Кои значителни промени настануваат со смената на сезоните?

Во овој текст зборувавме за сезонски промени и расположение, но сега, накратко, ќе опфатиме неколку начини на кој SAD ( Seasonal Affective Disorder) влијае на нашиот живот. Претпоставив дека ако се е во еден текст ќе биде доста долго, па ваква поделба ја видов како неопходна. 

Промени во нивоата на енергија - некогаш едноставно не можеш да станиш од кревет кога е зима, или пак да си направиш јадење, да се измиеш заби, да обавиш основни обврски и ... звучи познато? Веќе споменавме дека нивоата на мелатонин се доста одговорни за појавата на SAD и за конкретно оваа промена, пред се, е задолжен мелатонинот. Тој е задолжен за ова така што во зимските, потемни и поладни денови, тој значително се зголемува што носи до претерано спиење, гроги расположение како и промени во нивоата на енергија. Но, како се произведува мелатонин во нашето тело? Користиме серотонин за да произвидиме мелатонин. Што значи, на тој начин се намалува серотонинот во нашето тело. А, тој ни е потребен за да се одржуваме во подобро расположение. Промена која може да ја направите при ваква ситуација е да зголемите физичка активност, затоа што таа зголемува нивоа на серотонин, па така може да се одржува одреден баланс. Исто така доста важно тука е да е излегува кога се има сонце, затоа што на зима нашите нивоа на vitamin D значително опаѓаат, а од таму и целокупната енергија која ја имаме. Исто може да се зголеми и диетата со повеќе витамин Д, но и други витамини генерално за да се зголемено нивото на енергија кое го имаме. 

Промени во расположение и емоционални промени - најчесто поради појава на SAD доаѓаат и промени во расположение, но доколку нели, сакаме да печиме сезонски колачиња или да се облекуваме во топли бои, може да најдиме изгубена мотивација која ни е потребна да го пребродиме периодот кој доаѓа. Па обидете се да најдите некои ситници кои ви се допаѓаат во периодот кој доаѓа за да биди поиздржлив. 

Зголемен апетит - за разлика од „летниот“ SAD кој го споменавме претходно, зимскиот SAD забележува зголемен апетит. Кога надвор е топло, ни требаат помалку калории да одржуваме температура, но кога е надвор ладно ни требаа повеќе калроии да одржуваме темепратура па имаме потреба за повеќе хидратна храна. Храна која е поводлеста или, подобро да се изразам, со поголемо ниво на вода во неа како целер, спанаќ, лубеница и слично, ги преферираме на лето затоа што имаат разладувачки ефект кој не ни треба на зима. Башка што, преферираме храна која е во сезона, а тоа е така затоа што сега се произведува, е свежа и перфектно зрела. 

Користена литература:

https://socialetiquettemk.blogspot.com/2021/10/sezonski-promeni-vo-raspolozenie.html

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита