Posts

Што е токсична позитивност?

Image
Дали идеалниот свет е свет само со насмевки и позитивна енергија? Дали ние сами ја правиме нашата среќа со нашите мисли? Дали единствената прифатлива реакција е позитивна? Ова се само дел од прашањата кои сакам да ги разгледаме. Прашања кои често ги среќавам како реакција на стресни ситуации пред се. Не велам дека го гледам светот низ негативна призма, и тоа има свои слаби страни, но нешто шо е кога несвесно, а се почесто свесно туркано е - позитивноста. Позитивност по секоја цена. Дури и би рекла дека ова се поврзува со првиот текст за годинава, рангирање на болка, зошто при токсична позитивност често можи да дојди и до рангирање на болка и дури и негирање на многу реално чувство како стрес и болка на сметка на тоа секогаш да сме во добро расположение. Но, кога не се пренагласува позитивноста, апсолутно ни е потребна за здрав емоционален и ментален живот. Што подразбираме под токсична позитивност е, прегенерализирање на среќата, пренагласување и форсирање на оптимизам во секоја ситуа...

Црвени знаменца во врска.

Еден ден бев во расположение да пишам црвени знаменца во врска. Читав и примери, а главна инспирација ми беа љубовни проблеми кои ги читам онлајн. Долго време неќев да го објавам текстот зошто осеќам како да ме шамари дур го читам ама сепак, сметам дека е доста важен и сум скоро убедена дека ќе се најди на некој кој се наоѓа во лоша ситуација. Што е важно да се знај за црвените знаменца во врска е дека инцидентно можеби и сите имаме искористено неколку, некогаш несвесно, некогаш сме сфатиле дека сме направиле грешен чекор и сме се исправиле. Кога станува алармантно и кога овие црвени знаменца имаат сила, е кога се се случува во шема. Односно, постои повторување и комбинирање на повеќе црвени знаменца и тие се случуваат постојано и притоа на партнерот- жртва на овие однесувања му влијае на расположението и психофизичкото здравје, самодовербата и генералното расположение.  🚩 Никогаш не се извинува за своето лошо однесување . Безразлика дали има било какво оправдување во однесувањето...

Sexual etiquette

Затоа што решив малку почовечка страна да добие блогот, полична и персонална решив дека сакам да зборам на ова прикажувајќи лично мислење, па дури и искуства. Сакам да ја доближам просечната женска реалност кон секој кој за среќа ја нема искусено. Често имам зборувано за секс и недостаток на сексуална едукација и здрава сексуалност кај нас. И тоа што се случува веќе долго време назад, но особено е забележано сега, изминатиов месец, е дека мора активно да се залагаме за едукација на оваа тема, за нормализирање на тоа дека жените, и општо ние како луѓе генерално, сме сексуални битија. И тој дел не можиме да го негираме од себе и мора да го разбериме и да научиме што е прифатливо, а што не во една сексуална врска. Текстот надолу е малку тежок и обработва сензитивни теми, ова како напомена. Прво и најважно би било барање согласност за се што правиме со партнерот . Дали било тоа нешто невино како бакнеж, праќање на голи слики или пак посериозно како секс, согласноста и заедничката почит м...

Рангирање на болка: чест феномен кој треба да ни служи како утеха, но како устварни влијае на човекот на кој му треба поддршка?

Image
После  кратка  пауза од блогот, прва тема со која решив да се вратам е „ рангирање на болка “. Сигурно ова на сите ви е слушано, а многу често и изустено и тоа целосно добронамерно дали кон себе или кој некој друг. Што мислам тука е намалување на важноста на болката и чувствата на другиот со рангирање на неговата болка, и правење споредба со туѓа ( или своја) болка. Важно е да се знае, сите различно се справуваме со болка, физичка и емоционална. Сите различно реагираме на болка и сите имаме различно ниво на толеранција.  Некогаш се случува да се чувстуваме лошо за оценка, паѓање на испит и тука се јавуваат чувства како „ Ама зошто се чувстувам вака? Ова е само оценка “. И безразлика дали е само оценка, стресот кој го осеќаме поради неа е реален и релевантен и остава траг на нашето ментално здравје. Не е помалку важен стрес за да се осеќаме виновно дека го осеќаме. Ова беше од аспект како себеси можиме да си правиме рангирање на болката која ја чувстуваме. Од друга страна...

Врсничко насилство: како доаѓа до него? Поглед во семејство каде детето е вршител на булинг.

Image
Најзастапен проблем кај младата популација е постоењето на булинг. Булинг во суштина значи извршување на насилство, вербално или физичко, од една индивидуа или група на луѓе кон друга, најчесто послаба индивидуа. Училишниот булинг може да биди застапен за време на часовите, одморите, но и надвор од училиште како и онлајн, познато како сајбербулинг. Неодамна прочитав нешто кое ме инспирира да го пишам ова, а тоа беше жалба од сега пораснато дете, врз кое беше вршен булинг и рече „ како што ме има дете повредено, никој толку “. И колку и да сакам да се согласам, почетната идеја на ова е дека децата сепак не се лоши и дека само примаат од околината, а пред се од родителите. Но, и покрај тоа се многу искрени и од таму суровоста на повредите и последиците. Но, прашањата кои ме интересираат се: дали вршењето насилство во форма на булинг е уствари плач за помош? Каде се родителите на детето кое врши булинг? Дали го одобруваат ова или не се свесни? Каков е односот на детето со родителите? Ка...