Posts

Sexual etiquette

Затоа што решив малку почовечка страна да добие блогот, полична и персонална решив дека сакам да зборам на ова прикажувајќи лично мислење, па дури и искуства. Сакам да ја доближам просечната женска реалност кон секој кој за среќа ја нема искусено. Често имам зборувано за секс и недостаток на сексуална едукација и здрава сексуалност кај нас. И тоа што се случува веќе долго време назад, но особено е забележано сега, изминатиов месец, е дека мора активно да се залагаме за едукација на оваа тема, за нормализирање на тоа дека жените, и општо ние како луѓе генерално, сме сексуални битија. И тој дел не можиме да го негираме од себе и мора да го разбериме и да научиме што е прифатливо, а што не во една сексуална врска. Текстот надолу е малку тежок и обработва сензитивни теми, ова како напомена. Прво и најважно би било барање согласност за се што правиме со партнерот . Дали било тоа нешто невино како бакнеж, праќање на голи слики или пак посериозно како секс, согласноста и заедничката почит м...

Рангирање на болка: чест феномен кој треба да ни служи како утеха, но како устварни влијае на човекот на кој му треба поддршка?

Image
После  кратка  пауза од блогот, прва тема со која решив да се вратам е „ рангирање на болка “. Сигурно ова на сите ви е слушано, а многу често и изустено и тоа целосно добронамерно дали кон себе или кој некој друг. Што мислам тука е намалување на важноста на болката и чувствата на другиот со рангирање на неговата болка, и правење споредба со туѓа ( или своја) болка. Важно е да се знае, сите различно се справуваме со болка, физичка и емоционална. Сите различно реагираме на болка и сите имаме различно ниво на толеранција.  Некогаш се случува да се чувстуваме лошо за оценка, паѓање на испит и тука се јавуваат чувства како „ Ама зошто се чувстувам вака? Ова е само оценка “. И безразлика дали е само оценка, стресот кој го осеќаме поради неа е реален и релевантен и остава траг на нашето ментално здравје. Не е помалку важен стрес за да се осеќаме виновно дека го осеќаме. Ова беше од аспект како себеси можиме да си правиме рангирање на болката која ја чувстуваме. Од друга страна...

Врсничко насилство: како доаѓа до него? Поглед во семејство каде детето е вршител на булинг.

Image
Најзастапен проблем кај младата популација е постоењето на булинг. Булинг во суштина значи извршување на насилство, вербално или физичко, од една индивидуа или група на луѓе кон друга, најчесто послаба индивидуа. Училишниот булинг може да биди застапен за време на часовите, одморите, но и надвор од училиште како и онлајн, познато како сајбербулинг. Неодамна прочитав нешто кое ме инспирира да го пишам ова, а тоа беше жалба од сега пораснато дете, врз кое беше вршен булинг и рече „ како што ме има дете повредено, никој толку “. И колку и да сакам да се согласам, почетната идеја на ова е дека децата сепак не се лоши и дека само примаат од околината, а пред се од родителите. Но, и покрај тоа се многу искрени и од таму суровоста на повредите и последиците. Но, прашањата кои ме интересираат се: дали вршењето насилство во форма на булинг е уствари плач за помош? Каде се родителите на детето кое врши булинг? Дали го одобруваат ова или не се свесни? Каков е односот на детето со родителите? Ка...

Парасоцијални врски: колку се слични со реалните интерперсонални врски?

 „Ј ас сум во врска со фиктивен лик “  Дали некогаш си се двоумел што би правел лик од филм, славна личност или телевизиска личност во одредена ситуација, дури и кога не ги гледаш на телевизија? Дали си се почувствувал близок со лик или славна личност иако никогаш не си ги запознал во живо? Доколку си почувствувал нешто од ова, си имал парасоцијална интеракција, и најверојатно врска со таа личност. Парасоцијалните врски се модерен проблем кој се значително се зголемува со развиток на технологијата. За да можи да се зборува нахнадно на оваа тема, мора прво да се разбери, што е парасоцијална врска? Парасоцијална врска (PSR) е едно- насочна врска која ја доживува еден човек, кој доаѓа како резултат со „ интеракција “ со некоја личност на интернет или телевизор. Најчесто оваа врска е меѓу познати личности кои ги обожуваат, но многу се зголемува со подемот на Јутубери кои на еден начин се обраќаат кон својата публиката и имаат одредена врска со нив и комуникација, но не доволна за ...

Зошто сакаме да се плашиме? Halloween, страшни приказни, хорор филмови и опседнати места.

 „ Чудовиштата се вистински, и духовите се исто така вистински. Тие живеат во нас  и некогаш, тие победуваат. “ - Stephen King, ''The Shining' '  Може јасно да се увиди дека голем дел од луѓето имаат афинитет кон содржина која се карактеризира како страшна, грозна и генерално содржина која те држи на врв од столицата. Но, голем број луѓе во сосем истите ситуации реагираат сосем спротивно. На што се должи ова? Зошто одредени луѓе сакаат да бидат уплашени и која е психологијата зад тоа? Зошто луѓето сакаат да се плашат? Иако овој текст ќе се концентрира повеќе тематски на самиот месец Октомври и денот на вештерката, не значи дека луѓето сакаат да бидат плашени само пред екран, или на оспеднати места. Тука спаѓаат и екстремни спортови, за кои ќе зборуваме некој нареден пат подетално, но и други побезбедни активности кои ни го креваат адреналинот како рингишпил, „луда железница“ или Ролеркостер и слично.  Кога си во потенцијално опасна ситуација, но нема реална опасност ...