Комуникација со пријател во депресија ( dos and don'ts кога даваш поддршка на лице со депресија)

„Депресијата е живеење во тело кое се бори да преживее со мозок кој се обидува да умри“

Како и претходниот текст, и овој ќе биди краток и ќе оди директно на поентата. Акцентот се става на однесување и комуникација околу пријател кој е депресивен и чести грешки кои ги правиме, целосно несвесно додека се обидуваме да помогниме. 

Начини на кои можеме да бидеме поддршка на нашиот депресивен пријател


Едуцирајте се за неговата состојба - има многу митови и претпоставки во врска со депресијата и тоа треба да се разграничи со фактите. Многу би била лоша ситуација ако некој мора постојано да се објаснува за своите чувства. Некои сметаат дека некој можи да „излези“ од депресија по своја волја не разбираат дека е комплексна состојба на ментално здравје. Други пак сметаат дека е исклучиво причинско- последична како реакција на одредени настани во животот, што повеќе од често не е случајот. Денес сите сме подобро едуцирани на оваа тема него што бевме во годините претходно, но треба само кратка едукација за да знаеме како да не кажиме нешто навредливо иако сме мислеле само најдобро. 

Слушај - најдоброто нешто кое можите да го понудите на човек со депресија е едноставно да го слушате. Важно е да видат дека имаат пријател во тебе.

Прашувај многу прашања - прашањата за состојби како депресија се многу важни затоа што искуствата на секој човек со депресија се различни. Прашањата треба да бидат од отворен тип каде одговорот не е да/ не, за да би можеле да добиете повеќе информации за неговата состојба. 

Научи што да не кажуваш - некои работи звучат добро во нашата глава, но за депресивен човек можат да бидат штетни, и баш затоа обидете се концентрацијата да ви биди на слушање, а не на советување. 

Увиди дали има знаци на самоубиствено однесување - знаци кои можете да ги препознаете се: 
  • безнадежност
  • интензивна емоционална болка
  • непредвидливо и ризично однесување
  • зборување за смрт и начини на умирање
  • правење тестамент
Зборувајте за стрес - стресот можи значително да ја влоши моменталната состојба. Со зборување се зема дел од товарот, но и ќе видиме дали има начин како да му асистираме со секојдневните обврски што би резултирало со намалување на нивото на стрес. 

Зборувајте за поддршка - без разлика дали се работи за физичко или ментално здравје, многу е важно каква поддршка се добива и наредни чекори во поглед терапија. 

Правете да се смејат - за привремено да се тргни паметот на пријателот од тоа што го мачи, направете го да се смее. Покрај се, вие најдобро го познавате. 

Урнете ја стигмата околу менталното здравје - помогнете му на пријателот да побара помош и кажете му дека менталното здравје е важно и проблеми со истото не ве прави слаба личност. 

Работи кои не треба да ги велиме на нашиот депресивен пријател


„Пробај посилно“ - кога некој ти вели да се обидиш посилно, кога веќе го даваш својот максимум во најмала рака е деморализирачки. 

„Расположи се“ - можеби велејќи некој да се расположи и да се насмевни, навидум се лесни за исполнување и ефективни, но ваквите фрази прават пренагласеност на чувства на тага кои се асоцирани со депресија.

„Не изгледаш депресивно!“ - ја прати логиката дека луѓето на кои им е потребна помош личат поразлично од тие на кои не им е потребна помош. Ова не е точно. Доста често луѓето со депресија ставаат лажно весело лице за да маскираат што вистина чувствуваат. 

„Не можи да е толку лошо“, „можи да биди полошо“, „ха, па ти мислиш дека ти е лошо?“ - обидете се да одолеете споредби на болка, споредба со некој друг или пак минимизирање на нивните чувства. Особено луѓе кои не гледаат „причина“ за својата депресија би се чувствувале значително полошо после вакви фрази. 

„Се ти е во главата“ - оваа фраза минимизира чувства и важност на истите и во исто време нагласува дека имаме целосна контрола врз нашето ментално здравје. Немаме. 

„На кој му е гајле?“ - можи да предизвика чувства на вина и срам, притоа да направи индивидуата да се чувстува како да е вишок.

„Не мислиш на никој друг освен на себе“ - кога е некој депресивен можи да личи како секогаш вниманието да го врти кон себе, но тоа не ги прави себични.

„Мисли позитивно“ е една од најчесто користените фрази, но како се мисли позитивно? Не е дека пријателот не сака да мисли позитивно туку не можи.

Заклучок

Доколку имате близок кој се бори со депресија, бидете спремни затоа што патот кој ќе го врвите е долг, но секој чекор вреди. Важно е да се направат одредени промени во однесувањето и вокабуларот кој ќе направат нашиот близок да увиди дека се грижиме и сме тука за него. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  



Референци ( и прочитај повеќе):


Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита