Како да знам дека пријателот ми е депресивен?

Депресијата не разликува боја, а постојано му се вели да забележи колку шарен е светот“ - Атикус

Прво и најважно, депресијата не е секогаш очигледна. Второ, доста е важно за пријателите и роднините да ги знаат првичните знаци на депресија па ќе можат да понудат поддршка порано. Обично сакам долги и детално обработени текстови, но овој и следниот ( комуникација со пријател во депресија) ќе биди пократок и дирек на поентата за да е повеќе од корист на тие кои се сомневаат за можна депресија кај пријател и како да бидат соодветна поддршка. Исто така можи да го проверите текстот за важност на медикаментозна терапија, затоа што медикаментозната терапија е често дел од третманот на депресија. 

(Рани) знаци кои укажуваат на депресија


Губење на интерес за работи кои претходно ги уживале - или пак доведува до преориентирање кон работи кои се лесни за уживање како: гледање серии, играње видео игри, седење на компјутер, притоа изоставувајќи ги другите активности кои уживал да ги прави.

Проблеми со спиењето - во секоја форма: проблеми со заспивање, будење во текот на ноќта или пак претерано спиење. 

Промени во исхраната - промените во исхраната варираат од прекумерно јадење до заборавање да се јади и губење апетит, ова се забележува доколку исхраната претходно не одела во еден од екстремите.

Промени во тежина - јадење премалку или премногу е знак на депресија. Некои луѓе се вртат кон храна за комфорт, додека други губат апетит. Резултат на ова се драстични промени во тежината.

Нервоза и иритабилност - обични пречките и предизвиците се тешки и можат да носат до фрустрација и чувствата кои доаѓаат со тоа. Ова е знак на депресија кои луѓето околу депресивниот човек често го земаат лично.

Злоупотреба на алкохол и дрога - одредени луѓе користат алкохол и дрога за да се справат со чувствата на: тага, осаменост и безнадежност. 

Суицидални идеи - ова можи да се сети при пасивност и користени фрази како „не ми е грижа дали ќе живеам или умрам“ или поактивни фрази како фантазирање за одземање на сопствениот живот.

Губење на самодовеба - депресивни луѓе доста често се чувствуваат лошо за себе и за нивната иднина. Особено кога е во прашање нивната иднина - не се оптимисти.

Умореност - постојано чувство на замор е чест симптом на депресија. Одредени истражувања тврдат дека во 90% од дијагностицираните депресивни лица, заморот бил присутен.

Форсирана среќа - „насмеана депресија“ е состојба кога депресивниот човек крие како се чувствува, но суптилно почнува да му се „испушта“. 

Губење на концентрација - често е забележано „губење“ на мисла, расеаност и заборавеност. 

Физички болки - многу често проблемите со менталното здравје се манифестираат како физички болки ( психосоматика): болки во грбот, хронични болки, дигестивни проблеми и главоболки.

Намалено либидо - промени во интересот за секс ( намален) се често клучни за дијагностицирање тешка депресивна епизода према Доктор Џенифер Пајн. Има повеќе причини зошто либидото може да се намали кога е присутна депресија: намален интерес за различни активности, замор и ниски нивоа на енергија, како и ниска самодоверба. 

DSM-V дијагностички критериум за депресија

Индивидуата мора да манифестира пет или повеќе симптоми во ист период од две недели и барем еден од симптомите мора да биди или 1) депресивно расположение или 2) губење на интерес и задоволство.
  1. Депресивно расположение поголем дел од денот, скоро секој ден.
  2. Недостаток на интерес, за скоро сите активности, скоро секој ден.
  3. Значително губење на килограми дури и кога не се држи диета или значително качување на килограми, или намален или зголемен апетит скоро секој ден.
  4. Намалување на мисла и намалување на физички движења ( кои се забележуваат од други, а не само субјективни чувства) скоро секој ден.
  5. Умор и губење на енергија скоро секој ден.
  6. Чувство на бескорисност и вина скоро секој ден.
  7. Намалена способност за мислење и концентрирање, како и неодлучност, скоро секој ден.
  8. Повторливи мисли за смрт, суицидални идеи без посебен план или пак обид за самоубиство или пак имање на специфичен план за самоубиство.
За да се добие дијагноза депресија, овие симптоми мора значително да влијаат на индивидуата и да влијаат на секојдневното функционирање. Овие симптоми не треба да бидат резултат од злоупотреба на супстанции или други медикаменти.

Последната едиција на DSM ( Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders) додава две спецификации за нахнадно класифицирање на дијагнозата:
  • Вклучени мешани карактеристики - оваа спецификација овозможува постоење на манични симптоми кај пациенти кои не ги исполнуваат сите критериуми за манична епизода.
  • Вклучено анксиозно вознемирување - присутност на анксиозност може да афектира прогноза, избор на третман и начин на кој пациентот реагира на него.

Заклучок

Доколку ваш близок ги има повеќето симптоми, разговарајте со него и насочете го кон стручно лице. Накратко, знаците може да вклучат: губење на интерес, проблеми со спиење и исхрана, нервоза, иритабилност, злоупотреба на супстанции, суицидални идеи, губење самодоверба, умор, губење концентрација, намалено либидо и слично.

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  


Може да ве интересира: 

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита