Posts

Врсничко насилство: како доаѓа до него? Поглед во семејство каде детето е вршител на булинг.

Image
Најзастапен проблем кај младата популација е постоењето на булинг. Булинг во суштина значи извршување на насилство, вербално или физичко, од една индивидуа или група на луѓе кон друга, најчесто послаба индивидуа. Училишниот булинг може да биди застапен за време на часовите, одморите, но и надвор од училиште како и онлајн, познато како сајбербулинг. Неодамна прочитав нешто кое ме инспирира да го пишам ова, а тоа беше жалба од сега пораснато дете, врз кое беше вршен булинг и рече „ како што ме има дете повредено, никој толку “. И колку и да сакам да се согласам, почетната идеја на ова е дека децата сепак не се лоши и дека само примаат од околината, а пред се од родителите. Но, и покрај тоа се многу искрени и од таму суровоста на повредите и последиците. Но, прашањата кои ме интересираат се: дали вршењето насилство во форма на булинг е уствари плач за помош? Каде се родителите на детето кое врши булинг? Дали го одобруваат ова или не се свесни? Каков е односот на детето со родителите? Ка...

Парасоцијални врски: колку се слични со реалните интерперсонални врски?

 „Ј ас сум во врска со фиктивен лик “  Дали некогаш си се двоумел што би правел лик од филм, славна личност или телевизиска личност во одредена ситуација, дури и кога не ги гледаш на телевизија? Дали си се почувствувал близок со лик или славна личност иако никогаш не си ги запознал во живо? Доколку си почувствувал нешто од ова, си имал парасоцијална интеракција, и најверојатно врска со таа личност. Парасоцијалните врски се модерен проблем кој се значително се зголемува со развиток на технологијата. За да можи да се зборува нахнадно на оваа тема, мора прво да се разбери, што е парасоцијална врска? Парасоцијална врска (PSR) е едно- насочна врска која ја доживува еден човек, кој доаѓа како резултат со „ интеракција “ со некоја личност на интернет или телевизор. Најчесто оваа врска е меѓу познати личности кои ги обожуваат, но многу се зголемува со подемот на Јутубери кои на еден начин се обраќаат кон својата публиката и имаат одредена врска со нив и комуникација, но не доволна за ...

Зошто сакаме да се плашиме? Halloween, страшни приказни, хорор филмови и опседнати места.

 „ Чудовиштата се вистински, и духовите се исто така вистински. Тие живеат во нас  и некогаш, тие победуваат. “ - Stephen King, ''The Shining' '  Може јасно да се увиди дека голем дел од луѓето имаат афинитет кон содржина која се карактеризира како страшна, грозна и генерално содржина која те држи на врв од столицата. Но, голем број луѓе во сосем истите ситуации реагираат сосем спротивно. На што се должи ова? Зошто одредени луѓе сакаат да бидат уплашени и која е психологијата зад тоа? Зошто луѓето сакаат да се плашат? Иако овој текст ќе се концентрира повеќе тематски на самиот месец Октомври и денот на вештерката, не значи дека луѓето сакаат да бидат плашени само пред екран, или на оспеднати места. Тука спаѓаат и екстремни спортови, за кои ќе зборуваме некој нареден пат подетално, но и други побезбедни активности кои ни го креваат адреналинот како рингишпил, „луда железница“ или Ролеркостер и слично.  Кога си во потенцијално опасна ситуација, но нема реална опасност ...

Зошто луѓето се екстремизираат: политички екстремизам и влијание на социјалните мрежи врз градењето ставови на популацијата ( слобода на говор)

  „ Ако не веруваме во слобода на говор за тие кои не ни се допаѓаат, тогаш не веруваме во тоа воопшто “ - Noam Chomsky Овој текст ќе биди голем микс за слобода на говор и колку „далеку“ е доволно „далеку“ во полед социјална експресија. Без разлика дали се работи за политичка експресија или не, можи да се увиди екстермизам во ставови кај голем број на луѓе, или барем во најгласните луѓе во онлајн светот. Не е спорно дека секогаш имало екстермизам по ставови, но која е причината за негово постоење денес? Во претходни текстови (  Kултура на исклучување, слобода на изразување и идеали со потенцијал да прераснат во опасност ) увидовме дека луѓето имаат тенденција да се групираат со луѓе со кои имаат исти или слични ставови, и со избегнување на разговор и дискусија со неистомисленици се продлабочуваат повеќе во своите ставови. Тоа можи да се увиди и во минатото кога се немало голем избор на не- исто мисленици и укажување на непопуларен став можи да значи да бидат социјално изолиран...

Не придржување до мерките за претпазливост: зошто многу луѓе одбиваат да носат маска и да одржуваат дистанца?

 „ Ние треба да го негуваме секој момент со фамилија, не покрај, туку поради овие темни времиња во кои можеме “ - Калеб Харден'22; Guest Room Живееме во невообичаено, кризно време кое можеме да го надминиме со грижа за колективното здравје, грижа која сега вклучува придржување до мерките за претпазливост: носење на маска, дезинфекција и држење на социјална дистанца, а во иднина би вклучило и редовна вакцинација. Мора и да се има во предвид дека одредени индивидуи не можат да носат маски, кое ќе се спомени во текстов, но секој човек кој можи ( повеќето) немаат изговор зошто не носат маска. Меѓудругото ќе се зборува за како правилно се носи маска, зошто е важно да се носи и која е психологијата зад луѓето кои не носат маски. Во раните денови на COVID-19 CDC ( Centers for Disease Control and Prevention) изјави дека здрави лица не мора да носат маска, но не многу покасно ( Април 3) предлага сите да носат маска за максимална заштита. Нормално, многу луѓе беа збунети од ова, но реалноста...

Колку проблеми со самодовербата носат корен од онлајн светот? Поврзаност меѓу ниска самодоверба и социјални мрежи.

 „ Ниска самодоверба влијае на се, од начинот на кој се гледаш себеси, кариерата па се до начинот на одржување на врски “ Како луѓе, се што мислиме и карактеристики кои ги имаме доаѓаат до претходни искуства, дали тоа биле позитивни или негативни. Со секојдневното користење на социјални мрежи, тие стануваат уште еден фактор кој е дел од нашите искуства кои влијаат врз нашиот психолошки и социолошки развој. Социјалните мрежи се поврзани со повисоко ниво на осаменост, завист, анксиозност, депресија, нарцисоидност и намалени социјални вештини, но и доста често проблеми со самодовербата, најчесто негативни ( прв линк во референци ). Ова е главниот фокус на овој текст, односно ќе ги увидиме ефектите од социјалните мрежи, како и колку влијаат врз расположението на индивидуата и како може да влијаат врз карактерот.  Како изгледаат проблемите со самодовербата?  Прво мора да се разграничи, што се подразбира под поимот самодоверба ? Самодоверба е мислењето кое некоја индивидуа го и...

Како изгледа ефективно учење?

  „Едукацијата е најмоќно оружје кое ќе ти овозможи да го смениш светот“ - Нелсон Мандела   Има многу начини на учење и брзината и квалитетот зависат од многу фактори. Постигнатиот успех во учењето освен од интелектуалните способности на ученикот во голема мера зависи и од начинот на проучување односно од развиеноста на стратегиите и вештините на учење на ученикот. Од што зависи ефективното учење? Когнитивните стратегии, кои се донесуваат на сознајни способности, како што се: перцепција, мислење и помнење, на учење опфаќаат: мотивација за учење одредување оптимален однос меѓу делови на материјалот поврзување на стари информации со нови одржување внимание повторување Стратегиите на учење за да бидат ефективни, оној кој учи треба да поседува: знаење за себе, своите способности, навики, интереси, надворешни услови на учење познавање на задачите кои треба да ги научи затоа што за различни видови на задачи бараат различни вештини и начини на работа познавање на вештините на учење ...