Колку проблеми со самодовербата носат корен од онлајн светот? Поврзаност меѓу ниска самодоверба и социјални мрежи.

 „Ниска самодоверба влијае на се, од начинот на кој се гледаш себеси, кариерата па се до начинот на одржување на врски

Како луѓе, се што мислиме и карактеристики кои ги имаме доаѓаат до претходни искуства, дали тоа биле позитивни или негативни. Со секојдневното користење на социјални мрежи, тие стануваат уште еден фактор кој е дел од нашите искуства кои влијаат врз нашиот психолошки и социолошки развој. Социјалните мрежи се поврзани со повисоко ниво на осаменост, завист, анксиозност, депресија, нарцисоидност и намалени социјални вештини, но и доста често проблеми со самодовербата, најчесто негативни ( прв линк во референци). Ова е главниот фокус на овој текст, односно ќе ги увидиме ефектите од социјалните мрежи, како и колку влијаат врз расположението на индивидуата и како може да влијаат врз карактерот. 

Како изгледаат проблемите со самодовербата? 

Прво мора да се разграничи, што се подразбира под поимот самодоверба? Самодоверба е мислењето кое некоја индивидуа го има за себе. Здрава самодоверба подразбира доверба во себе и своите способности и отвореност кон критика со цел личен напредок. Проблемите со самодовербата може да се од различен карактер, односно самодовербата може да е висока и ниска. Проблем со самодовербата е и нарцизам кој ќе се обработи одделено од ниската самодоверба иако се поврзани. 

Чести симптоми за ниска самодоверба:

  • недоверба во своето мислење
  • прекумерно мислење за се
  • страв од нови предизвици, конкретно страв дека нема да можи да се исполнат предизвиците кои се преземаат
  • честа и голема анксиозност
Омраза кон себе - се случува во одредени ситуации да не се сакаме себеси, зависно од условите во кои се наоѓаме. Но, постојано вакво чувство е алармантно и често знак дека се работи за ниска самодоверба. Обидете се за секоја една негативна мисла која ја имате да дадете една позитивна. Никој не е ултимативно добар или лош. Често правиме работи за кои се каеме, но тоа не не прави лош човек. Грешките се дел од нас, но не се единствена карактеристика која не дефинира.
Опсесија со перфекција - може да се речи дека перфекционизмот е најдеструктивната карактеристика која доаѓа пропратно со ниска самодоверба. Перфекционизмот е потреба за контрола на себе и околината, најчесто поради проблеми со сликата која индивидуата ја има изградено за себе. Има разлика меѓу неуспех во одреден проект и тоа да се биде неуспешен човек. Овие две работи треба да се одделат затоа што одреден неуспех не значи дека не вредиме како луѓе и не не дефинира како луѓе.
Проблеми со телото - негативна слика за телото се поврзува со проблеми со самодовербата и чувство дека индивидуата нема вредност. Ова може да влијае на тоа како индивидуата се претставува кон околината, но и колку се грижи за своето здравје. Негативно влијае споредби со други луѓе. 
Агресивни чувства - агресијата е нормална емоција, но чести агресивни чувства укажуваат на подлабок проблем. Еден од тие проблеми е ниската самодоверба затоа што личноста смета дека неговите чувства и мисли не се важни и решава да не ги споделува. Истиснати чувства водат до фрустрации и нервоза и ситници се тригери за агресивни поведенија.

Помалку познати симптоми за ниска самодоверба

Концентрирање на работа - на работа е полесно да најдиме контрола за разлика од другите интерперсонални врски кои ги имаме, па човекот со ниска самодоверба би се „фрлил“ во работата за да чувствува успех и вредност.
Премногу достигнување или недоволно достигнување - многу од нас имаат слушнато, или сами забележано дека луѓе со ниска самодоверба не постигнуваат доволно, најчесто поради веќе споменати причини: страв од ( нови) пердизвици и недоверба дека нештото можат да го завршат. Ова не значи дека се некомпетентни, само значи дека не се истакнуваат. Но, постои и друг екстрем - преголемо достигнување. Индивидуата толку се плаши од неуспех што прави се во своја моќ да ја докажи својата вредност. 

Причини за ниска самодоверба и како влијае на секојдневниот живот

Како и се што споменавме претходно, ние сме такви какви што сме ради претходните искуства. Во најголем процент од времето условите и околните фактори од детството влијаат врз формирањето на здрава самодоверба. Негативни рани искуства кои водат до проблеми со самодовербата се:
  • чести казни
  • често тепање и примена на насилство како воспитна мерка врз нив
  • строги стандарди и правила поставени од родителот кој го учат детето дека мора да направи нешто за да заслужи љубов
  • жртва на булинг
  • човек кој го преживува туѓиот стрес преку директна изложеност на него
  • недостаток на пофалби, топлина и љубов
Но, ниска самодоверба може да се добие и покасно во животот што ќе се обработи во наредните точки при анализа како социјалните мрежи влијаат врз намалената самодоверба и општо при проблеми со самодовербата. 

Самодовербата е голем дел од нашиот живот и следователно влијае на квалитетот на нашиот живот. 

Кога имаш ниска самодоверба очекуваш луѓето да се однесуваат лошо со тебе. Ова можи да доведи до мешање на тоа што е љубов, а што не е, затоа што кога индивидуа со ниска самодоверба е третирана добро и со почит, може да развие нереалистично позитивни чувства кон тој кој ја третира достоинствено. Но, исто така можи да влијае неповолно врз љубовниот живот така што личноста со ниска самодоверба смета дека партнерот е повеќе вреден и секогаш во право. Ова можи да е особено поразително доколку се работи за токсична врска или пак врска во која е инволвирано насилство.

На работно место ваквата индивидуа може да е перцепирана како некомпетентна. Не истакнување, склоност кон тишина и страмежливост, како и константно извинување може да креира слика дека индивидуата не е доволно компетентна за даденото работно место. 

И за крај за оваа точка, мора да се нагласи дека ниска самодоверба можи да донеси до депресија ( четврт линк во референци). Со текот на времето ниската самодоверба носи до депресија према истражување изработено во Универзитетот во Базел. Психологот д-р. Ларс Мадсен додава дека ниска самодоверба често е „клучниот фактор во развојот и одржувањето на депресија“. 

Нереалистични стандарди за живот 

Поставувањето на нереални стандарди за успех и убавина и нивно идеализирање постои одамна иако е многу деструктивно. Ова особено беше забележано во магазините и рекламите со модели кои се фотошопирани, средени и строго контролирани. Денес, ваквите нереални стандарди се многу поблиску до дома, и не од страна на славни личности туку луѓето кои ни се во опкружувањето.

Во текстот за онлајн дејтинг е споменато дека доста често нашите социјални мрежи откриваат само една страна од нас, а тоа е најчесто позитивната и сме опкружени со блиски роднини и пријатели и нивните идилични животи креаирајќи перфектна слика за себе која доста често не е иста со реалната слика од себе. 

Дона Вик, EdD и основач на Mind- to- Mind Parenting зборува дека тинејџерите имаат комбинирана тежина на осетливост, потреба за валидација и желба да се споредуваат со врсници. Ова доведува до нагласок на личните негативни чувства кои не можи да ги најди на туѓите профили. 

Ваквите нереалистични стандарди стануваат опасни како што детето расти и се движи во адолесценција каде има повеќе препреки и проблеми со кои треба да се соочи. Постои притисок да се изгледа совршено за да се импресионираат врсниците, а притисокот да се импресионираат родителите и роднините е уште поголем. Ова можи да доведе до криење на не перфектниот живот кај одредени млади, особено кај млади кои страдаат од депресија и анксиозност. Креирање на вистинските чувства прави да се затворат повеќе во себе и да е потешко за околината да забележи дека постои проблем. Тинејџери кои имаат креирано идеализирана верзија на себе може лесно да се фрустрираат затоа што реалноста не се совпаѓа со онлајн персоната. 

Доктор Емануел вели дека децата гледаат на социјалните мрежи преку сопствени очи. Ако тие имаат проблем со себе и да останат на врвот на нешто, гледајќи слики од врсници кои си врват добро може да бидат интерпретирани како потврда дека тие се полоши во споредба со своите пријатели. 

Нарцизам и социјални мрежи: дали социјалните мрежи креираат повеќе личности со главен фокус на себе?

Како што споменавме претходно, проблеми со самодовербата не подразбираат само проблеми со ниска самодоверба, но и нереално висока самодоверба. Во секојдневниот говор кога се зборува за човек кој е нарцисоиден можи да се однесува на навреда, лична карактеристика, но и на целосно пореметување на личност. Но, во текстов акцентот е на нарцизам како лична карактеристика, а не како пореметување на личноста.

Нарцизмот опфаќа голема група на однесувања на висока важност на себе, потреба за моќ и восхит и опседнатост со сопствениот изглед и успех. Може да биде фокусирано на воздигање на себе, но и на спуштање и туркање на другите долу. Истражувањето за кое ќе се зборува во оваа точка е осми линк во референци. Тешко е да се разграничи што иди прво: нарцисоидни карактеристики или користење на социјални мрежи? Во претходнато споменатото истражување било најдено дека голем број нарцисоидни карактеристики се поврзани со користење Твитер и општо социјални мрежи кои се базирани на текст. Но, корисниците на Фејсбук и други визуелни мрежи имале тенденција да „направат“ нарцисоидна личност со тоа што ваквите карактеристики се засилувале со тек на користење на мрежата. Од тука, на прашањето дали прво идат нарцисоидните карактеристики или користењето на социјални мрежи, одговорот би бил: зависно од типот на социјална мрежа. 

Во исто време има и други варијабли кои се наоѓаат во споменатиот линк, но накратко ќе се освртнам, без одење во премногу детали, за другите варијабли: мажите и жените покажуваат различни нивоа на нарцизам онлајн со застапеност од 8% кај машката популација и 5% кај женската популација. Исто така 43% од девојчињата користеле социјални мрежи активно наспроти 31% од момчињата. Овие девојчиња имале укажано пониски нивоа на среќа и повеќе социјални и емоционални тешкотии за време на нивниот раст и развој. 

Решавање на проблеми со самодовербата: ниска самодоверба и слика за себе

Прво мора да се нагласи дека за решавање на проблем со самодоверба треба да се увиди зошто и како настанува, кое се врши најефективно со психотерапија. Оваа точка само дава предлози и сугестии.

Игнорирај „позитивности“ како начин за решавање проблем - „само биди среќен“ не е лек за депресија и од таму „зошто не се почитуваш себеси повеќе“ не е лек за ниска самодоверба. Дури и можи да предизвика чувство на неадекватност кај личноста.
Фокусирај се на друго место - нема да се крени самодовербата ако еднаш или два пати се префокусираш од негативна на позитивна мисла. Не можи да се преќини начинот на размислување толку лесно, но штом сетите дека некоја мисла ви смета - префокусирајте ја на нешто друго. Но важно е да се знае - ова е бавен процес, особено ако не се знае зошто настаната ниската самодоверба.

Решавање на проблеми со самодовербата: како да помогнете на вашиот тинејџер

Веќе разгледавме какви ефекти може да имаат социјалните мрежи врз една личност и ваквите ефекти може да бидат понагласени кај адолесценти и тинејџери. Најголема поддршка на луѓе во овој период се родителите и блиските пријатели. Сепак, препораките обработени во оваа точка се повеќе од аспект на поддршка од родител.

Доктор Вик ( Дона Вик, EdD, основач на Mind- to- Mind Parenting) вели дека држењето на тинејџери на безбедна дистанца од социјални мрежи е многу покомплицирано од што звучи.

Земјате ги социјалните мрежи сериозно - нешто кое се споменува во текстот за психологија на толпата, а е точно и тука е дека сликите носат до силни емоции, а силните емоции не насочуваат максимално. Најчесто, социјалните мрежи се доста визуелни и се добива ист впечаток на поврзаноста меѓу слика и емоција. Работите кои се случуваат онлајн за тинејџерите се многу реални затоа што тие немаат поинаква реалност надвор од интернет светот. Кога се зборува со дете на оваа тема не треба да се минимизираат проблемите затоа што се на интернет, нашето искуство е поразлично од нивното. 

Охрабрете го да мисли надвор од кутијата - научете го детето да биде критично на тоа што гледа, а не се да прифаќа како точно. Насочете го да мисли зошто некоја слика е сечена на одреден начин или пак има одреден ефект. Каква би била оргинална сликата и реалната? 

Моделирање здрави одговори на неуспех - ова не се однесува само на социјални мрежи туку е нешто што можи да се примени општо. Према доктор Вик, родителите не треба да ги кријат и маскираат сопствените неуспеси затоа што на тој начин ќе ги научат децата не само дека е океј и нормално да се доживее неуспех туку и ќе ги научат децата да бидат среќни со секој успех без разлика колку мал. 

Верувајте во луѓе, не во слики - споменавме дека профилите на социјалните мрежи често може да бидат фасади и да се прикриени вистинските чувства и ситуации. Покажете му дека можат да ви се доверат за било што без да им дадете остар суд. 

Решавање на проблеми со самодовербата: нарцисоидност

Доколку не се реши подлабокиот проблем поради кој доаѓа до некој симптом, дури и да можиме да контролираме однесување, евентуалниот ист симптом ќе исплива на површината. Маскираниот проблем не е решен проблем. 

Елинот Гринберт, Ph.D., CGP е гешталд психотерапевт кој специјализира и работи со луѓе со нарцисоидни пореметување на личност меѓудругото. Таа има изработено план во седум чекори за контролирање на нардцисоидни тенденции.

  1. Идентификување на тригери за однесување кое сакате да го промените - бележете можни тригери во текот на денот.
  2. Идентификувајте потенцијални ситуации кои би биле тригер.
  3. Идентификувајте однесувања кои сакате да ги промените.
  4. Замислете ја идеалната реакција.
  5. Обиди се да „откажиш“ несакани однесувања.
  6. Креирај нов договор - замисли сценарио.
  7. Константно прегледувај успеси и откривај нови сфери во кои можеш да се поправиш.

Заклучок

Несомнено е влијанието на социјалните мрежи врз самодовербата. Тие ни даваат простор да се изразиме како што сакаме без разлика колку е тоа оддалечено од реалноста. Од таму тоа влијае лошо на нас поради фрустрација на несовпаѓање на реалното јас и виртуелното јас, но и влијае лошо на тие кои не следат затоа што виртуелното јас е навидум совршено. 

Прашања на кои можи да се размисли:
  • Како социјалните мрежи ти го сменаа животот?
  • Дали можиш долго да издржиш без социјални мрежи? 

Прочитај повеќе

Користена литература:

  1. https://www.newyorker.com/tech/annals-of-technology/how-facebook-makes-us-unhappy
  2. https://www.netdoctor.co.uk/healthy-living/wellbeing/a25866/how-to-overcome-low-self-esteem/
  3. https://www.lifehack.org/565816/low-self-esteem
  4. https://psychcentral.com/blog/is-low-self-esteem-making-you-vulnerable-to-depression/
  5. https://childmind.org/article/social-media-and-self-doubt/
  6. https://www.huffpost.com/entry/social-medias-impact-on-self-esteem_b_58ade038e4b0d818c4f0a4e4
  7. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6266525/
  8. https://www.psychologytoday.com/us/blog/digital-world-real-world/201909/narcissism-and-social-media-should-we-be-afraid
  9. https://www.frontiersin.org/articles/10.3389/fnhum.2019.00292/full
  10. https://www.psychologytoday.com/us/blog/understanding-narcissism/201802/7-steps-changing-your-narcissistic-responses

  • https://www.youtube.com/watch?v=qRT0vnWgO9w
  • https://www.youtube.com/watch?v=yJKCl1kpNr8
  • https://www.youtube.com/watch?v=IEfS-_a21kk
  • https://www.youtube.com/watch?v=arJLy3hX1E8


Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита