.
  10. Бихевиорални проблеми и проблеми со менталното здравје - истражување спроведено на 16 000 деца во период од 50 години укажува дека удирањето е асоцирано со: агресија, антисоцијално однесување, проблеми со ментално здравје, ниска самодоверба, негативна врска со родители и слично. 
Удирањето зголемува шанси да се добијат несакани однесувања кај детето. Удирањето резултира со однесување спротивно од посакуваното на родителите“ - Ендру Граган- Кајлор, ко- автор на споменатото истражување

Решение за дисциплинирање без удирање

Иако акцентот на овој текст е за ефекти од тепање, кратко ќе се зборува за две важни техники за дисциплинирање. За подетално, во некој нареден текст.

Важност на комуникација во дисциплинирање - човековата интеракција се смета за база на сите интерперсонални односи. Се фокусира на користење вербален и/ли невербален јазик за да се дади значење на различни мисли. Комуницирањето со дете е тешко, но неопходно. Со помали деца е неопходно повторување и користење едноставни и конкретни реченици. Комуникацијата е тесно поврзана со следната техника.

Позитивно засилување - ова се знаци кои се даваат, како награда или пофалба. Доколку детето памти награда или пофалба за своите постапки, шансите таа постапка да ја повтори се големи. Доколку детето згреши нешто, се користи комуникација за да се знае зошто згреши и кога ќе добие награда, односно кое е посакуваното однесување. Наградата можи, не не мора да е материјална, напротив се препорачува психичка стимулација и чувство на среќа. Да почувстува дека родителот се гордее со неговите постапки, за да би сакал да повторува само позитивни активности. 

Заклучок

Удирањето како дисциплинска мерка не е сигурен негативен фактор туку ризик фактор. Удирањето не го учи детето што има згрешено и не го решава проблемот. Заменски техники кои можат да се користат се комуникацијата и позитивното засилување. Детето има поголеми шанси да повтори одредено однесување доколку го асоцира со позитивни чувства.

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука


Може да ве интересира

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита

Здрава сексуалност