Поддршка на луѓе кои одат на терапија и се справуваат со потешкотии со нивното ментално и емоционално здравје: афирмативен јазик

Иако насловот го ставив и за луѓе кои одат на терапија, замислата на овај текст ми беше пристапот кон луѓе кои се соочуват со некој проблем или едноставно врват низ потешкотии со нивното ментално и емоционално здравје. Зборовите кои ги користиме се најчесто "make it or break it'' односно или прават да сме навистина подобро, не променуваа ништо или прават да е многу полошо. И сакаме да ја избегниме последната ситуација. И нешто што го опишав во темата за токсична позитивност, е всушност ова, мали насоки како нашиот јазик да биди афирмативен и да ги уважи туѓите чувства. Многу е лесно да западниме во замката на фразите промовирани во токсичната позитивност како начин да тешиме некој и како што споменав таму, најчесто ваквите фрази идат од добро место - место каде што сакаме да помогниме на некој сакан, но сепак да не го добиеме посакуваниот резултат. 

Оваа тема ми беше планирана од претходно, ама вистинската мотивација дојде баш од едно прашање кое го сретнав на интернет за што да се речи на пријател за да му е подобро. Нема еден збор- или фраза која магично лечи. Не постои краток пат кој можиме да го поминиме. Постои долг, трнлив пат кон подобро ментално здравје. И што можиме да направиме како пријатели и блиски е да ги уважиме чувствата на пријателот кој ни се доверува за мал проблем, или пак посериозен и да направиме да се почувстува како да не прави ништо лошо, и дека неговата состојба е океј и дека да, има начин да се извлечи. Но, како се достигнува тоа?

Како прва, и најважна точка, најважна можеби и е фразата: „Дали сакаш да зборуваме за ова? Кога што си спремен - тогаш.“ не секој секогаш сака да зборува. Но, сака неговите чувства да бидат валидизирани и уважени. Да знае дека разбираме. И од нас како пријател се очекува да го дадеме тој простор, да дадеме до знаење дека се интересираме и ни е грижа за нашиот пријател и дека сме спремни да ја разбериме неговата состојба од негов аспект и да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е. Точките навидум се повторуваат затоа што се веќе споменати во текстот за комуникација со пријател во депресија, но овој текст опфаќа поголема рамка на потешкотии со кои можиме да се сретнеме во животот. 

Многу честа грешка е, и не можам доволно да кажам колку честа грешка, барање на симптоми и самодијагноза. Не само за менталното здравје, туку и за физичкото. Ваквото барање и гледање во деталите колку шо е полезно, многу повеќе не е добро и става дополнителна спрега на менталното здравје. Од таму, не правете претпоставки за проблемите на вашиот пријател, и не поставувајте или годете дијагнози за него. Ова ќе стави непотребен притисок врз пријателот, а можеби и сам ќе го пушти во барање симптоми кој можи понатамошно да ја влоши моменталната состојба во која се наоѓа. 

Исто така, одењето на терапија или пак потешкотиите со менталното здравје на вашите блиски, не треба да е пречка да се однесувате со нив како претходно, но сепак потолернатно. Тоа вклучува да ги каниме на сите настани и работи кои сме ги правеле претходно, но да имаме разбирање доколку им треба пауза и да не вршиме притисок по секоја цена да го прават нештото за да „докажат“ дека се е океј. Доколку не одбијат, не треба да го сфатиме лично. 

Тоа веднаш не носи до следната точка, не треба да ни „докажуваат“ ништо. Често сакаме да имаме контрола на ситуацијата и да се враќаме во некое гнездо каде што се чувствуваме безбедно. Тоа може да не извади од комфорт зоната и по секоја цена да сакаме некаков доказ или знак дека ситуацијата се стабилизира и се враќа на она што го викаме нормално. Но, нашите емоции, како и нашето здравје не се една права линија и таква гарација не постои. Покрај тоа барањето доказ можи да влијае неповолно врз тој од кој се бара доказ и да се почувстува како да не прави доволно за самиот себе.

Постојано прашувајте како е. Океј, можеби не постојано, туку доволно за да блиската личност добие до знаење дека навистина се грижите за неа и дека ви значи. 

Нешто што е споменато и во текстот за комуникација за пријател во депресија ( кој длабоко препорачувам да се прочита затоа што совршено се поклопува со овој текст) имам споменато дека едукација околу состојбата на пријателот е можеби и најклучна. Ако ние разбираме и проучиме во каква состојба се наоѓа нашиот пријател, нема да поставуваме прашања кои најверојатно ги одговара постојано, туку ќе можиме да се прилагодиме на него без да му ставиме стега дека не е нормално или пак дека мора да ни се дообјаснува. Ова ќе направи да се чувстува попријатно и поприфатено покрај нас. 

Поставувањето на прашања околу тоа како се чувстуваат обидете да се „отворени. Постојат отворени и затворени прашања. Затворените прашања покренуваат одговор од да или не и не дозволуваат натамошна дискусија. Отворените прашања од друга страна покренуваат човекот да се отвори и да зборува нешто повеќе околу себе. На пример, доколку забележиме дека пријателот ни е летаргичен и немотивиран, затворено прашање би било: „дали се чувстуваш лошо?“, додека отворено прашање би било: „дали сакаш да ми кажиш како се чувстуваш?“ поттикнувајќи подетално зборување на темата. 

Но, можеби сепак најважно во ваква ситуација, ако блиската личност не е на терапија, а му е потреба, е да се насочи на терапија. Тука обидете се да не земате контрола туку само да го насочите кон терапија, но одлуката мора да е негова. Ако сам не донеси одлука, шансите се дека ќе има отпор и нема да сака да соработува. 

Ова што е пишано до сега можи да се аплицира на било какви проблеми и расположенија, афирмативен јазик кој ни дозволува да ја уважиме личноста и неговите чувства. Сега сакам да зборуваме кога некој веќе стига да оди на терапија. Кај нас, за жал, барањето психолошка поддршка е големо табу. Многу често се поистоветува со „ненормалност“, „сигурно му фали нешто“ и доста често и комплекс на супериорност доаѓа до израз каде сметаме дека ние мора да знаеме најдобро за себе и дека ако бараме помош уствари не сме доволно добри. Но, нешто што мора да прифатиме е дека менталното здравје е исто како и физичкото. Бара негување и колку и да знаеме најдобро за себе, некогаш едноставно ни треба поддршка, како и од најблиските, така и од стручно лице. 

Јазикот кој треба да го користиме кон лице кое е на терапија, додека зборуваме за терапија не треба да биди осудувачки. Од таму, многу често се зборува за митот дека само „ненормални“ одат на терапија или „болни“. Што, не е точно. Но, доколку му речите на некој „зошто на терапија, само _________ одат таму?“ можи да биди многу контраефективно па дури и да резултира со напуштање на терапијата како најлош исход, но и затворање кон терапевтот, па и луѓето, и насочување на цела негативна енергија кон себе. Доволно во ваква ситуација е да се речи дека „се надевам дека терапијата ти помага“, ако единствениот нагон кој го имаме е да направиме ваква забелешка. 

Некогаш можи да се почувстуваме како да не правиме доволно за нашиот пријател и да сакаме ние да сме доволна поддршка за него користејќи врази како „но зошто одиш на терапија, зборувај со мене“. Да бидиме отворени со најблиските е идеално, но не секогаш ги имаме ресурсите кои би ги имало стручно лице и не можиме да помогниме на начин на кој можи стручно лице. Поддршката која ние ја нудиме како приајтел, и поддршката која ја нуди стручното лице како такво се доста различни. Тука е доволно да се уважи дека е потребна терапија, но да останиме отворени доколку блиската личност сака да разговара и со вас. Тука исто спаѓаат покажување на алтернативи на терапија. Најчеста алтернатива за терапија се предлага јога, медитација, вежбање, теретана. Што се добри активности. Но, доколку некој е во терапија, не треба да го тргниме од неа, но ваквите алтернативи, не треба да бидат замена за терапија туку би било идеално ако одат рака под рака со терапијата. Место да се охрабри некој да остави терапијата за да практикува јога на пример, многу подобро е да се охрабри да остани во терапија и ако сака да пробате јога заедно. 

Некогаш тоа што го чувстуваме не е лесно видливо на нашето лице и одењето на терапија можи да биди шок за најблиските. Една од поголемите грешки е да се речи: „личиш нормално, зошто ти е терапија?“. Ова имплицира неколку работи, веќе споменати претходно: со тоа што се вели дека личиш нормално или како ништо да не ти е, се имплицира дека тие што одат на терапија личат поразлично и не „нормални“;  и ни укажува дека пријателот не е доволно отворен да ја разбери моменталната состојба во која се наоѓаме. Алтернативно на оваа фраза е да укажиме колку сме горди за чекорите кои ги презема драгата личност за да си го подобри менталното здравје. 

И за крај сакам да ви пратам еден текст, се вика „за што да зборуваме во терапија“ и е на англиски но сепак ќе го линкувам. Евентуално ќе ја обработиме и таа тема, но засега нека седи вака. Во текот на овој текст често пати нагласував дека кажување дека нешто е нормално имплицира дека постои ненормално. И тоа е голем проблем за кој ќе зборуваме многу наскоро. Што е нормалноста? Зошто само тоа што е „нормално“ е прифатливо? 

Користена литература:

  • https://www.mentalhealth.org.uk/publications/supporting-someone-mental-health-problem
  • https://www.rtor.org/2016/11/08/what-not-to-say-to-a-loved-one-in-therapy/
  • https://www.self.com/story/what-to-talk-about-in-therapy
  • https://socialetiquettemk.blogspot.com/2020/08/komunikacija-so-prijatel-vo-depresija.html
  • https://socialetiquettemk.blogspot.com/2021/02/toksicna-pozitivnost.html
  • https://socialetiquettemk.blogspot.com/2021/01/rangiranje-na-bolka.html

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита