Што да очекувам на терапија? - Вадење максимум

Во претходниот текст започнавме да зборуваме за очекувања од прва средба и како таа треба да изгледа, а денес ќе продолжиме за очекувања и вадење на максимум од терапевтските сесии. 

Што да очекувам од терапијата?


  • Очекувај дека ќе чувствуваш м н о г у емоции, дел кои и нема да можеш сам да ги разбереш. Важно е да не се срамиш од нив, и да не се затвораш од идно зборување. Психотерапијата е сепак терапија со зборови и начин на кој се обавува е кога двете страни се отворени и разговараат. 
  • Очекувај да определите основите на идните терапии. На почеток не можи да фатите се, како што спомeнвме, терапијата е процес, не брзо решение. Па на прва средба е добро да се определат основите: кога ќе се оди на терапија, колку пати месечно, дали ќе има одредеи задачи кои ќе се носат дома, на кој проблем ќе се фокусирате и сл. 
  • Терапијата не завршува кога завршува сесијата. Меѓу сесии не заборавајте дека сте на терапија, туку размислувајте за што се разговарале. И слободно на следна сесија презентирајте вашите размислувања на вашиот терапевт.
  • Океј е да се предомислиш. Не секој кликнува со секој веднаш. И во ред е да не ти се допаѓа правецот на кој оди терапијата па да прашуваш прашања или пак дури и да смениш нов терапевт. 

Како да извадиш максимумот од одење на терапија? 

  • Најважно можеби е да си искрен со себе, но и со својот терапевт. Колку си поискрен со себе, но и со твојот терапевт, толку полесно тој можи да ти помогни со твојата потешткотија. 
  • Ако се чувствуваш нелагодно да зборуваш за себе, кажи на твојот терапевт.
  • Дозволи си да чувстуваш и зборувај за тоа.
  • Стави лични граници во терапијата, ако тоа прави да се чувстуваш побезбедно и поотворено за време на целиот процес.
  • Фокусирај се на терапијата.
  • Можеби најголемиот мит е, дека терапијата ги дава сите одговори. Терапијата не ги дава сите одговори. Терапијата не оспособува како да ги најдиме сите одговори. 
  • Биди трпелив. Терапијата е процес, не е лек кој дејствува веднаш. 
За да можеме да го извадиме максимумот од терапијата, треба и да знаеме како да се оградиме од штетни митови кои постојат околу терапијата и на тој начин ќе имаме позитивен став за неа, а со тоа ќе сме поотворени и склони да соработуваме. 


Митови во врска со психотерапија:
  • Психотерапевтот треба да ме советува“ е можеби нешто што најчесто го среќавам кога некој зборува за незадоволство поради терапија. Терапевтот не треба да советува. Треба да те слуша, и суптилно да те насочи да зборуваш на одредена тема. И тоа што те насочува да го зборуваш е клучното за сами да стигнеме до решение. На тој начин се учат начини и техники за решавање на проблеми кои ќе ги имаме трајно. Решание на еден проблем не не учи како да решиме друг проблем. Но, кога учиме техника како да решаваме одредена категорија проблеми, можеме да ги решиме сите проблеми во таа категорија сами. И тоа се учи на терапија.
  • Терапевтот ќе ме тера да зборувам за работи кои не сакам да зборувам“ многу луѓе, природно, се плашат да се отворат. Најчесто се избегнува терапија кога се плашиме да отвориме тема која не повредува на било кој начин. Терапевтот нема да ве тера со сила да се отворите, но добро е да се отворите за ваше добро. Ако го гледавте видеото во овој текст, Емили зборува за како ако нешто не сакате да кажите на терапевтот, шансите се дека треба баш тоа да го кажите. Но и не морате веднаш, дајте си време. 
  • Немам потреба од терапија, имам пријатели за тоа“ ова е многу слушано. И не е грешно ако сме искрени. Разговор со пријател можи многу да ни олесни и да ни земи дел од товарот кој го имаме и затоа се препорачува зборување или запишување на проблемите, да се извадат надвор. Но, со терапевт, како што споменавме, не е само тоа. Терапевтот работи на работи кои се скриени и кои ни се пречка, а патем не насочува како и во иднина да се справиме со слични или исти пролеми. 
  • Јас можам да ги решам моите проблеми сам“ и тоа може да е вистина. И најчесто е. Но, кога не можеме, не е понижувачки да се побара помош. Зошто на крај на ден терапевтот не ги решава нашите проблеми. Терапевтот не учи како сами да ги решиме нашите проблеми.
И сакам текстов да го заврашам со цитат од видеото кое го споделив тука, ми остави длабок впечаток: 
Терапијата нема да те направи среќен, туку ќе ја продлабочи среќата која ја чувствувате“ - д-р. Емили Анхалт

Користена литература:
https://www.sanvello.com/blog/what-to-expect-from-therapy/
https://manhattanmentalhealthcounseling.com/five-myths-about-therapy-debunked/

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита