Posts

Високо функционални ментални пореметувања

Image
Доста често може да дојде до маскирање на одредени состојби кои ги имаме со кои околината нема како да знае што ни се случува, а во некои случаеви и сами не сме свесни за нашата состојба. Така може да се работи и за високо функционално ментално пореметување кое е валидно, но скриено и навидум не постои. Доколку постои маскирање на симптоми, тоа може да настани поради низа причини, но најчесто за да се заштитиме од околината со тоа што не покажуваме слабост и ранливост. Нема да навлегувам дали тоа е во ред или не затоа што постојат низа различни ситуации кои различно влијаат на индивидуи.  Изгледање „нормално“ и укажување дека сепак постои некој проблем може да донеси до многу повредувачки коментари како: Не изгледаш како да имаш проблем.  Како тоа имаш пореметување во исхрана? Не личиш како да имаш. Депресивна? Не. Сигурно нешто ти се случува и е само период. Немаш видено како е, затоа вака зборуваш.  Високо функционално ментално пореметување е термин кој се кориси за да ...

Дали насилството врз животни раѓа насилство кај луѓето?

 Постојано слушаме вести, и читаме, за насилство врз животни кај нас, но и надвор од нашата држава, како на пример Јулин Фествалот во Кина. Препорачувам да НЕ продолжите со читање ако оваа тема ви створа стрес и е тригер затоа што детелано ќе се зборува за насилство. Само оваа година сме сведоци на низа настани кои вршат насилство врз животни како: сечење екстермитети, бесење, убивање со пушка и секира, фрлање отров и слично. Прашањето кое сакам да го покренам тука е: како ова влијае на нас? Дали насилството врз животни раѓа насилство кај луѓето?  Насилството врз животни и луѓе се смета дека е поврзан проблем и од таму се истражувала таа поврзаност. Насилството врз животни се смета како рани знаци на идно насилство врз луѓе. Нормално, ова не значи дека секогаш е случајот и тука ќе увидиме кога е и каков е ефектот кај луѓето кои вршат насилство врз животни, но и врз луѓето кои се сведоци на тоа насилство. Поврзаноста на овие две насилства се нарекува „the link“ или „линкот“....

Техники против прокастинација

Сите некогаш се случува да одложиме нешто. Но, настанува проблем кога овој начин на функционирање ни е секојдневие и влијае неповолно на нашиот секојдневен живот. Оваа тема ја почнавме претходно во текстот за мотивација  и предлагам да се виде и тој претходно затоа што се зборува и за мотивацијата која е тесно поврзана со денешната тема. Но, за разлика од тој текст, тука директно скокаме на поентата. За да може да совладаме одреден проблем, прво треба да сфатиме што е тој проблем. Од тука се крева прашањето - што е прокастинација? Сите понекогаш одложуваме, но кога тоа го правиме постојано и постојано бараме нешто да ни земи внимание - се работи за прокасинација. Прво прокастинацијаа се поврзува со ниска самоконтрола, но покасно и намалено ниво на мотивација поради првично разочарување ради ненавремено исполнување на целите. Дури се теоризира дека прокастинаторите се перфекционисти кои радо не би направиле нешто наместо да не го направат „совршено“. Друга група прокастинатори смета...

Како до полесно учење? Важност на мотивацијата.

Image
Сите сме се сретнале и соочиле со искуството учење ден пред тест/ испит. Прокастинирање. Или можеби е подобро за тоа да пишуваме? Како и да е, во такви моменти кои се „нож до коска“ бараме начин како да учиме ефикасно, брзо и ефективно, но скоро се што наоѓаме е дека требало да почниме порано. Во текстот за ефективно учење можеме да видиме дека доста клучно за учењето е нивото на мотивација меѓудругото и денес ќе почниме со тоа, пред да преминиме на некои попрактични совети кои би ви помогнале да сте помотивирани и полесно да можете ефективо да научите материјалот.  Мотивацијата е таа движечка сила која ги стимулира луѓето да извршат одредна активост или да се движат кон зацртана цел. Мотивацијата има многу лица, колку што има човечки желби. Мотивацијата се сведува на сакање. Ние сакаме промена во однесување, мисли, чувства, околина и сл. Накратко, мотивите се внатрешни икуства во форма на потреби, когниции и емоции кои се директо причинтели на мотивациски подвиг.  Но, што пр...
Image
Среќен #Pride2021 и бидете најсреќни, најисполнети и радвајте се дека од година во година се движиме малку понапред по ова прашање. И бидете горди за то. Because you are doing it besties and should be proud of what you do and who you are. ❤️🧡💛💚💙💜 #loveislove

Кратка "нишка": пореметувања во исхраната или eating disorders ED

Се думав како да вметнам мои лични "кратки" твитер нишки тука и обично ги парафразирам во цел текст што ми одзема време. Сега решив да пробам нешто ново и да ставам нишката цела ( со пополнети кратенки и печатни грешки ) што ќе носи до поголема активност и на блогот. Најчесто се со помалку истражување, за разлика од целосните текстови и затоа ќе добиваат соодветен наслов: "кратка нишка" и таг под текстот "твитер нишка".  Eating disorder или ED е нарушување во врската на поединецот со исхраната, и начинот на кој се гледа себеси. EDs се ретко за самата храна, туку за изгледот ( најчесто да се биде слаб ). И нивното постоење нема еден фактор туку поќе. 🔴Генетски фактор - некои EDs се генетски и дури има хромозом поврзан со анорексија и булимија. 🟠Биохемиски - луѓе со ED можи да имаат дисбаланс за регулирање апетит, расположение, спиење и стрес. Покачен стрес хормон кортизол имаат лица со булимија и анорексија. 🟡Психологија - влијае многу, како и култура и ...

Водење дневник како поткрепа на менталното здравје

Image
Многу често кога некој има претек на емоции, нешто што го велиме најчесто е „ кажи го да ти олесни “ или „ извај го лошото од тебе “ и слични фрази. И што е доста важно да се заклучи е, ова се дел од тие фрази кои уствари навистина можат да помогнат во дадена ситуација.  Држење на емоциите внатре можи само да ни наштети . Но, зошто ако оставиме да ни е лошо, уствари ни е подобро? Истиснување на емоции не значи дека тие престануваат да постојат, туку скриени, без да сме свесни за нив, тие почнуваат и продолжуваат да растат и стануваат помоќни, „полоши“ и можат да нанесат само поголема штета. Затоа и се вели дека е доста важно емоциите да ги вадиме од нас, или „негативната енергија“, „лошото“, како и да одбериме да се поставиме кон ситуацијата.  „ Колку повеќе ги криеме емоциите, толку повеќе се покажуваат. Колку повеќе ги негираме чувствата, толку повеќе растат .“ - Непознат автор Штом заклучивме дека вадење на емоциите е доста добро за нашето ментално здравје, треба да увидиме...