Не придржување до мерките за претпазливост: зошто многу луѓе одбиваат да носат маска и да одржуваат дистанца?
„ Ние треба да го негуваме секој момент со фамилија, не покрај, туку поради овие темни времиња во кои можеме “ - Калеб Харден'22; Guest Room Живееме во невообичаено, кризно време кое можеме да го надминиме со грижа за колективното здравје, грижа која сега вклучува придржување до мерките за претпазливост: носење на маска, дезинфекција и држење на социјална дистанца, а во иднина би вклучило и редовна вакцинација. Мора и да се има во предвид дека одредени индивидуи не можат да носат маски, кое ќе се спомени во текстов, но секој човек кој можи ( повеќето) немаат изговор зошто не носат маска. Меѓудругото ќе се зборува за како правилно се носи маска, зошто е важно да се носи и која е психологијата зад луѓето кои не носат маски. Во раните денови на COVID-19 CDC ( Centers for Disease Control and Prevention) изјави дека здрави лица не мора да носат маска, но не многу покасно ( Април 3) предлага сите да носат маска за максимална заштита. Нормално, многу луѓе беа збунети од ова, но реалноста...