Posts

Image
Среќен #Pride2021 и бидете најсреќни, најисполнети и радвајте се дека од година во година се движиме малку понапред по ова прашање. И бидете горди за то. Because you are doing it besties and should be proud of what you do and who you are. ❤️🧡💛💚💙💜 #loveislove

Кратка "нишка": пореметувања во исхраната или eating disorders ED

Се думав како да вметнам мои лични "кратки" твитер нишки тука и обично ги парафразирам во цел текст што ми одзема време. Сега решив да пробам нешто ново и да ставам нишката цела ( со пополнети кратенки и печатни грешки ) што ќе носи до поголема активност и на блогот. Најчесто се со помалку истражување, за разлика од целосните текстови и затоа ќе добиваат соодветен наслов: "кратка нишка" и таг под текстот "твитер нишка".  Eating disorder или ED е нарушување во врската на поединецот со исхраната, и начинот на кој се гледа себеси. EDs се ретко за самата храна, туку за изгледот ( најчесто да се биде слаб ). И нивното постоење нема еден фактор туку поќе. 🔴Генетски фактор - некои EDs се генетски и дури има хромозом поврзан со анорексија и булимија. 🟠Биохемиски - луѓе со ED можи да имаат дисбаланс за регулирање апетит, расположение, спиење и стрес. Покачен стрес хормон кортизол имаат лица со булимија и анорексија. 🟡Психологија - влијае многу, како и култура и ...

Водење дневник како поткрепа на менталното здравје

Image
Многу често кога некој има претек на емоции, нешто што го велиме најчесто е „ кажи го да ти олесни “ или „ извај го лошото од тебе “ и слични фрази. И што е доста важно да се заклучи е, ова се дел од тие фрази кои уствари навистина можат да помогнат во дадена ситуација.  Држење на емоциите внатре можи само да ни наштети . Но, зошто ако оставиме да ни е лошо, уствари ни е подобро? Истиснување на емоции не значи дека тие престануваат да постојат, туку скриени, без да сме свесни за нив, тие почнуваат и продолжуваат да растат и стануваат помоќни, „полоши“ и можат да нанесат само поголема штета. Затоа и се вели дека е доста важно емоциите да ги вадиме од нас, или „негативната енергија“, „лошото“, како и да одбериме да се поставиме кон ситуацијата.  „ Колку повеќе ги криеме емоциите, толку повеќе се покажуваат. Колку повеќе ги негираме чувствата, толку повеќе растат .“ - Непознат автор Штом заклучивме дека вадење на емоциите е доста добро за нашето ментално здравје, треба да увидиме...

Среќен прв роденден на блогот!

Image
С р е ќ е н п р в р о д е н д е н н а б л о г о т ! Дефинитивно не се чувстувам како да поминало една година и сосем случајно видов дека уствари 13 е роденден на блогот. Идејата за него ја имав неколку месеци ама гледајќи колку „често“ постирам прави смисла дека го отворив неколку месеци покасно, импулсивно. И ме правеше среќна многу долго. И уште ме прај само што не можам да додржам со интензитетот ради „непознати“ причини.   Идејата секогаш ми беше блогот да биди слободно место каде можам да пишам то шо сум научила низ процесот на образование и што уште учам, што од пракса, што од други места. Честопати пробав да се цензурирам на одредени теми, да пишам политературно и слично, но секогаш, во се што правам сакам да се познава мојот карактер таму, па се надевам дека веќе гледате преку кратките лични осврти и дијалектот. Затоа и сакам да велам дека пред се блогов е персонален, па после и едукативен.  Годинава јас дефинитивно ќе се обидам да бидам поредовна. Што за вас, шт...

Поддршка на луѓе кои одат на терапија и се справуваат со потешкотии со нивното ментално и емоционално здравје: афирмативен јазик

Image
Иако насловот го ставив и за луѓе кои одат на терапија, замислата на овај текст ми беше пристапот кон луѓе кои се соочуват со некој проблем или едноставно врват низ потешкотии со нивното ментално и емоционално здравје. Зборовите кои ги користиме се најчесто "make it or break it'' односно или прават да сме навистина подобро, не променуваа ништо или прават да е многу полошо. И сакаме да ја избегниме последната ситуација. И нешто што го опишав во темата за токсична позитивност , е всушност ова, мали насоки како нашиот јазик да биди афирмативен и да ги уважи туѓите чувства. Многу е лесно да западниме во замката на фразите промовирани во токсичната позитивност како начин да тешиме некој и како што споменав таму, најчесто ваквите фрази идат од добро место - место каде што сакаме да помогниме на некој сакан, но сепак да не го добиеме посакуваниот резултат.  Оваа тема ми беше планирана од претходно, ама вистинската мотивација дојде баш од едно прашање кое го сретнав на интернет за...

Што е токсична позитивност?

Image
Дали идеалниот свет е свет само со насмевки и позитивна енергија? Дали ние сами ја правиме нашата среќа со нашите мисли? Дали единствената прифатлива реакција е позитивна? Ова се само дел од прашањата кои сакам да ги разгледаме. Прашања кои често ги среќавам како реакција на стресни ситуации пред се. Не велам дека го гледам светот низ негативна призма, и тоа има свои слаби страни, но нешто шо е кога несвесно, а се почесто свесно туркано е - позитивноста. Позитивност по секоја цена. Дури и би рекла дека ова се поврзува со првиот текст за годинава, рангирање на болка, зошто при токсична позитивност често можи да дојди и до рангирање на болка и дури и негирање на многу реално чувство како стрес и болка на сметка на тоа секогаш да сме во добро расположение. Но, кога не се пренагласува позитивноста, апсолутно ни е потребна за здрав емоционален и ментален живот. Што подразбираме под токсична позитивност е, прегенерализирање на среќата, пренагласување и форсирање на оптимизам во секоја ситуа...

Црвени знаменца во врска.

Еден ден бев во расположение да пишам црвени знаменца во врска. Читав и примери, а главна инспирација ми беа љубовни проблеми кои ги читам онлајн. Долго време неќев да го објавам текстот зошто осеќам како да ме шамари дур го читам ама сепак, сметам дека е доста важен и сум скоро убедена дека ќе се најди на некој кој се наоѓа во лоша ситуација. Што е важно да се знај за црвените знаменца во врска е дека инцидентно можеби и сите имаме искористено неколку, некогаш несвесно, некогаш сме сфатиле дека сме направиле грешен чекор и сме се исправиле. Кога станува алармантно и кога овие црвени знаменца имаат сила, е кога се се случува во шема. Односно, постои повторување и комбинирање на повеќе црвени знаменца и тие се случуваат постојано и притоа на партнерот- жртва на овие однесувања му влијае на расположението и психофизичкото здравје, самодовербата и генералното расположение.  🚩 Никогаш не се извинува за своето лошо однесување . Безразлика дали има било какво оправдување во однесувањето...